А се уплаши дека ветер дува во Сарти Пекол е деновиве и тука. Дури после 10 мааалку заладува. Ние веќе сме со клима пуштен.
Turate li corapi na vremevo? Doma mi e okolu 27 mi nema poenta corapi da i stavam ama babive na glava mi se kacija.
Не ѝ облекувам чорапи, ниту кога ја шетам по чаршија не ѝ облекувам кондурчиња, босонога е. И постојано добивам кометари да и турам чорапи
Лето/зима дома е без чорапи. Зимата дека почна да се исправа и сакав бос да биде, а и топло ни беше дома. Сега ако се вози во количка бос е, некогаш и шорцот му го вадам, ако си оди сам тогаш нормално со чорапи и патики. Јас искрено скоро цел ден по гаќи само го оставам и памперсот му го вадам, греота ми е ептен на овие температури.
Абе какви чорапи не се будалете, ако не и маска нека му стават кога излагате надвор. Будала работа. На 27 степени спие на боди по кратки и толку ниту е покриен.
^боса е цело лето, и на памперс да може ќе седе, по жешково, маиче и пантолинки кратки најчесто носе. Чорапите се пензионирани сега за сега
Од ко е роден само првите 2недели му клавав чорапчиња, после само бос по боди на кратки, дење ноќе. Дома ни е 26 степени.
Шоо? Цела зима без чорапи ја помина мојава не пак сега на жештиниве да му редиш. Октомври месец шеташе без чорапи пошо не сакаше воопшто да става на неа и не ја нервирав, нит настина нит ништо ама немаше бабиште шо не ме застануваше на семафор и не ми велеши облечија. Иначе многу сум против туткање и во зимно време.
Бабите секако носат чорапи Свекрва ми и мајка ми кога им е ладно и се наоблечени а го гледаат бебе на пелена или боди одма почнуваат да зборат. А јас пак одма престанувам да ги слушам
По цел ден е на памперс само и пак е жива вода. Само за спиење и облекувам блузиче, а надоле на памперс. 29,30 степени е во соба каде спиеме. Уклучувам ноќеска и клима малку 5-10 мин да издува ако е многу топло.
Мајка, надвор има над 30 степени, какви чорапи? Нема опасност од поладно, туку од прегрејување на дете. Чорапи ти кога ќе облечеш, тогаш и бебе, значи негде октомври ко што затерало времево. Какви глупосѕи им текнуваат на стариве господе!
Ја чорапи немам купено само тогаш кога се роди есента и кога одевме по педијатри зимата му ставав од внук ми чорапчиња што имаше колку само до преглед или вакцина.
Јас не знам што им е со ова чорапиве. На плажа 40 степени, гледам една мајка на бебето му облекла чорапи и цело по долги. Тоа вришти се корне, ваљда жешко му беше. Јас моево по памперс и маичка по кратки и под сенка цело време. Ама чорапи на плажа, глупост...