Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го поминавте 1-ви Мај?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од s.u.n.s.h.i.n.e, 1 мај 2011.

  1. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Епа арно беше пошто дечко ми не е тука не ми се одеше никаде ама се прошетав до водопадите :D
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Па супер, се преспав дома, се одморив, со гости, на гости, на шопинг и спремна за нова работна недела :)
    Планираниот пикник во природа може ќе се изреализира идниов викенд, зашто и онака работите се купени, а времето не не служеше викендов. Плус на ветриштата, дожд, мокра почва, не се оди со бебуле мало, не е мое :lol: . Како и да е мевцето ќе се изеде кога тогаш, а и онака прасечкото дома беше супер, па не ми фалеше скара :D
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Со друштво, во село, прејадено и со добра количина пиво... Пиво :inlove:
     
  4. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Ништо посебно, од премногу мислење накрај во Скопје си отседов
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Отидов во Охридон со надеж дека времето ќе биде убаво, па да мрднам некаде. Ама ни пропадна планот, се тури од врнење сабајлето. И дома си останав, си се наспав, си почитав книга...и така.... :)
     
  6. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    ништо посебно,како и секоја недела,не бевме никаде,си имавме само малку побогат семеен ручек и тоа е тоа ;)
     
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Прекрасно...3 дена со дечкоми во неговата куќа во планинско село.... живот ! :$ :* :angel:
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Еуфорично.
    Во автобус кон Будимпешта со повеќето од луѓето кои ги сакам.
    А која само носталгија ме фати на први јуни кога го имав најтешкото испрашување. Во исто време кога требаше да ѕвони да почне часот, напишаа на табла овој ден, претходниот месец. :@
     
  9. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Најубаво до сега ми бил овогодишниов 1 Мај, бевме 25 души, правевме скара на Марков Манастир и екстра беше :D ама се знае тоа т.е. бар јас така мислам: битно е друштвото, а не местото :D
     
  10. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Најубаво, со луѓето што ги сакам во Катланово во викендица, два дека бевме и преубаво поминавме :) многу убави спомени :)
     
  11. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    После неколку години монотонија 1-мај си го поминав убаво.
    Под Скопска црна гора-Мирковци на излетничко место кај манастирот Св-Илија до кафеаната Чардак.
    Два пара бевме и најубаво со скара салата,ракија,после ручек пиво,оро песна милина.
    Во кафаната на кафе пред одење па и таму завршивме со алхокол,играње танцување убаво време се на се од вшерашниот ден сум задоволна.
     
  12. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Доста интересно и многу изморено ;)
     
  13. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Па толку убаво што овие два дена примам инфузии :( :puke:
     
  14. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Па... Се беше убаво, убаво почна ама не заврши како што требаше :/ Во целина јас сум задоволна, убаво си поминав. Бев во Берово, скара, трубачи, алкохол... Не се жалам, ама разочарана сум од некои работи :)
     
  15. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    Убаво во Охрид си се изнашетав :)
     
  16. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Прекрасно си поминав оваа година. Времето беше ТОП. Вакво време за 1-ви Мај не памтам да имало добри 3-4 години уназад. Значи одбрано друштво, музика, караоке, викендичка, ливада, пиење, јадење. Со еден збор Н Е З А Б О Р А В Н О !!!
     
  17. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Како што реков така и сторив. Бев девојката со точакот.
    Се прикрив со цвикери и капче и се осеќав ко селебрити. :D
    Јас и Скопје заљубени пар. :inlove:
    Пусти улици, малку автомобили, пешаци уште помалку.
    Ги впивав сончевите зраци и се опивав од мирисот на градот. Со часови.
    Од пред Луна парк си купив шеќерна волна. За првпат видов жолта шеќерна волна, ама сепак останав верна на традицијата и си земав розева. :D
    Си седнав на една клупа и си се насладував набљудувајќи ги луѓето и природата околу мене. Уживав.
    Направив крукче и кај фонтана, но таму глетката беше не така сјајна. Мислам се беше ок, млади луѓе си уживаат, сите насмеани, распеани и весели. Но ѓубрето што беше расфрлано насекаде ми бодеше очи и покрај тоа што си носев шизичка цвикера.
    Уморна и среќна си се вратив дома.
    Ете така.
    Незаборавен 1-ви мај - ми мајселф анд ај. :rock:
     
  18. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    46
    Со оглед на тоа дека имам 13 години,но не сакав да бидам со мајками и татко ми,јас повикав неколку другарки во викендицата на моето семејство,но во близина (со соседната викендица) беа мајками и татко ми :)Времето ни се погоди,супер си поминав :)
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Имав прилика да видам како се живеело во минатите векови-црпев вода од бунар, седев на ниски дрвени столчиња и одев во полско веце без казанче :devil:
    Се на се, многу лошо :envy:
     
  20. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    многу интересничко, за малку ќе се удавев :D :D :D додека си пливав јас така, на некој му текна да фрла камења, и оп, право кај мене во глава :) среќа откако паднав одма некако изреагирав и се освестив, инаку, толку ќе ми беше :) после ми се извинуваше тој сељакот, и така. уште имам последици, нозете ми се лом од тоа камењата во реката. абе циркузи :lol: