Ние спиеме по долги..и јас и маж и бебе…едино ако многу ми е топло пошто хормони вријат спијам горе по кратки ракави…маж се покрива со јорган а јас само со летниот дел од јорганот…а бебе со ништо…ќе го частам тој што ќе успее бебе да ми покрие затоа спие по тенко боди на долги и долги пижамчиња..и во најдлабок сон осеќа ако го покриеш и клоца дур не го турне тоа со што е покриено
По кратки спие од пред месец дена. Преку зимо е покриена со тенко кебенце. Ние зимо лето сме на кратки. Бебе мое чорапи дома не трпи без разлика кое годишно време е.
ии какви долги ,одамна кренато и за нас и ќерка ми по кратки спиеме со фротирки покриени бебуш само боди на долги и тенка вреќичка , и две вечери еве до кај 4-5 сабајле и клима е пуштена на 24° на не мн јако да дува , она во салон е , ние во спална , не се ни сеќава директно. А другден како што најавуват 40° и бебуш разголен ќе е за спање , исцело пижамчиња на кратки горе/доле. Тука е многу топло веќе. Денски е по куси и горе и доле 4++ е , ич не трпе мн алишта мн е склетџија , и чорапи си тегне сам си игра и речиси и бос е цело време преку ден.
Исто и ние битки секоја вечер на пола бега во дневна зашто му било топло тој ја соблека јас ја облакам страв мие некако.. Со тенки долги пижами и само со чаршав покриена.. Јас отворам прозор во дневна и оставам отворени врати од соба и дневна
По кратки ми спие од крај на април по долги кога имаше поладни денови. Мм кога облече кратки пижами тогаш и бебето го облеков
Леле ако се водам по него, завршив работа…маж ми до пред една недела спиеше со фротирски пижами…одвај му ги сокрив
Е таков беше и мм зимата кај нас 26ст он во дебели па се водев по мене сега сменив дека ја уште по долги спијам
Две недели уназад денски ми е облечена по боди на кратки и хеланчиња, еве трета ноќ ја ставам да спие по боди на долги и долни пижамчиња со ногавички, тенки, покриена со тенко кебенце, супер и е
Готово фрлив тоа бодиња, ја облеков по кратки едноделни и пелена на неа па ќе видиме. Веќе 2 ден и преку ден само на боди по кратки или маичка без боди, топло е неподносливо
Топло, запурно е многу. Нема воздух во Скопјево, се на кипер ми е отворено, бадијала. Моево е 13 дена, и го облекувам по боди со кратки и тенки шпихозни со долги, мислам ок му е.
Мајки ние имаме 11дена, утре сме на прва контрола, но со оглед на времево колку е жешко незнам како да ја облечам. Дали по долги бидејќи сепак е малечка, или може барем блузичка по куси да и ставам
Јас по кратки и горе и долу би облекла, 40° е надвор. Особено ако прегледот ви е закажан после 9-10ч.
Да, после 10ч е. Затоа и јас се мислев. Не се диши надвор, па црвенило да е и се појави од многу облечена ми е
Не ја облекувај толку, гревотичка е. И нејзе и е жешко. Те разбирам, бабите зборуваат 100%, во мисла ти е и тебе, се преиспитуваш цело време да не и достуди, ама верувај дека е подобро да и е ладно отколку жешко. Подобро се справуваат со студ, отколку со топлина.
Облечи ја на кратки, само не ја изложувај директно на сонце. Мојата е 5 месеци, па уште се преиспитувам за се.
Мојата кога се роди исто вака жешко беше. Од прв ден и дома и надвор беше само по боди на кимони или куси ракави. Долу ништо. Дури крај на август прв пат и ставив долги.
Фала мајки. И јас мислев по куси да ја облечам ама сепак сакав да слушнам совети и искуства од вас. Директно на сонце нема да биди тоа сигурно
Само нешто на прерамчиња доле по пелена ми е сабајле од 8 до 9ипол 10 го шетаме. Внимавај многу со облека зимата вруќаници му излегоа на моево едвај го оправив 3 недели не можев кожата на стомак да му ја средам
Како му се среди кожата? На бебево мое му излегоа такви вруќаници на вратот пред 3 дена и уште и седат, не знам со што да ја мачкам, денес ставив јекодерм.
Se seta ova vreme....mislam podnoslivo e? I jas sakam da ja izvadam ama se mislam da ne e i togas zesko