Denes cel den niz park setav...glavata i e pod senka od kolickata,na nodzinjata koa ja pece samo tetra i frlam...koja ja sutira ama nejse mackana mi e so faktor
Јас баш купив пред 2 недели од ДМ од Капитол такво околу 250-300 денари и имаше уште 2-3 останато. Ќе најдеш побарај низ повеќе маркети, не е дека порано ги имало веќе не, освен ако порано им е до пред 2 недели
Има по језива пред неколку месеци 25 степени надвор бебе по кратки го шетам во количка и на повидок две баби го изнеле внучето на прошетка максимум 2 месеци да имаше бебето. Бебето беше облечено во плишано, капче, термо чорапи, ќебе и најлонот за против дожд,малце дувкаше ветер али не корнеше како што знае да дува. Таа слика никако не може да ми излезе од глава. И да имало бетер од тие со тетри и штипки на количка
Не знам што се случи искрено само ги погледнав запрепастено и најверојатно незгодно им падна дека бебето вриштеше па мораа се да тргнат од количката. И затоа си реков нема да спијам, јадам ќе бидам уморна ама не го оставам друг да го шета.
Жени бе не мора да ги покривате количките со тетри. Сигурно во најжешкото не излегувате со бебиња. Затоа е битно кога се зема количка да барате со голема кабаница. Еве чадорче нека е специјално ама немојте со тетри/ќебенца
Лелелеле. . како не ќе вришти кутрото. Нај страшно е што ќе речат дека му се спие или го боли стомачето, не прифаќаат дека е прегреано. Со бабиве не се знае. И на син ми двете баба дури шетаме само викаат покриј го барем на нозете, ќе му пристуди. Како бре жени ќе му студи на 30+степени.
Тоа ставање на тетри/ќебиња на количките додека шетаат не е ниту ради жешко, ладно, ветар, метар туку им е просто суеверие, да не го гледале други бебето ќе го фателе на очи, тоа најчесто го прават албанциве значи 90% така ги шетаат
Јас со мајка ми се скарав на почеток за мое бебе среќа и снашката и кажа. Му беа ладни раце и нозе и модри надвор 28 степени стави му ракавици и чорапи и капче и викам не треба жено арно му е, она пак не не му е модар е му студи и никогаш не му ставив ноту го повивав и до ден денес е помалку облечен од мене. И денес исто задрема бо количка да го покриеш ми вика, а детево на боди по прерамки и кажав само не арно му е и толку се уќуте
Хахаха... иста е и мајка ми. Само го пипка дали бил ладен, и одам вика облечи го, замрзна бебево. Свекрва ми еднаш ќе спомни да не му е ладно, ќе кажам таман му е и толку не спомнува пак. Ама затоа мајка ми и за неа ми досадува. И праќам слики и вика барем чорапчиња да има, или покри го
Точно, многу се со вакво мислење. Сите не само албанците. Јас го шетав син ми, 2 недели имаше и сите комшиите покриј го, малечок е, ќе фати на очи и ќе ти плачи после
Јас знам едни што на 0 степени на снегот надвор го шетаа во раце бебето облечено само на тенко боди нагоре и тенки панталончиња и 'покриено' со кебе, а на 25 степени го шетаа во дебели тренерки со боди на долги одоздоле и термо чорапи. Не можев да си поверувам на очите. До толку да се нема ориентација за времето. Ѝ кажав на мајката кога го шеташе на топлото дека е многу наоблечено, ми вели епа мислам дека му е ладно. Како бе така
Баби мазохисти Малиов имаше околу 2 месеци. Нешто под 30 степени беше и дуваше топло ветре. Го шетав нормално горе по кратки. Една баба со дете околу година, по дебели тренерки со капа ми вика ладно му е така мајка. Викам таман му е госпоѓо, на вашето му е претопло, душичка испотено ко бањато. Соблечете го не го малтретирајте. Се стаписа бабата, не очекуваше таков одговор очигледно. Епа кога делиш памет треба да си спремен и на туѓо мислење.
А во болница сестри, докторки замисли имаат добиено и имале односи па ништо не им е, ама ако треба некој да го види по излагања лелелееее е
Ако најдеш вакво пиши. И ја сум со тетрата и штипките, страв ми е да не ја изгори сонцево Инаку тетрата вака ја ставам ко ова покривкава што е, ама боље вакво да се купи , поелегантно и нема цело шетање да го поднаместувам.
Зарем ја шеташ дури има сонце? Ќе го претоплиш. Температура ќе крени вака. Ние излегуваме наутро кај 6 ипол и поручек исто. Нема јако сонце а поручек веќе и нема сонце.
Термин ми е за 10 дена. Како што гледам по временските прогнози, температурите ќе си бидат тие, околку 35+- степени. Од болница планирав да го изнесам во боди и панталонки, без нагоре блузичка. Се мислам да не му биде топло и по панталонки? Едит: Вашите летни бебенца како ги изнесовте од болница?