Леонтинке си пробала да спиеш со хулахопки? Знаеш колку склети мава тоа, освен ако не си навикната тоа нормално, многу е тешко да се издржи, замисли па тоа малото со нежно коженце, зошто бе мамичке така? Фрлај тоа хулахопките, остај го на пижамки и евентуално некои памучни широчки чорапчиња, не термо или некои тесни. Јас зборам лично од мое искуство, на моја кожа, едвај чекам дома да стигнам да ги соблечам хулахопките, склети ме маваат. Меу баш кажуваше дека ја расоблекла малата и многу полесно и спиела, пробај ќе видиш
Ах бре мамички ако се раководиме од тоа јас како спијам и скафандер ќе треба да му облечам на детево многу сум зиморлива јас спијам со хулахопки од тенките па пиџами и чорапи тенки обавезно ете тоа е . Сега малиот ми е настинат и јас цело време се туфкам да не не е облечен, па дали е премногу облечен па да не се препоти абре памет немам. Ајде вечер ке пробам без хулахопки па да видиме како ќе биде.
ха ха ха леонтина и ти како мене кај мене и двете деца уште од бебиња се навикнати да носат холохопчиња боди на долги пижамки и +чорапи на нозете и така спијат јас неосетно ги навикнав да спијат со холохопки сега се големи9 и 5 години и ако не носат холохопки навечер вели керка ми и студело
јас за преку ден не му ставам хулакопки го чувам по тренерчиња и едно боди, а за навечер кога тем во спалната е 15 тина степени го облекувам по пижами фротирски најчесто вреќе и го покривам со јорган.
Како ги пуштате децата да одат низ дома, мислам на нозе Со чорапи се лизга на ламинат а со оние со кожичка е веќе топло. Има некоја друга алтернатива а јас не ја знам?
Moeто веќе оди босичко (најчесто) ама кај нас дома е топло. Добра опција се чорапчињата кои долу на стапалчето имаат гумени шари и не дозволуваат ногата да се лизга многу.
Jas go oblekuvam benkicka,zivricki,corapcinja i spikozni.Mislam deka e dovolno za preku den,ama noke e ladnicko,a mesecinkata moja e nastineta,taka da se mislam da i oblecam i bodence.
Ние сме ептен тенко облеченки чорапчиња маичка по кратки без боди или само боди на кратки и едни многу тенки панталончиња ивака жива вода с епраи до денес ја пуштам и климата додекао не е во другата соба зашто збеснавме дома ни е 31 степен
бебушка моја е во боди на кимоно и тенки шпикозни одозгора ,за спиење исто во боди и пижамчиња и тенки чорапчиња а ја покривам со памучно кебенце ,ако ја облечам во подебели шпикозни ја приметувам дека се поти ,капче и ставам само после бањкање
Скоро секогаш спиеме со боди одоздола и тенки пижамки на долги одозгора. Во спалната кај што спиеме е секогаш околу 20-22 степени па ја префлам и со тенко кебенце одозгора. Како што се стоплува си мислам да ја оставам да спие на долги надолу и боди по кратки нагоре. Плус секако кебенце.
денски сме со боди и блузе со куси ракавчиња и долни тренерки а за спиење со боди со куси и пижами и го покривам со летно јорганче
Има на пазар најобични сандалки од по 150-200ден што можат и со чорапче ми се гледаа добри за дома и ќе видиме дали ќе ни се покажат практични. Од овие чорапите со гумички имам само еден пар а каде прашав ги повлекле зошто биле дел од зимска роба.
Да, не ги продаваат повеќе и мене исто ми одговорија и дека само мали броеви имало од тие чорапи бла бла. Ние сега за сега по дома со новите сандали а надвор уште со кондурчиња. Ама ќе мора некои папучки, Грл за оние како пластични кломпи што се ми зборуваш?
Јас би ви препорачала по дома само по чорапчиња или боси нормално кога ќе е многу топло, нема потреба од кондури, сандали и сл. за да може убаво да се формираат табаните
Ќерка ми е стандард боса, само во зима старите и ставаат од чорапчињата со кожа,па едвај ме дочекува детето за да ги извади со дозвола Зошто не сакате да ги оставите боси, барем сега е топло? И да се лизнат, еднаш-двапати ќе е тоа, после ќе се научат и ќе можат да се движат на секакви подлоги.
^Кога е вака топло како деновиве да, ама живеам во куќа па ретко јас шетам боса, некако ладно е Затоа ги баравме овие чорапчињата ама ете зимска колекција биле Edit Моира моево е умрено да ми избега босо да шета, ја пуштам кога е топло боса не се лизга а гледам сеа пошто нели е многу голема престана и со обичните чорапи да се лизга.
Леле пуштај ја Божице! Нема поголема среќа за нив од боси да газат, а богами и е препорачано, за правилно формирање на стапалото, како што кажа и славица