@eta преку ден е обично на боди со долги, панталони и чорапи. Знам дека темп изгледа висока ама некако ладничко е, јас и мм сме покриени навечер. Преку ден носам хеланки по долги и блуза по кратки и затоа и него го облакам. Уште малце ќе пуштат парно па тогаш ќе треба да го соблечам.
Исто, покриена нема шанси со спикозни на долги спие и мене ми е во план вреќа за зимо ама па од друга страна многу е топло дома јас зимо лето по кратки сум. Уствари ако се водам по мене детево увек голо ке ми биде, скледџика сум ептен
Моментално боди по кратки, чорапчиња и шпихозни. Навечер засвежува па плус ракавички му ставам и ако е бањат капа. Го покривам со кебенце од дормео тенко ама доста топли, навечер може и плус памучно ќебенце да му ставам. Не регулирам температура сеуште, така да зависи од времето надвор, ако се осетам дека ми е ладно го облакам, ако ми е жешко и по кратки го соблакам по кратки ама веќе свежичко е, не верувам по кратки дома дека ќе носиме.
Мамис, какви кондурчиња им ставате на бебиси за надвор? Мојов е 6 и пол месеци. Кога излегуваме, сакам потопли обувки да му ставам на ноџињата, ама какви? Или пак со ќебенце да му се покриени?
Овде е 17 и се спремам да излезам и јас. Капа од дуксер ќе му ставам, а ракавици не. Ќе го покријам со ќебенце, а носам и зимска прекривка за количката ако почне да фучи ветар.
Капче можеш тенко ако имаш,ако не дукс со капче,имам 2 и практични се.Ракавици не. @elenaklasik јас патичиња и облакам,некогаш ги шутира и и паѓаат па имам ќебенце тенко во торбата од количката.
Благодарам @0ли и @dunika, имам и јас дуксер ќе му го облечам, а за тој делот од количката скроз заборавив дека го имам Ќе го земам и тој во ранец
Мајки незнам дали правилно постапувам!? Синко навечер го облекувам во боди со долги и пижами. Потоа го ставам во вреќа за спиење и преку вреќата тенко ќебенце од kikka boo. Ноќеска температурата падна на 19 степени. Цела ноќ пуштам греалка на 5 минути за да не го исуши воздухот. Од вечерва планираме оган, бидејќи сме во куќа. Куќата е нова и има изолација. Е, сега незнам дали ќе може да доаѓа топлина од приземје на спрат. Горе ни е спалната. Незнам што да правам. Се нервирам и мачно ми е цела ноќ да внимавам на температурата.
Земај го за секој случај, мене пред некој ден ептен ми се најде. Малиот заспа, а така дуваше, количката се клатеше. Му ја спуштив количката да е легнат, ја ставив прекривката и како во бункер во корпата се изнаспа, топол беше цело време, му љубоморев што си ужива, а јас смрзнав
19 степени е одлична температура за спиење. Секогаш подобро се спие на ладно. Штом детето ти спие во вреќа, нема потреба да се нервираш.
Моментално боди на долги и текни пантолончиња. За навечер боди на долги плус пижамчиња, во куќа е сепак поладно но зиме,лете уште од 3,4 месеци спие без чорапи. Откриен цело време, ништо не трпиме да не покрива
На синко му беа покриени со кебе. И на нозете им студи кога лежат. Ама ако сакаш, има убави меки патики за бебиња во ваикики, како топлинки се, немаат ѓон доле, само гумички. Памучна капа е таман за овој период. Ракавички не.
Преку ден е околу 22.5-23 степени дома, боди на кратки, шпилхозна и чорапчиња. Ноќе е 20-21 степен, боди на долги, шпилхозна (претенка) и во врекичка (2.5 Tog) Јас не знам за надвор како да го облекувам, моментално е 12-14 степени температурата, значи доста студено е. Мислам дека јакниче и една топла врекичка за нозе би вршеле работа, или наместо тоа со кебенце покриен, или пак тенок скафандер ама пак си велам ако на 12 степени ставам скафандер, што треба тогаш на зима кога ќе е 5-6 степени температурата
Со самата количка одеше прекривка и за корпата и за делот за седење, се закопчуваат на нив. Не е нешто што сум го купила онака.
Ептен е практично, а како беше топло, си реков џабе ја имам, но еве денес многу дуваше, си ја ставив на корпата, а бе мераци. Бебе прво на 45 степени си поседа, па ми заспа, го спуштив во лежечка позиција и два и пол часа се изнаспа во корпата, топличко внатре и не ми се одеше дома додека спие, само вртев кругови од мерак. Но има да се купи да се стави бебето во нешто за да му е топло.
Мајки, како ги облекувате бебенцата за спиење? Јас му ставам боди на кратки, шпикозни и чорапи. Го покривам со ќебе и јорганче. Вечерва планирам да му ставам ќебенце и одоздоле.