Ај сега совет за денес Скопје 6ст ќе биде (го вадам на 1саат да ги надвор братучедка е дојдена на викенд во МК ) Дали да облекувам: Боди на долги, тренерки, памучен скафандер ... Или тенки панталони и боди со шушкав скафандер без прекривка. Мене се ми е жешко и немам ич осет а не е баш топло денес Едит Бебе е 2ипол месеци
Детето колкаво е? Ако е бебе боди на долги со тренерки или подебели панталонки и скафендар шушка ако е ептен ладно. Ако е поголемко дете што оди како по дома што е нагоре и ако не носи хулахопки фратирани панталонки/тренерки.
Скафандер или зимска вреќа за количка имаш? Во вреќа за количка го возам, облечен е во долни тренерки и чорапи, горе боди на рамки, блуза, јакна, капа, ракавици. И крем за студ обавезно.
Како ги облекувате бебињата на две недели? Јас му облекувам боди, хулахопчиња и тенки шпикозни или тренерчиња, ама многу почна да кива. Да не му е ладно се мислам.
Хулахопки за дома не ти се потребни, греота е на +20 степени и хулахопки да носи. Му се чисти носето со кивањето, не му е од ладно. Ќерка ми се роди во декември па боди на кратки и шпихозни памучни и облекував за дома.
Колку степени ви е дома? Претпоставувам топло ви е заради бебето. Хулахопки дома никако. Боди на кратки и шпикозни е доволно, капа исто не треба.
Моето е две недели, дома само сме, му облекувам боди некога по кратки, некогаш по долги, зависи како е температурата во моментот, и шпихозни со ногавички, а ако му облекувам долни тренерчиња, обавезно му ставам и чорапчиња.
Го облекувам како мислам. Ако е ладно боди на долги ракави и блуза на долги, надолу панталончиња, чорапи. Не ставам хулахопки бидејќи гледам дека не сака многу топло. Јас искрено не носам ни маица ни во лето ни во зима, само градник и блуза. Кога одиме на прошерка гледам да е убаво времето и му ставам или тенка или подебела јакна. Капче обавезно и за количката имам термо прекривка, ја закопчувам и толку.Во лето не знам како ќе биде ќе видиме. Лани беше жешко упм а кутриот беше на долги ракави зошто така ми кажуваа од страна, мозок бил мало и нежно. Е кога веќе имаше месец ипол и видов дека поти го соблеков на кратки ракави и кратки панталони. А потоа почнав и само на боди да го оставам. Ќе видиме можеби летово само на пелена ќе биде.
За на лето што е подобро да земам боди со ракавчиња или со прерамки? Во јуни брбе ќе биди 6 месеци, па ако облекувам боди со ракав краток и маица над тоа ќе биде ракав над ракав како подобро да е со прерамки, ај поискусните нека кажат
Земи и такви и такви. Кога е мн топло ќе го облекуваш само на боди со ракав, а за на вечер или ако е посвежо боди на прерамки и блуза на кратки.
Деновиве што се вака топли, за дома и надвор боди по кратки и блуза по долги, евентуално некое тенко јакниче, океј ли е? Досега на боди по долги и блуза по долги плус јакниче ја облекував за надвор...И хулахопки ставав досега за надвор ама се мислам дали да продолжам да ставам некако топло ми е. 6 месеци бебе е.