Добро мајки. Уште еднаш се испостави дека ако имам различно мислење поарно да не споделувам оти одма погрешно е. Облекувајте ги како што мислите, и јас ќе го направам истото. @An-na - кога ќе настине ќе споделам со тебе од што му е настинката. Махер за извртување муабет. Смрзнување никој не спомна. @thelittle17 на секакво време нема да се шета. Ќе се шета кога ќе е убаво времето. Не важи кај мене тоа ,, и да врне и да вее''.
^и јас сум зимурлива, маица нонстоп носам и чорапи нонстоп, и за спиење. Ама бебе, е бебе и нема циркулаторен проблем како мене, па го пуштам дома како "могли", по памперс и нешто најтенко. Моментално. @firequeenn незнам зошто веднаш се лутиш.не сме совршени. Незнаеш колку само сум погрешувала, но кога пишувам на форум, свесна сум за советите, и многу пати ми помогнале досега. А не се навредувам за нешто што незнам. Не значи дека секогаш правилно постапуваме. Сепак ти си знаеш на крај, не ми замерувај на советите.
Бебе ќе допираш на гради и на грпче за да знаеш дали му е топло или ладно. Ако таму е топличко, не се секирај дека е измрзнато. Дома не може да измрзне Не сум на натпревар, ама да си кажам. Бебе ми е 3месеци, родена во јануари, ниту од болница кога излеговме ниту подоцна не сум и облекла хулахопки. Секогаш е во боди на рамки/кратки, одозгоре или блуза на долги или боди на долги, надолу панталони и чорапчиња, ако има ветер тенко шушкаво јакниче. Тунтајте ги со плиш, после вруќаници имале ...
@firequeenn тука сме да споделиме мислење, според многу од нас не е во ред такво облекување, и натунтано бебе, сега ти си знаеш најдобро, терај си како што мислиш, бебе ќе настине некогаш па како сакаш облекувај го, и точно е дека не се настинува бебе од студено време, доктор ми има потврдено, ама ти си знаеш, еве моето се исфрла цело, лом се напраи од што се прегреа.
@firequeenn На снаа ми децата едното ич не се разболуваше,а другото нон стоп до една година беше болно, дали беше облечено или расоблечено со температура беше. Јас мое дете од старт не го облакам многу кога беше зимото имаше боди на долги и доле тенки хулахопки и скафандер али ова на минусни температури. Кога беше 8-9 степени боди на долги, тренерче одозгора,доле по долги пантлони,капче(памучно) и чорапи. Денес си беше по боди по кратки и панталони ултра тенки.За спиење секогаш по кратки спиеше и доле по тенки пижами без ќебиња и јоргани зошто одма се будеше и еве го 7 и пол месеци нос му нема потечено ниту да се закашла.
Јас како што памтам го миев ноктарчето со ултра жешка вода и со алкохол го поминав. Ама не е страшно. Пробај, и нему полесно ќе му биде без нараквички.
@firequeenn ако не ти поти може му е убаво Реално најубав совет во однос на ова добив од мајка ми - Облекувај ја како што ти е тебе. Ако ти е жешко ,жешко и е и неа,ако ти е ладно и неа и е ,ама за ова провери ја оти ти со вечно смрзната . Додуша јас сега не сум толку смрзната со хормоните после пораѓај ми се среди и циркулацијата. Инаку сношти само боди долги и долни пижамчиња и ставив и спиеше мноогу помирно ,а не беше испотена.
Моето е машко и од ортопедот добив совет : облекувај го како што е облечен маж ти. Машките не трпат многу топлина,па така некогаш и јас сум била повеќе облечена а бебето било помалку облечено. Го приметувам ако го покријам со подебело ќебе ,се врти,прета,немирно спие.
Епа може машките треба како таткото .... Ортопед ништо не ми спомна за облекување,педијатар на првиот преглед ми фрли и капче и ракавици и ќебе и блузето (септември месец лани). А пак патронажната ми рече (пред свекрва ми да биде бељата поголема) дека треба да и биде топло и капче обавезно до година. Се на сѐ да не знае човек кого да слуша...
@Sofi.ja Истиот совет го добив од ортопедот ама кога му објаснив мм колку е зимурлив ми рече Епа мајка тогаш облекувај го како тебе Мм е тунтан како бебе и свеки ми потврди ама пусти страв од нејзината свекрва не смеела ништо да рече. Мм сега и на 40 степени носи долна маица, па маица на кратки ракави, инаку бубрезите го болат 3 дена ако е со гола кичма. Јас сум вечно боса и разголена, исти е син ми (не се натпреварувам само си кажувам). @firequeenn Ти си знаеш колку ви е температурата дома и не знам каде живееш, може сте повисоко, па затоа да ти треба плиш за ноќе. Еве во Скопје во ниеден период од годината не можеш да облечеш плиш освен ако си во куќа, па послабо греење да има (претпоставка). На ваков ден како денеска според мене е ептен греота да се шета по долги, со капа, да се спие со чорапи итн. Облечете се прво вие по долги и стајте капа, па тогаш малечките, може ќе ви се смени мислењето. Не можеш да се разболиш од ладно време да повторам и јас. Можеш да настинеш ако се испотиш, па да те фати ветер. Подобро полесно облечена, па ако залади да облечеш јакна отколку да се наоблечеш 'за секој случај'.
Мајка ми ми викаше облекувај ја како тебе плус уште еден слој Елече та елече запнаа дома да носела, ми изнадаваа зимото плетени елеци од вуница, ниеднаш не и облеков такво нешто. Си беше по шпихозни или тренерчиња по боди на долги и чорапчиња ама дека на земја ја оставам да игра на подлога (на земја е малку поладно, под нас никој не живее-нема греење и ладен е подот) а и дома не држам повеќе од 22 степени (со клима се грееме). Хулахопки облакав само за надвор кога беше ладно. Навечер пред бањање ја соблакав по боди и ја оставав така гола на подлога 1 саат, гледав дека и е убаво си се радува. Сега па дека почна и нозете да ги "јаде", ужива За спиење одржувам 19-20 степени и од денес ги пензионирам бодињата по долги за под шпихозни. Веќе топло е. Плиш шпихозни имав неколку пара за новороденче што ми ги дадоа поклон, едни ги облеков еднаш за на контрола и толку беше, другите не ги употребив. Пред 2 недели на +18 надвор кога беше кога ги видов другите у парк како ги имаа облечено бебињата (со дебели јакнички) незгодно ми падна колку тенко беше ќерка ми облечена за разлика од нив.. Капче и ставам само ако дува ветер и ако е поладно од 17 степени.
@fli Од ладно не се настинува убаво ти кажа кукла. Децата е опасно да се претоплат педијатар прашај ќе ти каже. Се сеќавам цимерката во болница ми кажуваше дека имало некоја која бебето сред лето го виткала со ќебе.... Само во Маќедонија се настинува од промаја и ако дува ветер малце...
^A најјак коментар од свекрвица кога малата беше новороденче, ми беше: не и облекувај бодиња и шпихозни на V, гола и' е плуќата ќе фати пневмонија Жената цела сериозна а јас не знам дали да се смеам или да плачам
Вирус е настинката, телото кога се бори од претоплување или од измрзнување е поподложно на вирус. Рано ти е да увидиш како фаќаат вирус бебиња зашто до 6 месеци имаат имунитет од мајката, особено ако се доени деца па колострумот придонесува. Хулахопки облекувам ако седиме на минус температури, се друго за мене е малтретирање на дете, и педијатри и двајца ортопеди ми го потврдиле тоа. Од болница ги облекувам како јас што сум облечена, слој плус само за спиење, а тоа е тенко ќебенце.
Совет да побарав за некој проблем немаше толку да се вклучите ама штом е нешто ,,чудно'' сите сме во темава. Не се лутам, ме изненадува односот како одма се реагира кога го облекувам различно од тоа каковие мислите дека треба. Еве го утрово, си стана од спиење весел, си гуга, не е испотен.. Ако нешто не му се погаѓа на бебињата си имаат тие свој јазик,ќе си кажат со плачење што ги мачи. Секако сeга се стоплува,ќе ги спакувам плишаните пижамки, no worries
Точно дека секоја мајка си знае најдобро за сопственото дете, ама не секогаш тоа е баш она што е најдобро. Терај си по твое и за излегувањето, ама да знаеш, нема несоодветно време, има само несоодветна облека. Децата треба да се навикнат на секакво време. Нема да го заштитиш од настинки и разболување со многу облекување и седење дома ако надвор дува ветерче.
Не се лути, лошо никој не мисли. Секогаш постои можност некој да искоментира на што било од тоа што пишуваме, без разлика дали бараме да ни врати некој или не.
@IRBBB Добро е што си ги зачувала сликите, често ги ставам низ форумов, чисто како претстава да се има бидејќи немаме многу осет за облекувањето (барем на почеток).