Женски а памучно капче на температурите како вчера им облакате? (Вчера беше окулу 19 степени) Јас од дуксерот само му го облеков и ептен сум во умисла ако е топло како вчера дали да му облакам
Јас си го облекувам со боди на долги и пиџамки, памучна капичка и го покривам со кебенце во собата температурата е 25 пошто е бањанко и секое утро му е затнато носето, а дење боди на долги и тренерчиња
Капче може саат време да.поноси и писле вади ја, нема потреба да ја носи, и во болница така ни кажаа, јас до месец дена му ставав капче и тоа во јануари, сега не ставам капче после бањање, не го тунтај толку детето, и 25 степени ти е многу, 21,22 макс
Јас не сум ставала капа дома никогаш, у декември е родена. Ај шо мрази капчиња од раѓање, и за надвор беше војна за ставање ама за дома стварно мислам дека нема потреба да му ставаш. Сепак ти си знаеш на крај
Ако веќе го облакаш вака тогаш намали температурата на 21-22 макс. А на 25 степени моето е само на боди и панталонки.
Тоа е премногу за надвор периодов, а не па за внатре на 25 степени. Мајка ќе го разболиш бебето така, или намалете температура дома или на таа температура само еден слој облека и без капче. Некој погоре имаше пишано, носето му е затнато од сув воздух
Климата дома нон стоп пуштена на 22 бебе седи по хеланки/тренерки боди и чорапи некогаш-некогаш не пошто луѓе мн и се потат нозете. Мислла ми е сеа да не е малце читајки вака
Не е малце. Кај мене е исто облечена и нон стоп е без чорапи ако и облечам си ги трие нозете додека не ги соблече Капче никогаш не сме ставиле,нараквици ни машничка а изнакупував полно кукули ептен мерак ми беше. Бадијала ..
Парно нема сеа и моево по цел ден е само по боди на кратки и долни пижами и босо, а за спиење само шпихозни А во октомври кога се роди само по боди беше цело време Дома со парно е 25, без е 22-23
Мојата е родена крај на октомври па у сред зима со клима се греевме беше по боди на долги и шпихозни тенки не сега да ја туткам. Еднаш у животот и облеков хулахопки по дебели само нив за фустанче одозгора и тоа и е врвот со хулахопка сајл Јас машнички и немам капчиња само за надвор
Фала ви многу јас од што се плашам да не се разболи го тинтам толку. Денес кога ке го однесам на шетање ке му облечам само боди на долги и тренерчиња и кебенце под него подебелко ако ми застуди да го покријам. Зошто за денес најавуваат 23 степени