Маичка на кратки и шорц така бевме вчера излезени. Склетџија е малово одма црвенее во образите. Ако е испотен одма мењам маица.
Овие денови го облакам во боди на кратки, и доле потенки панталони, без чорапи. Навечер спие исто само боди по долги ракави.
Аууу жешко кај нас. 28 степени, живееме на поткровје. Пуштив климаи ние и таа се изнаспавме. Е сега првпат со неа пуштам клима, на 26 ја направив и не седиме во дневна. Отворени врати но со бебето сме само во детска или спална. Ја облеков во боди на долги и тенки надолу хеланчиња. И пазам да не се поти. Многу ми е страв на жешково со клима за неа, ама пекол е без клима. Има ли некој како нас?
Се додека климата е во друга просторија нема гајле, таков совет добив од педијатар мојата кога беше бебе. Нашата е во ходник и лади секаде и баш е пријатно така за седење. Иначе е пекол 30+ достигнува во спална.
Уште немаме пуштено клима од страв за бебето ама гледам дека набрзо ќе мора. Нема да можеме да седиме во спална, ќе мора во дневна и бебе и клима. Се си мислам ако ја заглавам климата у позиција да дува само нагоре или право, ќе бидеме ОК.
И нас ни е климата во дневна, имаме топол стан. Сега е 28 степени дома. Уклучуваме во дневна кога она е во друга соба. Понатаму ќе мора нон стоп да работи. Не знам како ќе биде со бебето и клима во иста соба
Уфф, имам грижа на совест, само туку ја следам. Ама повеќе ми е страв од прегревање, и забележав пред некој ден дека имаше 2 дремки по 20 мин. Со климата си се нормални по час-час и половина. Од страв и ми е по долги боди, да не и иде ладно. Има едно како штитник за клими, околу 800 ден е. Маж ми го гледаше, ќе го нарачаме, за да дува климата нагоре, да не е директно во вас.
Верувај уште сега е жива вода и тоа навечер со отворен прозор. Не знам цело лето што ќе се прави. Не се грижи чим не дува во просторијата каде што сте вие. Или олади убаво, гаси клима па носи дете таму. Кај нас иако е топло, ноќе ладиме, сабајле рано кога изгрева сонце затварам се и спуштам ролетни, нашите се дрвени стари па пропуштаат и малце светлина. И до кај 1 некаде е ок се седи, после клима до кај 5 и не отварам се веднаш туку откако ќе зајде сонце. Ако утнам еден ден толку, цело лето ќе е пекол. Значи од прво сонце буквално за да не се затопли станот иначе ни гола да се соблечам не помага.
Поткровје сте и вие? Нас од сите страни не пече, уклучување на инвертерот и таму крај на август се гаси Со ролетните и јас исто правам.
Не, на 6ти, среќа доградија над нас иначе директ плоча беше, хорор. Јужна страна сонце има цел ден буквално. Инаку поткровје е најлошо, стварно е пекол.
За низ дома боди по кратки и тенки панталони како со чорапчиња на ногавиците. За надвор само по боди на кратки и тенка тетра кај ножињата. За спиење како преку ден дома што е, покриен со тенко памучно ќебенце. Бебе е 18 дена. Дома ни е прежешко, 25-27° дневна, 27-29° спална. Чорапчиња не му облекувам, го преслекувам повеќе пати на ден, што од испотен, што од исповратен. До вчера го бањавме секоја вечер плус газето после какање, ама се мислам и насабајле уште едно бањање да вметниме, гревотичка ми е од шо е жешко.
Кај што живеам е 41-42, температура во станот ни е 27 и си пуштам клима на 24 степени. Спие само по боди по кратки и демек кончано ќебе на прстот од стапалото
Ние го порачавме...пекол е и кај нас..како ќе биде и бебе и клима..ќе видиме..ама знам дека клима ќе мора
Ау деновиве моево за дома е константно голо само боди на прерамки или на кратки и тоа е се За надвор кратки пантолончина и маичка на кратки не е ни покриено ни ништо За спиење тенко боди и долен дел пижами без чорапи и не покриен, ќе го покријам али за 10мин ќебенцето го бутка и така спие цела вечер..
Ние вчера пуштивме клима преку ден. Салонот ни е голем и не дува во нас дирекно. Навечер пред легнување сѐ е отворено да се луфтира, а ноќеска вратата од дневната кон тарасата е отворена, па и во спалната доаѓа малку свежичко. Малата ноќеска на тенко боди на долги спие, надоле такви без стапало и со тетра покриена. А преку ден боди на кратки и панталонки, без чорапи
Mamicki bebe mesec i i polovina. Kako da go oblakam za setkanje so ogled deka vremevo e toplo. Pedijatarot mi vika isto kako za doma po dolgi rakavi samo da gi podkrenam rakavite ako e mnogu zesko. I dvoslojno bodi so bluzice. Kako gi setkate vie?