Барав ваква тема но не најдов. Ја отварам за да споделиме искуства за тоа како го поминувате месецот во однос на финансиите. Дали ви се доволни платите за да го поминете месецот до наредната плата, дали некој ви помага,што доколлу останете без пари до плата,како се снаогате,од каде позајмувате..? Еве лично за мене, моментално сум невработена(додека бев вработена земав околу 18 000 и се гураше некаако)со едно дете, сопругот зема 30 000,од кои 7 000 одат за кредит,другите што преостануваат воопшто не се доволно за до наредната плата,па затоа многу често ни помагаат родителите (моите и неговите). Што се однесува за греењето во зима,потрошивме околу 45 000-50 000 денари за пелети. Знаејки ги смешните плати во нашата држава(со чести исклучоци за некои што земаат солидни плати) како заштедувате пари за одмор, пари за греење итн.?
Прво да кажам нешто. Пишавте смешните плати а читам обично земате над 35 000 ден. После да прашам колку сакате за да поминете од еден до друг месец? Најпосле да споделам за една цимерка која живееше во стан кај братучед ми работеше во Веро земаше 15 000+ и до пола месец ги немаше. А само за себе трошеше. Е ама секој ден морало кафе морало шминки морало облеки шопинзи... Епа нема сестро. Не е крива ниската плата. И друго да кажам. Маж ми пред 2 години земаше 10 000 - 12 000 ден оти миниманата беше тогаш 10 100 а јас непријавена земав 8 000 и врвевме. Додека земавме таква плата купивме телевизор гарнитура клуб маса шпоретче... После јас се вработив во друга продавница земав 9 000 кај маж ми ја покачија миниманата па земаше 15 000 бидејќи и функцијата му ја сменија. Секогаш имавме да поминеме од месец за месец. Не останувало којзнае што. После јас сменив работно место земав плата на почеток 12 000 а маж ми 17 000 бидејќи имаше и бонуси. После извесен период јас земав 14 000- 15 000 маж ми 17 000 - 20 000 и башка тоа што што 2 години кредити плаќа. Ете секогаш ни стасувале. Свекор ми па за чудо никогаш не му стасуваат. Сам работи земаше 30 000 плус 10 000 пензија од татко му. После земаше 40 000 сега скоро теренски неколку месеци зема 60 000 и не му стасуваат. Му зема на маж ми заем и ни должи за два месеци 20 000 ден. Е сега со деца трошоците се поголеми за тоа има посебни теми тука. Ама кој сака луксуз колку и да му дадеш не му е доста. Вистината е дека трошоците се големи а за овие трошоци платите ни се баш кнап. Ама со добар распоред на примањата можат парите да стасаат. Тешко е што не можеш ни минимално да заштедиш а непланирани трошоци многу често излагаат
Што те чуди.. знам каде во заедница, зимале 4-5 плати(пензии) од по мин 22 000 значи околу 90 000 приходи месечно и пак не им стигало. Не знам како живееме ние кои немаме ни пола од тоа што некои имаат, а пак ништо не ни фали. Не дека не е скапо и дека не се трошат парите.. Ама денес нема да седнам во кафич и да платам 100 кафе, ќе го земам од автомат и ќе го платам 20..
Факт е дека се мали платите. Минимална е 14 500 и јас да земам толку и да преживеам сама во месецот само за храна, сметки и некои додатни трошоци како стоматолог на пример? Нема шанси. Мајка ми вика епа не стигнуваат ако сакаш да готвиш со маслиново масло, земај сончогледово рафинирано. Е земај ама сакаме здраво да се храниме. Мене ми е битно и на долг рок да функционираме. Не ми се свиѓа нашиот менталитет "ќути има и полошо". За да се храниш здраво и разновидно во месецот, да плаќаш сметки, стоматолог, фризер, облека, за двајца луѓе јас мислам под 35 000 не се поминува. Нормално живеење мислам, без расфрлање и без ручеци во ресторан секој втор ден. Е тек ако земаш над тоа може да заштедиш за одмор. Ама ако имаш дете тешко.
Добро е. Не се расфрламе со пари. Не е морално да се оди по кафани, ниту по одмори. Знам луѓе кои земаат добри плати, ама пак не им стасуваат. А зошто? Затоа што научени се да се луксузираат...секој викенд се некаде отидени, секој втор ден се купува гардероба, мора да се отиде на одмор на луксузна дестинација, и др. И после се чудат како да го поминат месецот.
тоа и јас сакав да го кажам. Не велат за џабе пушти ги носете колку што ти е долга чергата. имаше на стенд ап комеди Марјан Георгиевски вика земи кредит појди да се сликаш со камили уживај 10 дена и после 10 години плаќај го кредитот. Со 15 000 тешко да се помине ама веќе од 20 000 со добар распоред може. И ко ќе размислиш... Не е толку скапа живеачката. Лебот и порано бил 20 и сега. Ама мора секој ден да се оди на кафе шта више дури и 2-3 пати во денот. Козметика креми чуда морало да се од 500 денара оти не може од ефтините. Гардероба... Па едни тренерки фармерки блуза не траат еден месец за секој месец да се купува. Или на детето морало да му се купи облека од некоја брендирана марка шта речи. Вистина да е квалитетно и убаво ама ќе го одрасне за брзо не мора чорапи од 150 денара да му се купува. Искрено
Сметките ни се околу 100 евра месечно. И 100 евра рата за кредит. Гориво месечно ставаме околу 4000 денари. Тоа што ќе заштедиме иде на регистрација на кола најчесто. Задњиве 2 години на одмор идеме со к-15 што ќе земеме. Заеднички примања со мм ни се 1000евра месечно. Знае да остане, знае и да снема, зависи од месецот.
Мене ми стига ама јас сум во странство. Плаќам кирија + сметки тоа е 350евра. Плус храна тоа се 500 евра. Ми останува во зависност од плата, а месечно ми варира во зависност колку смени ќе земам. Но, јас не работам по 8 часа туку 12,14 часа дневно и нормално дневницата е поголема.
Секој има различни потреби и различна претстава за тоа како сака да си го тера животот и нема што вие "економичните" другиве да ги правите дека се неспособни да ракуваат со пари. Некој сака да касне нешто повеќе од пржени јајца, да облече добро парче облека, да мрдне подалеку од родното градче и тоа е сосема ок. И повеќе од ок.
1000€ месечно и да снема еве мене ми е незамисливо. Можеби бидејќи сум научена на скромен живот. 100€ сметки + 100€ рата + 65€ бензин = 265€ 1000€ - 265€ = 735€ остануваат Од тие 735€ нешто ќе заштедите за годишната регистрација. За одмор не тргаш, велиш одите со к-15 што ви даваат. И значи ви останува добра сума пари за јадење, за облека, за средства за хигиена. Како успевате да ги потрошите сите пари, да не заштедите ништо, освен за регистрацијата, па дури и да снемате? Па луѓе со упола примања од вашите успеваат да го истераат месецот и да им остане нешто.
Искрено и јас се чудам некогаш. Облека ретко купувам за себе, за малата повеќе. За мене на попуст и неколку работи носам. Облека, пелени и козметика нека се 100 евра месечно. Просечно. Фрижидерот да се наполни за 1 недела е околу 2000 грубо. Минимум. Средства за чистење и перење. Плочки, кујна, купатило. Овие траат ама се троши и за тоа на 2 месеци. Тековно пазарење јајца, леб, месо, млеко, јогурт не сум била под 700 денари. Секои два дена. Гости да дојдат ордевер да се напраи исто кошта. На гости да отидеш бар за дете ако има нешто купувам. Родендени, слави, крштевки. Пауза на работа ми е 100ка. 2000 месечно. Маж ми исто - уште 2000. Цигари пушам плус. Барем еднаш искачам во град со другарки и таму 1000ка. А искрена да бидам, не штедам. Не сум по штедењето. И во минус знам да отидам. Абе се трошат. И ја некад се чудам кај одат. Ама одат.
Еве ти еден голем трошок, за џабе горење пари. Тие пари или заштеди ги или за нешто попаметно потроши ги. Порок е пушењето, тешко се откажува. Нејќам да ти солам памет, ама мене ми е жал за цигари некој да фрла пари. А за другите трошоци ете сега откако си кажа подетално посфатливо ми е
Некогаш и јас си го зборам истово што ти ми го кажа. И со мм сме збореле. Инаку, не пушев 1 година и нешто. Пак ништо не заштедив Сме биле и со помалце и тогаш пак сме го проаѓале месецот. Едноставно човек се прилагодува на моменталната ситуација и финансии.
Крпиме некако. Маж ми зема плата, јас земам за трето дете знаеме колку е 8000. И плус приватно подработува мм. Среќа што има таква флексибилна работа, па има време да работи и друго. Засега,не сме останале без пари, фала Богу. Право да ви кажам, штедам на трошење пари на глупости. Чоколади, бомбони, грицки мицки ако излезам со нив до продавница ме кошта 500и повеќе денари. Поарно ќе земам јаболка и портокали затие пари. Си пазариме еднаш месечно скоро се. Си готвам секој ден. Башка секојдневни работи купуваме.Штедам и на алишта задецава.Може ќе ме наречете лоша мајка ама навистина да дадам 1000 за комплетче кое ќе го носи два месеца не давам.Плус, се што беше здраво си износија сите. Џабе ќе фрлам пари за два пати облакање. По ресторани ретко одиме исто к по кафиња ама знаеме еднаш неделно да нарачаме пица или друго готово. Може имаме среќа што живеме во помал град па се е поефтино. На одмор одиме, имаше години кога не можевме да си дозволиме ама фала богу имало крај на тоа. Кога ќе почнам и јас на работа ќе можеме и да штедиме повеќе. На децава им имаме отворени книшки иси имаат добри суми. Секој сака да е најубаво облечен, да јаде по ресторани, да шета секојвикенд аама треба да се мисли на иднината. Ако не мора јас не би се задолжувала со кредит олку млади. Или да се топорам секоја свадба, роденден се ново, шминки фризури и после да се думам дали на децава ќе имам млеко д им купам. Животот кај нас реално е скап спрема платите што ги земаме и мора секој денар да се планира.Колку имам толку ќе трошам.
Да си кажам за себе. Не јадам леб и маргарин секој ден, ама не ми е приоритет одењето по одмори, зимувања, кафани, купување гардероба, одење на козметичар...тоа ретко го практикувам.
Сум ви кажала дека имам сестра? Епа..ептен сме различни. На неа и е битно три плакара фул облека, а храна може и паштета да се јаде. Јас можам и цело зимо во 3 џемпера ама ако немам овошје и зеленчук ќе споулавам. Она би десет пати летово неа Потидеа, јас еднаш на бали. Пушач сум и не сакам да чујам некој да ми збори дека можело да не пушам зошто одговорот е-и ти може да не јадеш бубрези па јадеш. А темата уствари е како до крај на месец. Може назад да се вратиме, а ?
Си слушнала за двајцата пријатели и ферарито? Едниот(пушач) му се жали на другиот како не може да заштеди ништо. Другиот (непушач) му вика да ги откажеше цигарите пред многу години сега ќе купеше ферари. А тогаш пушачот му вика: Ако е така, кај ти е тебе ферарито?