Ако му е жешко цело време ќе се врти, ќе станува нервозно. А вака собата да е поладна ќе му биде убаво на една положба и нема да се врти.
Боди на долги, пижамчиња,чорапи и покриен со кебенце од оние танките..Температурата дома околу 19-23 степени варира во зависност од тоа дали сум станала да ставам дрва
Во куќа или стан живееш? Според мене не ти треба и ќебе и јорганче, премногу е. Јас мојата ја облакам во боди по кратки и шпикозни, и ја покривам со тенко кебенце или јорганче исто тенко, ама живеам во стан и реално не е ладно. Бебе спие мирно, што значи не и е ладно/топло.
Во стан живеам. Јорганчето што го ставам е тенко, дека покасно малку паѓа температурата, а он прета, го трга ќебето и страв ми е да не настине
Мамички, а како постапувате во поглед на ќебе или вреќа? Наназад што читав некои за спиење го користат и тоа и тоа истовремено, некој само едното.. прашањето ми е во насока на тоа дека ми кажаа доколку го покривам со ќебе бебето можело при мрдање да се покрие преку глава.. додека со вреќа е побезбедно од таа перспектива. Од друга пријателка ми кажа дека можам да го преповијам како фишек порано што ги правеле па нема да може да мрда (оваа опција од старт ми е не) и трета опција, рачињата да се под ќебе (само колку ќе седи во таква позиција).. Бебушот го очекувам почеток на декември, дома ќе биде топло постојано.. Би ми било многу од помош доколку некој сподели свое искуство и што од ова што го пишав е ррално да се случи.
Јас си го покривам до ќебе рацете му се мраз ладни од раѓање никогаш не го повивав како фишек али еве до ден денес само го спушта ќебето од што му е топло кога му е ладно не се буни и си седи така...ќе видиш какво ти е детето дали си го фрла преку него кога спие или не ќе си процениш сама зашто можеби ќе сака со ќебе да се покрива а нема да сака да е вреќа рацете ќе сака да му се надвор
Јас мислам да не му се секираш дури да стаса да можи да врти низ креветче и да си го тргни кебето ќе дојди март и нема ни да ти треба На почетокот јас го покривав со рацете надвор значи до под мишки е покриен а рацете се над кебе и ден денес така спие..Вреќа имам ама не сум ја употребила сеуште оти топло е сеуште таа здравје Јануари можи ќе ја користам ко ќе има надвор минусни темп.и ќе падни дома темп до кај 10-15 степени
Јас јорганче не сум употребила. Само ќебенце до под мишка. Имав обид за спиење во вреќа со поголемото- неуспешен. Не и беа слободни нозете, не ја трпеше. Ова второво, спие по пижами, без ништо или боди на прерамки одоздола и ќебенцето. Откако се родени децава и ние само со ќебе се покриваме, јорган не сум извадила. 23-24 степени е зиме - лете.
Со јорган досега не сум го покривала, само со памучни ќебенца. Но еден месец многу се врти во кревет и мрда, со вреќичка е спас. Со ништо не го покривам бидејќи сè во уста става и џвака што и да дофати. Тенко боди на долги, тенки шпикозни без ногавици и средно дебела памучна вреќичка без ракави. Раат со вреќава, знам дека не е гол каде и да е свртен во креветчето, топол е и среде ноќ кога температурата ќе падне на 20-21 степен. Ако му ставам малку подебела вреќичка со ракави, оздола е во боди со куси и голи нозе. Попрактична и покомотна за спиење ми се покажала вреќичката без ракави. Чорапи не му облекувам за спиење, нема потреба.
Да, ги гледав и не ни знаев дека се вреќички тие со ногавици, мислев за надвор да ги користам на студено Од Тила зедов, тоа е подебелкото со ракави, а потенкото без ракави е од Ситник во ГТЦ долу. Види и во Стружанка, кога барав немаше бројче, можеби донеле. Ова е од Тила Ова од Ситник
Имаш во стружанка, е сега прилично грд дезен, ама па цената им е супер, околу 650 денари беа.Ракавите се вадат, тоа ми беше мене битно. Совет на тие што имаат бебиња што клоцаат и повеќе се откриени отколку покриени, само вреќичка е спас. Беба моја беше премрзната,рацете и беа ладни дека цело време се открива. Сега со вреќичкава бар не ја мислам дека е откриена.
Долу спроти Веро, до Стружанка е. @Rainbowbaby Тешко наоѓам вреќички со дебелина што ми одговара, па дезен нема да гледам каков е Ќе проверам, фала.
За убави дезени на вреќички видете ги Happy Kids Macedonia на фб. Имаат и без и со ногавички и за поголеми деца. Синко деновиве го облекувам во боди со кратки ракавчиња, шпихозни одозгора и го покривам со ќебенце. Кога е поладно го ставам во мојата вреќичка од детството.
@0ли како функционираш навечер со вреќичката во однос на земање на бебе.Мојава се буди 2 пати за цицање,па ја кревам,и после ако треба да ја ставам пак во вреќа ке се разбуди и расони гарант. Или го земаш со се неа.. Сега за сега мирно спие,строго на страна свртена,но кога се буди го шутира или џвака ќебенцето.
Не го вадам од вреќичка, после нема шанси да не се расони. Ако видам дека му е топло, нели се загреваат додека цицаат, само малку ќе му ја откопчам за да му е попријатно и за да не ми 'ржи Потоа полека му ја закопчувам кога ќе заспие цврсто и назад во креветче. Блазеси ти што спие мирно, спиј додека е така, искористи Малиов се врти од грб на страна, па на стомак, па пак на грб и така во круг И нозе крева и ја дофаќа вреќичката, се витка и во уста ја става, но барем не е отскриен или не може да си покрие глава со неа.
Не покривај со ќебе. Ептен е небезбедно. Затоа се вреќичките направени. Во никој случај не би покрила новороденче со ќебе.
Јас го покривам со ќебе од сам почеток,ќебето му го ставам до под мишки,му го пикам убаво под него да не му мрда. Ама џабе он на вртење останува со гол грб па го препокривам и така... Која цена се? Убава е оваа Оли што ја ставила од Ситник