Дали мислите дека му е ладно на боди, чорапки и пижами дома на температура од 20~24 степени? Се изедов веќе од коментариве, некој ми вика жешко му е, др ладно му е затоа што почна да кашла денеска.
Не верувам да му е ладно. За таа температура си е таман облечено. Не слушај никој, следи го бебето. Дали е ладно на грбчето провери го. За кашлањето советувај се со педијатар. Според луѓето од страна треба за дома по плетен елек и чорапи да се, а надвор никако до лето вадење.
Како да го облечам бебе 3++ на ова време за во кенгур да шетаме? До сега само во количка сум го ставала, а самата количка има дебела вреќа како дополнителен слој што го топли, па не знам за во кенгур како е најпаметно.
Дебелата вреќа во количка си уствари ти со кенгурот дебела јакна и термо тренерки на нозете. Или хулахопки и тренерки. Капче секако.
Еве денес претерав.. Обично е полесно облечен, ама прв пат го изнесов на снег. Под скафандерот имаше доле дебели тренерки, горе боди на долги и тренерка и нормално капче и чорапи. Дома го вратив испотен, а уште во лифт почнав да му го соблакам скафандерот. Од сега под скафандер тенки тренерки и боди доста е
Во транспортер шетате ли и како се облекувате? Пошто нели не смее скафандер и премногу да го тунташ, а сакам со кола да отидеме до негде и да не облакам пресоблакам, туку да го ставам транспортерот на количка. За во количка кога е директ е во скафандер и не му мислам, ама за во транспортер не знам. Пример, боди на долги, блуза, чорапи, тренерки, капа и покриено со ќебе? Или плус тенко јакниче или и хулахопки? Од што не знам како да ја облечам само околу зграда вртам кругови 2 месеци сме скоро.
Тоа што имаш набројано мислам е доволно, со јакниче, а хулахопки јас би облекла ептен ако се минусни температури
Женски како го облакате бебето по дома? Нас парнот на макс деновиве ни е некако, и дома ни е 24.5 преку ден 22-23 преку ноќ. Преку ден го соблеков еве со боди на кратки, панталони и чорапи а спие со шпикозни и боди на долги (непокриен) Што мислите?
Исто е и кај нас деновиве од парното па преку ден само боди по долги и некад чорапи некад не, а невечер само шпикозни и со тенко ќебенце или боди по долги и тенки долни пижами. Претопло е стварно, гледам дека не трпи бебево и затоа не го наоблакам. Плус и ние двајца сме боси и по тенки пижами, по маици на прерамки, ми нема логика за повеќе
Супер ова го очекував како одговор, мислев да не му е ладно, бидејќи до сега ни беше дома 22-23 денски и беше по шпикозни/комплетче + боди на кратки, а еве од денес некако ни е прежешко и прв пат да го соблечам во еден слој, па ми е страв да не му е ладно. Значи горе да практикувам по долги боди место по кратки И ние дома сме боси, по кратки горе и долу И моето приметувам дека не трпи многу жешко, кога ќе се вратиме од надвор додека се соблекувам јас тој веќе почнува да кенка бидејќи е во јакна
Зашто да практикуваш по долги, штом вие сте дома по кратки? И ние сме со парно и бебе е облечен по боди на кратки и доле хеланчиња/тенки тренерчиња кои до вечер најчесто морам да му ги слечам пошто не прекинува со кенкање.
Дома ни е 21-23° преку ден, бебе е на боди на долги и пантолонки со чорапчиња, само кога заспива ја покривам. Мрази жешко. Кога ја облекувам за да излеземе додека да ја средам почнува да плаче оти и е жешко За спиење е на боди на долги и шпикозни на околу 20° и борба е со ќебенцето. Мора да заспие убаво за да ја покријам...
А за денски надвор овие денови како ги облекувате? Околу 15 степени беше денес, му облеков боди на кратки, блуза и тенка јакничка ама како да му беше жешко.
Можеш и по кратки, зошто да не. Јас дека надоле не му облакам ништо, знам долги нагоре само. Иначе ќе приметиш ако му е ладно, меше, грб или гради ладни значи ладно му е. Мојов го глеам се вцрвенува во образи и преочигледно е дека му е топло.
Јас со цел памет во плишани шпикозни ја облеков. Ама па и јас се облеков во блузон и јакна за на ветер. Се мислам утре во што да ја облечам, не ми е за по тренерка
Ја бев на тенка блуза и палто, се сварив, а очигледно и него му е топло. Нит си да го оставиш поголко, нити па да го наоблечеш. Утре се мислам дукс да му облечам место јакната, или па џемперче.