А кога дува ветерче им ставате ли капчиња на глава, или барем трака на ушињата? Еве конкретно за Гевгелија, жешко е, температури високи, а постојано дува, и тоа не ветерче, него баш има налети кои достигнуваат до 20/22 км. на час. Што облекувате на такво време?
Капа само на плажа или кога сме подолго време на отворено на сонце, и кога е ладно од јакната најчесто ја носат, но не секогаш. Посебно капи не купувам за ладно. А во лето ако има ветер, капи не ставам, никогаш не сум ставала. Детето ќе го облекувате спрема временските прилики во местото каде што живеете или каде што одите. Ако треба капа, ќе носи секако.
Па еве конкретно за мојов случај прашувам, да си на мое место што би направила ? Температурата е 21/22 степени, пече сонце и постојано има налети на ветер со јачина до 20/22 км. на час. Би ставила ли капа или не?
Бебе 9 месеци. Вчера и денес температура во собата е 24-25 степени. За спиење и облакам боди на прерамки,па тенко боди на долги и тенки долен дел пижами без чорапи и до тенко покриена. Дали е многу тоа,бидејки гледам се поти на вратчето и челото?
Штом се поти многу е. Јас на таа температура би ставила боди на кратки ама ако не сакаш директно на кратки тогаш само еден слој долги и покриена со нешто тенко.
Фала @Jana06, и јас помислив еден слој само на тенко долги зошто знае да падне температурата во текот на ноќта па да не е само на кратки уште сега
Облекувањето треба да е според бебето. Во нијанси ќе се разликуваат сите. Јас и на овие температури за надвор облекувам најтенкото боди по долги и панталончиња, најмногу заради сонцето, сакам да е покриено кожа повеќе. Препораките за сонце за бебиња под година, а најмногу под 6 месеци се да се штитат колку може повеќе. По дома е сега со боди на кратки и панталончиња тенки. Инаку до сега (дури беше ладното) беше на претенко боди на долги и долги тенки шпилхозни, ама дека на земја стално.
И јас му ги исеков, ракавиците демонстративно ги фрла и рацете никогаш не му се покриени, сум пробала да го замоткам цел, пишти и ќе ги извади па не знам што да е. А огромни му беа, не можев да чекам, рани се направи. А и знаев дека се чека...зошто?
Не се чека, бабите викаат до 40 дена да не се сечат нокти, до година коса и слично. Инаку од нокти може и окце да повредат така да ножичките се решение. Ракавички им сметаат на развојот, важно е за нив да се опипуваат себе и мајката. На тебе се надовразв со муабетов иако не се поврзано
Ние првите две недели ноктињата и ги лупевме по препорака секако. Ни рекоа толку се тенки и меки ноктињата што нема потреба од ножичиња и турпија на почеток а и месцето околу ноктињата е многу нежно и може многу лесно да се поткачи со ноктарче. Јас се чудев, а бебево родено со ноктиња едни шпицести мислиш од салон излегла. И видовме не видовме, ги поткинавме и многу лесно ги "одлупивме".
Ne pedijatar mi rekoa eden sloj bodi po kratki doma ama mene nekako mi e shube mraz i se race noze taka pa i stavam tenok pamuk bodi na dolgi i ili tenki panaloncinja ili samo corapcinja dole....doma mi e okolu 24 stepeni....nekoj da spodeli outfit
преку ден дома е по тенко памучно боди на кратки (денес си ја чекам нарачката со бодиња на прерамки) и тенки панталончиња, надвор на топлово ѝ ставам шорцеви или ромперче на прерамки и кратки ногавици, а за спиење само боди на кратки и во тенка вреќа ама на успивање со цицање ко да ми се претоплува па почнав да ѝ го отворам прозорот и кај неа во соба веќе.
Леле јас значи си го варам детето Таман си фатив ред за ладно како да ја облекувам се затопли Незнам зошто кога ќе ја облечам на кратки само ја фаќам демек ладно и е и пак нешто одозгора ќе облечам Ќе се престрашам ајде ќе фатам и јас ред
ќути, не знам што ќе правиме цело лето штом сега вака ја облекувам. од април негде постепено почнав да намалувам слоеви и си гледам по тоа што јас носам, ама изгледа моево испадна пос’клетчиче како татко ѝ.
Ау ме изеде мене баба ѝ. Луѓе вчера тука беше над 30 степени си доаѓам дома бебе по тренерка врз бодито со кратки јас што и го облеков. Ладно било внатре. **Ама не знам зошто не сака да спие Што ќе спие бе жено пекол е Добро. Денес околу 10:30 викам извади ја надвор да исчистам со правосмукалка. Вика дај тренерката Абе пекол е што ти е каква тренерка Фати ми се изразвика рскавица била , бронхит така ќе фатела Ја извади и застана на сред двор на сонце за да не и било ладно . Среќа капа не побара. Како ги облекувате сега ? Дали е малку боди на кратки ,долги панталони тенки и чорапчиња по потреба ? Ама не бе па се поти како може малку да е кога се поти ја пресоблекувам по три пати . Секогаш ли ги пресоблекувате кога ќе се запотат?
Моето од сабајле е по боди на кратки (тие од џорџ како малку подебелки ми стојат од сите други што ги имам) и многу тенки панталончиња. Чорапчиња ретко. Накај пладне веќе е само по потенко боди на кратки. Минативе денови кога беше околу 30 степени, во тенки ромперчиња ми беше. За спиење најтенкото боди на бретелчиња и куси тенки панталончиња. Ја покривам со тенко јорганче. Во комбинација со летна вреќа планирам само по боди да ја оставан да спие. Кога ќе ја видат на телефон, свекрвата без промашај секој пат вика "бебе голичко најубаво" демек од милост ама знаеме со мм дека сака уствари да каже дека е многу гола. Ми е гајле, нашиот стан е потопол и они тоа многу добро го знаат ама ако они се на долги ракави, секако дека мора и бебето да биде. А тоа што јас се шетам по гаќи дома, нормално е, леунка сум била, секогаш ќе ми било потопло отколку на другите. Само никако да го спомне фактот дека и син и само што не почнал по гаѓи да се шета низ станов. Кој што сака нека си мисли, јас моето бебе си го следам.