Ние се грееме со парно и навистина е топло. Бебе е 9++ и е постојано на земја. Му облекувам боди по кратки/долги (зависи во кој период од денот) и тенки пантолони. Чорапи и да му облечам, ги слекува. За надвор исто ко за дома плус маичка на долги, оние чорапчињата со гума долу, јакна и капа (плетена/памучна зависи од време). За спиење боди на кратки и тенки пижами. Го покривам со тенко муслинско ќебенце, ама со оглед на тоа колку се врти и спие немирно, исто ко да не го покривам.
Исто беше и кај мене на почетокот хахаха мм само викаше ладно му е на детето облечи го, чорапите најбитни. Сега јас и да му облечам чорапи, он му ги соблака, втор слој облека за по дома ни под разно не дава, сфати дека е топло
Мојава од прв ден е се исто облечена. Боди на долги, тенко блузиче и доле тенки панталончиња, или шпикозни исто по тенки и чорапчиња. За надвор исто плус скафандер и тенко капче. кога е ладно ја покривам кога е како денес си седи така. Хулахопки у 3 месеци ни еднаш не сум облекла, чорапите секогаш ни се некаде на земја/под неа-нсд неа. Дома климата ми е на 24 константа, знае и на 22 да биде кога е како денес.
Ние исто сме на парно. Преку ден температурата е оноло 23-25°. Цефките од парното ни поминуваат доле и цел стан ми е со плочки. Бебе преку ден е облечена боди кратки, тенка блузичка и пантолони. Без чорапи, боса е цело време. За надвор и облекувам тенки памучни хулахопки под пантолоните, јакна и патичиња. Капата почна да си ја вади сама па сега без капа шетаме. За спиење боди кратки и вреќа за спиење.
Кај нас е доста поладно дома, ако му дојде потопло одма луфтираме или ќе почне да вриште. Макс 22 степени трпи со боди на кратки, тенко блузе и тренерки/хеланки и чорапки, едвај и толку. За спиење ја оставам климата на 18 степени, а некогаш и ја гасам. Спие покриен со ќебе, нит дебело нит тенко, инаку се поти.
I mojata e na pod,imam podlogi, tepisi ama taa na parketot najvise sednuva. Nie sme na 1 sprat i pod del od stanot e prolazot prema parkingot...kolku i da gream doma so parnoto dole e poladno. Doma si e bodi na preramki,hulahopki i trenercinja ili pamucna spihozna. I corapcinja so guma za da ne se lizga mnogu....10.5 meseci e Za nadvor isto samo jakna i kapa i vo kolicka so vreka sto e. Ako e epten poladno i skafander poso ne doseduva vo kolicka
Значи мојава е најгола Дома ни е 23-24 на оган сме, облечена е на боди со прерамки ама од овие подебелите прерамки и рамињата што ги прекрива цели, памучна блуза и хулахопки само и пак е жива вода цело време е во покрет и не застанува. За надвор хулахопки, термо тренерки и јакна. Ич не сака да е наоблечена ептен е саклетџијка. Од чорапи за по дома се откажав само трчав по неа да ги облечам,цело време и беа соблечени.
Мојава е најгола дефинитивно. Само боди на долги и панталончиња. Ни чарапи ни ништо. За спиење боди на долги и долни пижамчиња ама се покриваме и двете со јорган на тач држи топло. Знае да се испоти и вака облечена
Денес на временцево како ќе ги облечете бебушите? Дремам пола саат и а фатам нешто викам ќе и студи, друго топло ќе и биде и плус дека малку шмрка со носот 1000 пати се предомислив
Сега излеговме боди по долги, доле тренерчиња подебели и топлинки, јакна тенка ама мекана што доста топли. Претежно сме на сонце, ако прошетаме под сенка или ако дува ветер му ја ставам капата од јакната
Исто како вчера, тенки тренерчиња со долна маичка. А одозгора ептен тенко исцело скафандерче. Со кебе или вреќата на количка (на места е топло, на места ладничко)
Ние бевме цел ден излезени. Носеше боди на долги, блуза и дуксер нагоре. Надоле тренерчиња и од тие чорапките со гума. Не го покрив со ќебе, еден период и му го откопчав дуксерот, мислам дека му беше жешко.
Боди по долги и тенко памучно елече горе, долу тренерчиња тенки и чорапчиња и скафандерче оние како овчичка што се тенки. На главата тенко памучно капче. И не беше со ќебенце покриен туку само со тоа од количката како прекривка тенка што е.
Неможам на панталонки по дома не сакам боса да е на нозете, чорапи не и стојат подолго од 2минути, а имаме плочки и мраз и стануват стапалата.
Боди, хулахопки, чорапи и тренерчиња по долги. Дома ни е 22-23 степени а малата ми е 4 месеци. За спиење боди, шпихозни и чорапи во спална е 20-21 степен. Мислам не претерувам со облакање.
Za vcera isto toplo bese....bodi na preramki siroki, hulahopki, fustan, paticinja, kaputce i vo kolickata imam vreka zimska.
Мојава вчера за шетање најгола беше. Боди на кимони, панталонки, блуза и џемпер, не е дебел. Чорапи на нозете и од оние со гумичка на стапала. Не беше покриена во количка. Топло беше. Видов дечиња во зимски јакни и покриени со зимска прекривка во количка. Премногу е тоа.