Ниедно од децава не сум го наоблекувала иако сите ми збореле посебно свекрвиштено... Едното е е летно Јуни другото зимно Фебруари. Кога ќе видам некоја надвор 25 степени она капа и ќебе во количката го натунтала детено коса ми се крева, а они по кратки која логика... греота мене педијатарот ми има кажано подобро малце да му е ладно одколку да го прегрееш детето.
Не знам дали доктор ти кажал за ноктиве. Ако е доктор ок, ама ако е баби, сечи таму. Јас од болница само што си дојдов и за ноктарницата се фатив ќе затопли сега, топло ке му биде на бебето. Ова само добронамерен совет, да не ме сфатиш погрешно, зашто и мене така ми викаа и облека преку ноќ надвор на бебе никако
Ау денес колку беше жешко кога го расоблеков во кола Среќа што му понесов маичка ќе се свареше во горната тренерка. Дека се задржавме малце чекајќи во кола го соблеков и надоле,фрлив и патики и чорапи,се разлади дете. Инаку до пред некој ден кога дуваше му ставав капа,ама денес нагло затопли така да ќе го барам шеширчето од лани. Јас едвај чекав да дојдам од болница да му исечам нокти. На 3 ден од раѓање му ги исеков,душа ме болеше во болница масакр се направи на лицето . Вади ракавички,не претоплувај дете
@PurpleMind Се испотило, со тоа се спуштила температурата на телото, со потењето се разладило. Кога цица, расоблечена да е по боди обавезно. Баш се загреваат кога цицаат, како физичка активност им доаѓа. Малиов кога цицаше, само по боди со куси беше облечен. Во Ремедика мислам дека ти се породи, која докторка така ти препорача? Таму Марина ми рече за 1 недела да му ги исечам. И да се изгребе, многу брзо им поминува.
Луѓе, ве читам и имам чувство дека сте на натпревар која помалце го облекува бебето. Подобро нека е повеќе облечено и да испоти малце нема од кај да настине, сигурно нема жива вода да се направи од пот.Отколку да му достуди. Значи преку ден разбирам ај, движи насекаде, и помалку ќе е облечено зошто може да испоти, плус и моево кога јаде знае да се испоти,затоа помалку го облекувам преку ден. Навечер си е повеќе облечен. Конкретно за вчера носеше боди по долги ракави,чорапи и плишани шпикозни.Покриено со јорган. Ајде, му ги тргнав хулахопките,до некни и тие му беа на него. И не мислам дека премногу го облекувам.И сестра ми се занесуваше, кажа ко на фалба дека не го облекува ич па и настина.Не може ни вакцина да му стават, ги вратија дома. Дека не му студело де. Ова е моја логика ако згрешам нека изгорам.
лелеее. Ти вака си облечена? бебињата лесно се прегреваат. Затоа подобро лесно да се облечени, отколку премногу облечени едит. Настинки се вирусни инфекции. Од ладно вирус не се фаќа.
Има натпревар и која повеќе го облекува и препотува бебето Си кажуваме која како прави, како се препорачува, па секоја по своја логика нека си тера. Од ладно не се настинува.
@kukla21 извини ама од ладно ако не се настинува од што се настинува? Нос од што се затнува? Просветли ме. Ако веќе пишуваш пиши целосно. Еве пак ќе го спомнам бебево од сестра ми. Носето му е сега затнато и на смени се навечер де едниот де другиот,ни спиени ни ништо.Дека не го облекуваа доволно. Не знам, мене страв ми е да не го облекувам. Сори ако некој лично ме прочита.
Пак не те разбрав. Ти ја кажувам проблематикава, што може да настане од необлекување и ти ми кажуваш кој вирус настанува. Значи свесно го изложуваш на него.
А ти вака зимурлива ли си? Мислам, јас искрено како што кажав, непокриена или ако спијам без чорапи се осеќам како гола и се тресам, ама детево ете не сака да е воопшто покриено. Се роди во сред зима, па никогаш не спиел со хулахопки или дупли пижами. Кога беше помал го покривав со кебе и јорганче, кога почна да прета, зимно време вреќа. Ама плишани шпихозни за спиење, нели се препотува бебето?
Хулахопки да облечам на ова време? Луѓе што ви е бре? Хулахопки на -15 ќе облечам, и дома со тенко ќебенце е покриен, или со тетра пелена, а за надвор малце подебело ќебенце, а ако е топло како денес пак со тенко летно прекривче, или со ништо, денеска беше во двор под сенка со боди на кратки и панталончиња, во количка, цел ден се изнаспа на воздух, и мене некогаш ме нервира тоа облакање за надвор со оглед на променливово време, ама гледам да не го прегревам, зошто така пред две недели ми се исфрли цел.
Леле склет ме фати само што прочитав. На +20 степена боди по долги и плишани шпикозни и покриено со јорган Врска ти нема тоа дека од ладно се разболувало. Сиг сестра ти не го оставила да измрзне. Еве ќерка ми скоро 4 год, по твој критериум е многу малку облекувано дете. Хулахопки и боди по долги никогаш и немам облечено,па во 4 год дали 3 пати се разболела. Има супер имунитет. Имам примери на преоблечени деца, што цело време се болни. Облечи се ти така и пробај да спиеш ќе видиш дали не е премногу.
@firequeenn плиш пижами ти носиш? Извини, но ова е премногу. И не, не греши сестра ти, сигурно нонстоп не и е настинато детето. Ти пишаа и погоре за вируси. Еве не сум најмајка, облекував чорапи тенки и ги наоѓам под неа или во уста ги јаде. И престанав да и облекувам. Нозе трга од тетра, а не пак од ќебенце. На боди на рамки и тенки пижамки спие, па се случило да е испотена наутро. Сепак зависи и на колку степени спие. Моето бебе спие на 22С Хулахопки и капа никогаш не сум облекла
@Luna91 не е многу дебел јорганот. Инаку да,јас сум зиморлива, но и кога не би била исто би било. И моето немало досега ништо ни вирус ни настинка,.еве ќе прави 6 месеци. Испотен не сум го нашла никогаш наутро, климата ја гасиме навечер бидејќи не паѓа температурата многу,до 19-20C. @Alishan30 носев плиш пижама горна до пред една недела. Исто до пред една недела времето беше многу променливо, па не гледам зошто не би ставила хулахопки кога е такво, како што кажав се нема испотено.
Ова е премногу според мене, не ти требаат хулахопки воопшто, ако си ти зимурлива бебето може не е, треба да створи имунитет, на секакво време да се шета.