Јас исто. Завчера спиеше само по боди на долги, вчера боди по кратки, а вечерва само по боди на кратки. Подоцна ќе и облечам и долни осеќам посвежо е вечерва.
Добро е, мислев само јас забегувам реално станот ни е на север и е топ, пријатно дома и ја облакав боди по долги и тенки долни ама топло и е, се превртува, немирно ми спие. Вчера ја облеков по кратки целосни и спие супер, ама одма луда ме направија како тоа пп кратки
Девојки, вечерва е претопло, да отворам да спиеме со отворен прозор со 3 месечно бебе в соба, нормално ли е? ...на ќипење прозор не помага, мене ми е вечерва ептен топло, прва таква летна ноќ, па да се консултирам да не го настинеме бебето со отворен прозорец @Mila_Skopje и јас се мислев да ја облечам вечерва по кратки ракави, но откако заспа ми текна, и сега да не ја расонувам, но се поти премногу навечер, знам дека сите бебиња се потат на главчето но на мојата мислам и е многу топло незнам......
Јас оставам отворени прозори во дневна веќе 1 месец, синко е 2.5 месеци, отворена ми е вратата накај спална.
Јас битки со маж ми водам за тој прозор. Тој вика претопло е да го оставиме отворен, јас не никако бебче ќе преладе. Пред една вечер замина да спие во дневна жешко му било всоба кај нас. Не знам и јас некако се плашам за тоа не знам. А вечерва не се дише.
Чим подобро си спие, топ Сихурно оние што ти се чудат, не се тука цела ноќ да ја смират. Ако не и е погодено, ќе се буни.
Кон 2-3часот станува посвежо, но се плашам да не не станам да го затворам прозорот, ама ете како @mamaJana ќе направам и јас Следната недела температурите гледам многу ќе се повишат, е тогаш дефинитивно ќе сме со отворен прозор
Ние со отворена балконска врата од дневна и во најголеми снегови сме биле ама ај тогаш парно, ама и сега исто, топло е, малата не ја покривам, една вечер дежурав, се фрлаше и од тогаш не ја покривам, а фала богу и ние исто, или ако се покријам со фротирка жива вода сум. Така да отварај прозор, еве и преку ден спие во спална со прпзор на кипање па ништо не и е
Луда те направиле дека во лето ја облекуваш по кратки тие што ти коментирале по долги беа? Кога се топли денови и ден и ноќ бебуш е по кратки. Во спалната имам балконска врата, ми стои едно време отворена, потоа ја оставам на кип.
јас го оставив ноќва во боди по кратки и шорцеви. Вреќичка од раѓање му немам купено. Покриен е до стомаче со тенка памучна покривка.
Да јас две вечери поред ја оставам со боди по кратки и пижамчиња како шорцеви и ја покривам со тенко чаршавче бидејќи се поти
Не знам кај живеете,изгледа кај вас е многу топло Мојов батко има 20м, уште е со боди на долги ,пижами надоле и памучно ќебенце. Јас уште спијам по долги пижами надоле и се покривам со подебело ќебенце. Му купив едноделни пижами од тритекс,сезоната ќе помине уште не сме ги пробале
@Sofi.ja Исто и јас читам и се чудам колку е топло кај сите, а кај нас е ладно. Maксимум 20 степени преку ден е внатре, а навечер иде и до 16/17. И јас и мм спиеме на долги, покриени. Бебче, боди на долги, пижами и ќебенце.
Хахаха во Скопје не е жешко и кај нас, баш е пријатно преку ден, немам потреба сеуште од клима, ама пак ја облакам по кратки, без чорапи. Навечер пишав, ама ја проверувам нозе вријат, не е испотена, значи не и студи. И пак ми се буди на 1 саат, се превртува, легнува скроз обратно во креветче, не плаче, ама си игра
Во Скопје живеам. Преку ден е 24 степени, навечер некој степен подолу. Јас спијам по кратки пижами и не се покривам. Ќерка ми исто. Сум пробала долу по долги, ама косата и станува ко бањата да е. Така да и она спие по кратки. Бебуш по долги е немирен, по кратки си спие мирно. Секој си ги познава децата и може да забележи кога му е пријатно, а кога не. Нема потреба од чудење