Депилација, пилинзи, маникир и педикир, малку пешачење или возење точак за затегнување на телото, и секако шопинг.
Депилација обавезно нели,ако имам прилика одам на базент да фатам малку боја,оти сум бела,многу бела и само горам ич неможам да фатам убва боја ,косата обично не ја шатирам нити кратам пред одмор-тоа го правам задолжително кога ќе си дојдам од одморот
Веќе сум издепилирана ,уште во саботата ,го офарбав само коренот на косата пред недела,никогаш не се фарбам и шишам пред одмор,секогаш ја освежувам после одморот,оти морската вода нели ја оштетува бааги косата па и сонцето,затоа нема што да се средувам пред одмор И да,мала диета не е на одмет пред одмор
хммм па диета,си пија вода многу за намалување на целулитот,несакам да искочам како портокал на сред плажа пред толку убави машки пуштам коса,и не идам на фризер пред одмор,едноставно си ја оставам косата да ми порасне и ја оставам пуштена малце да ми се одмори од толку фенирања пеглања.. А да,и идам на шопинг обавезно
Комплетна депилација, педикир, маникир ( дома сама си правам) Трчање на кеј, вежбање дома, внимавање на исхрана..
Неколку месеци пред одмор се шишам ама само доколку ми се оштетени врвовите бидејки мрзам кратка коса и гледам што подолга да ми биде ( не ми смета за одржуванје летно време) маникир, педикир, депилација .. и мн пазам на исхраната неколку месеци пред лето, обновивам облека ( зависи ) и така...
Уште од сега јадам повеќе, бидејќи си сум слабичка, потоа јуни некаде ја стрижам косата, купувам купачи, земам книги за читање, облеката од обмор ја купувам најчесто, веѓите ги кубам и така.
Малку поинтезивно вежбање , пилинг, педикир, маникир (дома), депилацја и тоа.. Косата ја фарбам и шишам после одмор, затоа што и така од сонцето ќе ми осветли, ќе се оштети и џабе, и така тами собрана ја носам, па кога ќе се вратам ја освежувам, само за да не се оштети претерано еднаш додека сум таму ставам ампула, и обавезно регенератор некој подобар.
Преку година ако забушавам со вежбањето неколку месеци пред да одам на одмор интензивно се фрлам на работа , некогаш и по некој пилинг знам да си направам , нормално се депилирам секаде , косата си ја фарбам 10-5 дена да не ми изгори одма од фарбата па на сонце , си се лакирам така посвежо и летно и така
Додаток во исхраната (суплемент) значи никогаш нема да научам како се прикачува слика сеедно се добива поубава боја со сончањето а и ако се внесува редовно и доволно има функција на природен одбрамбен механизам на телото од штетните зрачења од сонцето.Се продава во аптеки и цената зависи од производителот, јас имам земано пред две години од ова горе на сликата мислам дека беше околу 300ден. Но го има има и во зеленчукот и овошјето со жолто-портокалова боја, најмногу мислам дека го има во морковите. На темата... Па посебно подготвување немам, сега сум во специфични услови и сигурно нема да правам некои работи но ако е се како што треба, една недела припазувам на јадењето во смисла да не јадам храна што може да ме подува повеке на овошје и зеленчук, телото со шопинг не го подготвувам но јас лично дааа друго се е како и секогаш, пилинг, маски, депилација, маникир и педикир.
Го видов насловов и одма ми текна на: имам тело и одам со него на одмор. Единствено што мавам една депилација пред одење, и тоа е тоа, какви други припреми би ми требале?