@marchi-cool @NarCis@ Да да. Кај ми текна мене комплетчиња, ама не знаев то е.. Најнепрактични се за најмалите. Тнх девојки
ластикот може да го извадиш. Ама сепак нелагодно е дводелно. Едно со ластикот,друго се гужва облеката и прави притисок. Вака со едноделно гајле немаш
пред некој ден завршив со средување перење диплење на бебешката облека и гледам.... Пола од тоа што го имам нема да му го облечам. Си се демантирам за се што претходно сум пишала. Мислам дека долго време ќе го облакам само по боди и панталончиња друго нема да му треба. Како ги облакате вие вашите бебушки во август?
На 10.10 се роси му облекував боди по кратки и шпихозни со стапалца или дво делно комплетче и чорапчиња. Некогаш го покривав и со тенко ќебенце
На 7ми се роди, сега за сега сме со боди на долги, панталончиња и ако се со отворени прсти чорапчиња. Кога спие преку ден не го покривам. Навечер го покривам со памучно ќебенце.
Мојот е три години и лани спиеше во вреќа и ова зимо планирам да е во вреќа. Нема попрактично и нема врска возраста. Битно е дали дете ќе прифати.
Првата година (кога беше 5 месеци) дома би беше поладно и беше во дебела без ракави или имав една од хм како шпикозни, ама вреќа (значи со ракави). Наредните две зими исклучиво потенки и без ракави. Дека стававме изолација и многу потопло беше. Зависи од тоа колку топло е дома, ама без ракав мислам е подобро. И кога ги покриваме рацете секаки не се покриени.
Ај сеа како да го облекувам? За навечер прашувам, му облакам шпикозна и го покривам со ќебенце. Кај нас температурата во собите сега се движи од 26 до 27. За вреќа некако не е толку ладно. Дали да му облакам боди без ракави и шпикозна? Како ги облекувате за спиење?
И кај нас е иста температура, и јас постојано сум во недоумица, како треба да биде облечена. Јас од вчера почнав да и ставам одоздола под шпкозните боди без ракави. Исто покривам со тенко кебенце. Можеби грешам. Нека ни помогне некоја која е поупутена во оваа работа. А преку ден, како го облекуваш ?
На таа температура јас не би облекувала и боди, што знам. Кај нас денски е 24-25, а ако се задопли накај 26 веќе се вариме, малиов се нервира ако е облечен повеќе, топол е и температурата на телото му станува 37,5 и ајде го расоблекувам. Температура 26-27 е доста топло, не ви е вам топло? Што носите вие по дома на таа температура? Јас веќе на 25 ако е, по дома се шетам по гаќи и маичка на рамки. Навечер за спиење држам 22-23, ич не сакам спиење во претопло, а облечен е со шпикозни или боди со долги и ѕиврички.
Кога беше таа тт во собата за спиење спиење по боди на кратки ракави и долни долги пижами и покриена со тенка Фротирка. Сега е 22-23 и спие со боди на прирамки одоздола и пижами на долги покриена е со ќебе.
Овие денови спие на боди на кратки и доле долги пижамчиња, покриен со фротирка. Во дневна имам прозор на кип и вратата од спална отворена. Од вечер планирам боди на долг ракав, залади веќе. Јас уште спијам на гаќи и маичка не знам дали ми е до хормоните или стварно е топло.
Јас сега го облекувам со шпихозни по долги само. Нема шанса покриен да биде, само се превртува. Не знам дали ако го ставам во вреќа за зимоска ќе ја трпи. Вечно отскриено детево