Кај мене според сите што го виделе. Летото на 40 степени по боди со кратки само го шетав и незнам колку коментари добив дека е бебе и му е ладно
На 10 степени надвор за во количка како ги облекувате бебињата? Се плашам да не го прегреам или преладам. Денеска излеговме и му облеков боди на долги, блуза, панталони чорапчиња и едно како крзнено палтенце со капа. Покриен со тенко ќебенце и плус од корпата го штити од ветер.
Јас секое сабајле во 7и30 заедно со бебето го носиме поголемото во градинка Памучна капа,подебели тренерки,јакна и патичиња Во 15ч кога се зимаме од градинка малку потенки тренерки детево многу ми се поти Дома сме боди на прерамки или кратки ракави,тенка блузичка и долни тренерки Спие по тенки пижами одоздола со боди по кратки
Знаете ли некоја страна кај што можам да нарачам бебешка облека? Ама не мислам на нарачување од ФБ или наши страни, туку странски. Како Асос ама за бебиња
Заландо, незнам дали е достапна кај нас? Јас од таму нарачувам, и тоа кога се на попуст се ем поефтини ем поквалитетни.
Како се величините на облеката? Точно одговараат, помали, поголеми? За колку време стигаат и колку се плаќа за шипинг?
Помали се. Мојот бебуш моментално носи 6-9м од повеќето брендови (картерс, ваикики, мамино... ), од овде порачав 9-12м ама и тие му се скоро точни како за сега. Искрено не знам колку е шипинг до кај нас и за колку време стигаат затоа што ги порачав на адреса во Англија и ми ги донесоа. Претпоставувам дека исто како асос за 2 недели би требало да стигнат..
Како што пишав погоре - јас ги порачав на адреса на роднини во Англија и тие ми ги донесоа кога доаѓаа. Не можам ништо да тврдам, но изгледа како безбеден сајт, а имаат и мобилна апликација. Најубаво да си прочитате reviews пред да одлучите