Од вчера е на кратки ракави. 29 степени искачи навистина топло. Од синоќа бидејќи не ме остави да спијам ја пресоблеков на кратки боди и така заспа речиси гола. Си ја извадила и ногата надвор. Додуш во собв оти цел ден ја топли е навистина топло околу 25 степени ми покажува термометарот. И земав летна вреќа и во неа и е жешко. Патем моето беше на кратки горе и доле тенки пантолончиња и чорапи, а на германците бебињата беа на кимоно и кратки пантолончиња. И пак моево изгледаше како од северен пол да е симната. Ама пак не е за кимоно, јас на рамки сеуште не носам. Стварно со ова облекувањево е стресно. Јас ја облакам и проверувам дали и е топло или ладно и гледаш други бебиња упола од она што носи и некако шубе ти иде.
И мене ми е страв надвор директ на кратки да ја извадам. И облакам боди на прерамки и маица на кратки и џемперче. Ама вчера во парк и во кола се стопи, беше мокра и реков нема веќе. Полошо е така, ќе испоти ќе ка дувне ветре и ќе се разболи. А дома ми е мн топло, 26 па и до 27 качува преку ден. За спиење уште е на шпикозни на долги, а преку ден само на боди на кратки ракави.
Мајки почнавте ли веќе со кратки ракави? Вчера беше баш жешко,ама од страв не го соблеков на кратки,само по боди тенко на долги беше. Знам дека е жешко,ама... И ако им облекувате на кратки ракави, маичките како боди ли ви се или облекувате боди па обична маичка одозгора. Не знам кога ќе купувам дали да купувам одделно посебно боди без ракави и маичка,или заедно боди маички. За по дома имам памучни боди на кратки ракави,ама за кога излегуваме. Да не е жешко и боди + маичка? Свесна сум дека и нему му е жешко, ама дека бебе,па страв ми е да не му студи? И доле сеуште ли облекувате панталончиња? Чорапчиња?
Јас уште се водам по тоа плус еден слој. Малата е скоро 5 месеца, јас сум по тренерки/хеланки и маица на кратки ракави. Нејзе и ставам боди на кратки или на прерамки и тенки шпикозни/трнка блуза и хеланки. Надвор е топло ама тоа ветерот ме плаши. Секако дирекно на сонце не е никогаш. Дома би ја оставила само по кратки, ама надвор сеуште не. Кога јас ќе почнам и надоле да носам кратки, ќе ја оставам на 1 слој само.
Вчера беше баш топло и беше на боди по прерамки о маичка по кратки и долни тренерчиња. Го изнесов по долги плачеше се тегнеше и кога го презпблеков црвен беше. Топло им е и на нив и ќе му облакам веќе на кратки горе. Полошо е да се испоти и ветре да го фати.
И мојот беше облечен вчера по боди на прерамки и шпихозни, ама како да се испоти малку, влажно беше бодито. Па си викам да намалам малку. Еве само што дојдовме од вакцинација,докторката ми рече да му облекувам многу тенко боди на долги или боди на кратки ракави. За доле исто кажа може кратки панталонки или само по боди, ама па да не е многу голо За горе ќе ја послушам, а за доле ќе почекам уште малку.
со тетра или во летна вреќичка , а во нашиов случај ништо се завршува на под , или низ кревет од бебе спие откриена и се помирив со тоа , а покривам кога ќе се свестам ама дури се свртам она пак е откриена
Во голема дилема сум. Вечњрва е пекол жешко кај нас. Еве мерам кај неа во креветче, дава 30 степени, кај нас на спална 28. Ја земав на спална. И облеков тенки шпикозни на долги, без стапала. На вратот ми е малку испотена. Боса е. Прво и облеков одозеола боди на кратки, но не можеше да заспие од жешко. Когави го соблеков и ја остабив вака веднаш заспа. Има тенко памучно ќебенце со неа, но не ја покривам сега за сега. И вратата ни е подотворена
Премногу ! разладувај го домот или раскомоти го на минимално , нз колкаво е бебчето ама прежешко е тоа , и горе на куси да е не е страшно .
5 месеци е. Мислам дека и е добро вака. Шпикозните се ептен тенки, само на нив е плус памперсот. Еве ја си спие
Исто и овде а кај ни е крајот цело лето пред нас и раскомотена и пак еве а чепкам утоп е во косичката Штом спие и се угодило гледај да ја разладиш дома темп макар и за вас премногу е , јака ти душа как издржуваш , кај мене 23 е сеа мислам ќе излудам а не пак малите разголи и дете слободно големко си е нека спие слободно
Тенко боди на кратки и доле тенки долги пижами плус прозор на кипање. Моментално така спие. Преку ден блуза на кратки и надоле бермуди, некогаш само на боди е, а некогаш и гола на памперс. И на нив им е жешко
Многу е жешко и кај нас, еве од склет не можам да спијам. Малата (2 месеци) е на боди на кратки и на 3/4 панталончиња, боса, покриена само со пеленка. До вчера спиеше во вреќичка ама денес кога ја ставив се одра од плачење додека не ја извадив. Синко (2 ипол години) спие само на боди на кратки и на гаќички, непокриен.
И јас синоќа ја оставив малата само на боди на куси и долни пижамчиња долги, на нозете боса. Покриена со тенко ќебенце. Во спалната ни беше 26 степени. Многу ја мислам овие денови да не и жеже, да не и стиди додека спие. На 300 ума сум. Инаку 2 месеца сме.
Исти сме и ние. Ноќе боди на кратки и ептен тенки широки панталончоња доле и бос, го покривам со ептен тенко чаршафче само до половина,рацете откриени и во вис. Преку ден е само по боди на кратки, и пак од мрдање ножињата му се испотени. Кај нас тт доаѓа до 25 степени, ама пред спиење луфтирам, а преку ден спуштени ролетни да непече сонце. За спиење отворен прозор најчесто во вц и отворена врата. За некој ден ако продолжи жешкоо сигурно ќе само по боди и покриен.
Да. Ама не да се пазиш од ладно туку од топло. Се носи шеширче или некое друго памучно летно капче, да биде заштитено главчето и очињата од сонце.