Децата не треба да се претоплуваат. Нема потреба да се облекуба во цела планина алишта. Мене и педијатар и ортопед ми рекоа да биде облечено како мене и татко му. Ако на нас ни е ок и на него му е. Ако на нас ни е претопло, па и на него му е и тн. Моето е на под поголем дел од времето, а темп. дома околу 22-23 степени. Ова што го пишуваш е сосема ок. Детето ќе го пипнеш кај вратот и ќе осетиш дали му е топло или ладно.
И мене така педијатар ми има речено. Еднаш и викам не сака памучна капа да носи, ми рече ти носиш сега? . А инаку и мојата си е само на боди маичка со боди на долги или блузиче тенко а надоле тенки тренерки. Исто и за спиење плус тенка вреќичка. А многу често на вратот ми е ладна кога ќе ја пипнам а и стапалцата и се влажни постојано. Не знам зашто така со вратот, не верувам дека и е ладно, или пак ако се испоти па после да и е ладен вратот?! Не знам. Ама вака по тело никогаш не се испотила.
Најсигурно за да знаете дали му е ладно или не на бебето. Пипнете позади кај вратчето и малку подоле на грбчето. Треба да е суво и топло. Ако е влажничко значи му е жешко. Ако е ладно значи му студи. Ама за дома кога сте исто како вас облекувајте ги децата. За надвор сега зима еден слој плус. Ама тој слој е и капа, и ќебенце ако е покриено, и тоа се рачуна.
Што му облекувате на - 10 под скафандер? Сакам да го изнесам на снег прв пат денес имаме. Инаку врие ако и е жешко
На -5 степени боди на куси, тренерчиња преслаби,чорапи,капа плетена и скафандер го облеков. За -10 степени би облекла тренерки подебелки. Секако скафандерот е дебел и го топли многу.
Немам осет зошто јас сум зиморлива И облеков боди по куси, хулахопки, шпикозни и скафандерот. Вриеше малку среќа во двор бевме
Нареден пат, минус хулахопките и таман ќе биде. И мојата е вријачка, тој скафандерот не знам зошто го купив за Скопје не е
Сум заборавила да пишам и капче. Без капа никаде не идеме зимно време. Скафандерот џабе лупнати пари. Еднаш му го облеков и пукна дете од жештини, одма му го соблеков. Другиот пат само боди и надоле тенки тренерчиња носеше под него за да не се свари.
Додека беше топло и беше на најако парното само боди на долги и тенки тренерчиња. Дури нелогаш и на кратки беше. Сега стварно нема смисла и е свежо и му облакам тренерчиња подебелки со боди на кратли одоздола.
Здраво мајки, Вие кои имате бебиња родени во зима (новороденчиња) дали откако ќе ги облечете ги замотувате во поголема пелена за да не им е ладно. Така ми викаат постарите но според мене тоа не е потребно така бебето нема слобода да мрда, можеби грешам млада мајка сум, па сакам други мислења. Ви благодарам
Нема потреба да го повиваш во пелена. Остави го нека си мрда слободно. Ако ви е посвежо дома ќе го облечеш повеќе, но внимавај да не го претоплиш.
Јас никогаш не сум ставала капа, освен зимава за излегување. После капење му ја сушам косата со тетра. Секако е топло дома.
Твоето има веќе 2 мес ако не сум грешка. Мислам дека нема потреба. Јас капче му ставав после бањање до 40 дена кога беше посвежо навечер.