Како го поминувате месецот финансиски?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од AngIv, 22 февруари 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Тие што навистина имаат ниски примања, ќе им биде незгодно да пишуваат на темава.
     
    На christinnn, SummerGirl и Mami3 им се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    На темава имам баш да си пишувам. Лично месецот го поминувам многу тешко. Кредити, трошоци околу дете и домашни режиски , колку сакаш. Башка едно влагање во маркет ете 1000-1500 денари. Режиски трошоци месечно оклу 200 евра. Кредити околу 250 евра. И толку е. Ме фрустрира факт дека работам, а неможам да си приуштам работи.
    Лично за мене не е живот само да преживееш, т.е. да не липсаш за лепче месецов, туку и квалитет на живот да се има некаков. Кога ќе ми текне само на каква нога живееа мојте од работнички плати, за споредба со мене сега, ме фаќа мука.
    Ручек во ресторан, автомобил, одмор во хотел, неделно театар, опера, саглам книга да си купиш месецов или добра седенка со пријатели, воопшто не се луксуз, туку квалитет на живот. Исто бар еден курс за дете или квалитетна обувка или облека за дете не е луксуз. Одмор на море или планина на зимо е чисто вложување во здравје. Пак ќе речам работам ко воле, секогаш кога можам фаќам и хонорарни тезги, и пак ништо од ова што си го приуштиле моите , горенаведено, не можам да си замислам а камо да си пружам. Цел приход на животарење ми оди. За живеачка нема пари кај мене.
     
    На Kitten, emiliana, Lolipop23 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Сако кај нас луксуз е одмор еднаш годишно или ручек во кафана еднаш месечно.
    Еднаш да излезе цело семејство на ручек па ќе се слика, па ќе се означува, па комшиите зад грб кажуваат дека се расфрлате со пари, па коментари под слика Ееее живејте си го животот....

    Ако животот се живее со еднаш месечно (дури и поретко) одење во ресторан цело семејство, тогаш ок, толку сме заслужиле ваљда сите општо како заедница.

    Сите исто работат по светов.
    Исти позиции, исти работни саати, исто рмбање само што во развиените земји за истиот труд ќе земат 10 пати повеќе, а во мизерни земји ко Македонија ќе земат 200 евра колку да не се без ич...или 300 евра е премија...богат си и не се жали.

    Пошто не сум уште во брак и немам деца, платата ми стасува и плус ми останува. Можам да дозволам и ручек во ресторан, и одмор, и шетање, и поквалитетни алишта или шминки.
    Ако пишам заеднички примања со дечко ми ќе излезе дека сме милионери во споредба во македонските плати.
    Е сега даноци и кирии се поскапи, посебно дека не сме во брак, ама пак има за се да се подмири и пак да ти остане за нормален живот.
    И на луѓе со деца со истите примања им остануваат пари за нешта кои во Македонија се сметаат за луксуз, пошто земаат детски додатоци, така да и ако се решиме за сопствено семејство не верувам дека луксуз ќе ни биде еден ручек во ресторан.

    Навистина ми е жал што луѓе по конфеции или фабрики земаат околу 200 и нешто евра плата, а работат буквално исто физички тешко како и другите луѓе по развиени земји кои земаат по 2000 евра.
    Ебати таквиот кучешки живот со преживување и броење пари ден за ден.
     
    На Принцезичка1, candy.cane, slobodka и 16 други им се допаѓа ова.
  4. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Секој месец е различен, некогаш излегуваат давачки плус, некогаш можеш да одвоиш за "луксуз" (според некои), па да се почастиш во кафана со друштво...

    Според мене за добра живеачка на едно 4 члено семејство треба да се има примања над 1000€. (Кога велам добра живеачка, мислам на тоа да не трпиш за леб.)

    Ние сме 5 души, а примања околу 750€, трошоци 1000€ минимум...
     
    На candy.cane, SummerGirl и AngIv им се допаѓа ова.
  5. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    И јас сметам дека годишен одмор не е луксуз воошто.

    Ние кредити немаме, и имало месеци кога не сме штеделе, па едвај се поминувал месецот.
    Е сега со бебе е пак тешко, ама ептен по економично се понашаме. Прво ствари за бебо, сметки, храна, па се друго. Скоро никогаш не останува ништо за на страна.
     
    На candy.cane и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    со 735 евра не јадеш леб и маргарин. Со тие пари во ресторан се храниш.
     
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Никој не ви кажа да не идете по сто одмори и викенди и да јадете по ресторани, него да не се жалите дека со 1000 евра не можете да скрпите крај со крај, особено кога луѓе живеат и со 300 евра, а вашето е така од аздис, и ако малце се стегнете и си ја удрите главата каде живеете и колку ви се можностите, и колку сте уствари привилегирани у државава, може и ќе заштедите нешто.
     
    На Alisa22, LejlaD, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Samo zatoa sto rabotat isto ne znaci deka i proizveduvaat proizvod so ista vrednost i rabotat so ista efikasnost.

    Materijalno bogatite zemji se takvi zatoa sto proizveduvaat visoka tehnologija koja ne moze sekoj da ja proizvede a sekoj saka da ja poseduva.Eden Samsung cini 1000 evra.1 kg kompiri 100 denari.I nie mozebi ke imavme 5000 evra plata da znaevme da proizvedeme Mercedez,Iphone,roboti ili avioni.No ne znaeme.
     
  9. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Надвор од темава е ама верувај дека знаеме, ама за извоз. Мајка ми работеше во конфекција, шиеја кошули кои ги продаваше газдата 100еу.Значи една кошула. Плата им даваше од прво 6000и помалку, после 9, откако донесоа закон за 12 500ја затвори фирмата. Нашата држава има добро производство на земјоделски култури, има многу опции како парите да се вртат тука ама не. Подобро им е да се богатат само газди и политичари. И овие фабриките странски инвестиции што се. Работникот зема 15000едвај со три смени а некој си таму се богати на нивна сметка. Само жалосно е што сега кога идат избори народов наместо да бара права тој се тепа за такво работно место добиено партиски. Извинете на оф топик.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    До сега бев сама и платата ми стигаше, јас сум позната по тоа што не сум и некој голем трошоклија, секогаш трошев пари за најосновни работи што ми се лично мене потребни, дома не сум давала пари за ништо и затоа ми стасуваа за се, некогаш и ми остануваа, некогаш знам и јас да се опуштам и цела плата да ја потрошам во 2 недели и после да ми останат пари само колку за цигари да имам.

    Но сега ме очекува брак и заеднички живот, на пат е и бебче, мојот партнер работи и заработува солидна плата, но има кредит, дома сметки, и најосновни трошоци и ретко кога му остануваат за до крајот на месецот. И навистина не знам на моменти дури и се плашам како ќе биде кога ќе се роди бебчето, дали ќе врзуваме крај со крај или и ќе имаме малце и "луксуз" да тераме.

    Во план сме да одиме надвор од Македонија, па се надевам дека ќе успееме во тоа, бидејќи неговата работа во странство е 10 пати по платена одколку кај нас.
     
  11. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Stranskite investicii i doagaat tuka zaradi evtina rabotna sila i tuka nema zosto..se znae!
    A mk narod nemoze da se natprevaruva so plati vo Evropa,zasto sme dalleku od tamu.
    I da vlezeme vo eu,nie ke do umreme za leb zasto duri da se kaci standardot od 2milioni ke ostane 1,lugeto nemozat da go izdrzat toa nemame tolku uslovi i ne sme spremni ekonomski za toa.
    Taka finansiite na lugeto ke bidat uste ponedovolni za ziveacka i den za den ke bide normalno vo mk,zasto cenite ke rastat enormno,a narodot ke nema pari za da moze da si kupi osnovni raboti...
    Ako porano migrantite odea Germanija so polna torba pari,sega so otvaranjeto od mart site mk ke odat Germanija zasto mislat deka tece med tamu.
    Ne se prezivuva zasto denesnite deca of klupa izlezeni gi cuvsat doma i im velat "ne se macci majce za 15000 " sakaat dirwkyori da bidat na 18 godini,zatoa nemame nie uslilovi za nisto i nikad nema da ne bide.
    Pravam intervju za rab i mu kazuvas deka platata zavisi od nego licno kolku ke se pokaze,kolku ke nauci kolku saka da napreduva,ama.... ne im se raboti ni za 15 ni za 18 ni za 20 i kusur,epa taka nema leb...
     
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Имаш дете?
    Имаш фамилија што се издржува од твоите приходи или твојата заработувачка е твој џепарац?
    И нај повеќе од цел твој пост ме интересира следново, ако може да ми го образложиш: со што тоа сме ние како работничка класа ПРИВЕЛЕГИРАНИ.
    Благодарам однапред на одговорот.
    П.С. и што живот ќе беше тоа со 300 евра?
     
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Значи вие оценивте дека ние шо не се храниме по ресторани, не одиме на 2 3 одмори и немаме скапа гардероба, шминка, играчки за децата итн, да не набројувам.. немаме квалитетен живот???
    Фрижидерот ми е полн.. сметки платени, дете има се што му треба, била и на летување и на зимување.

    Ама сум била во приватна вила, каде 50 евра сум дала за цело сместување, а не 50 евра за лице по ноќ како во некои хотели.
    На летување пак во приватен апартман каде било 30 евра за 3цата со доручек, а не 60 евра од ноќ за еден.
    Облеката и од локалниот дуќан е убава, зависи од вкус.
    Посебно зошто мајка ми била во тој круг и знам колку таа роба во познатите марки е навистина квалитетна.
    Истите блузи сум ги наоѓала и во шутка за смешни пари.
    Прост пример е бижутеријата... која по бутиците има плафонски цени, а на пазар ќе ја најдеш по смешни цени.
    Скапо не значи квалитет.
    Маж ми зима 18000, сега ќе зима 22500..
    Во заедница сме, мајка ми не ни зима ни денар за сметки, ама затоа ние полниме фрижидер, средства и се што е потребно.
    Не дека не е тешко.
    Што е неквалитетен живот?
    Гола боса и гладна ли одам??
    Како треба да изгледа едно детство за да биде квалитетно?
    Која е таа играчка што е толку вредна и мора да ја има моето дете и како тоа ќе му помогне во животот??
    Зар не е побитно да сме здрави.
    Кога можам јас, можат сите.
    И да, сум си дозволила готова храна од надвор, и ресторан сум си дозволила..
    Ама не ми прави тоа толкав мерак...
    Дома сум, можам да зготвам, ама затоа кога ќе отидам на одмор имам за таму да седам по ресторани и да е прав одмор.
    Од ништо никогаш не сум морала да се откажам.
    Едно се желби, кој како сака да го живее животот и како би му бил квалитетен.
    За мене квалитетен живот е да сме сите заедно и среќни.
    А среќни сме...
    Нема да јаде киндер јајце оригинал, ќе јаде обично од 20 ден, ќе јаде секој ден.
    Да, за грев е моето дете ич нема квалитетен живот.
    Има многу за зборење.
    Ама сега да имаме ја и маж ми 1000 евра примања, никогаш нема да се пожалам.
    И не се жалам ни вака.
    Едино што ме боли е што повеќето пари ги фрливме по доктори и лекови, наместо да прошетам дете некаде плус..
    Тоа не е ради немање туку нашето здравство кое не тера да одиме на приватно во некои случаи, во спротивно може да не дочекаш термин.
    Знам дека е друго моево, сметките се изоставени...
    Ама сепак рачунам вака..
    18000 за трошоци, плус сметки околу 8000..
    26000..
    Нормален живот со сите луксузи што ние си ги сакаме.
    Ова за ако сме сами зборам.
    Дали би било убаво да се и повеќе.. да секако...
    Кој не сака повеќе пари.
    Ама јас пак ќе бидам истата.
    Пак нема да ручам по ресторани, пак ќе одам на одмор исто.
    Тоа се желбите што секојнод нас ги има, и се различни.
    Мене вака ми се допаѓа.. така сакам да биде и тоа е тоа.
    Ебате луксузи ако дома муабет не праиме и се караме за се нешто.
     
    На Принцезичка1, Dust, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Како дојде муабетот дека џабе луксузи ако дома муабет не правиме и се караме за се и сешто? Мислиш тие што имаат некои "луксузи" дома се караат за се и сешто?
    Мене ме нервира во темава препуцавање. Нема потреба тие што земаат помали плати да ги прават да се осеќаат лошо тие што земаат поголеми. Може некој сака секој ден во ресторан да јаде и може да си дозволи. Ако е некој "богат" не значи дека нема мир дома. Не го разбирам ова "ние имаме помалку пари ама имаме мир" е добро де и тие со повеќе пари имаат мир и тие со помалку можеби се караат. Тоа нема врска колку пари имаш. А реално да збориме сите да имаме многу пари сите ќе јадеме во ресторани. Замисли парите ич да не се проблем може и сопствен готвач ќе вработиш. Муабетот "јас безразлика колку пари ќе имам пак ќе трошам исто" е невистинит. Не знам зошто треба тие што имале повеќе пари да се осеќаат лошо заради овие што земаат помалку, демек разгалени, неекономични, не знаат да менаџираат со пари? Нема потреба од такви муабети
     
    На TashSefton, Feminka192, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не е темава за секаков народ да ја чита и пишува во неа. Едни едвај чекаат да видат каква ви е финансиската ситуација дома да поврзат работи од други теми и да комплетираат мислење за вас, други без осет каков е просекот во Мк ќе се прашуваат каков е тој живот со 300 евра кога тие едвај крпат со 1000, трети ќе читаат со грутка во грло, четврти едвај чекаат да го пишат фамозното -да не пушеше цигари ќе го однесеше детето на одмор, па дали одмор е луксуз или не...за едни е за други не е, нема само еден одговор, што не е јасно?
    Ете зошто не се зборува за финансии, или барем малку осет и да не се цитирате и објаснувате.
     
    На Принцезичка1, dunika, Alisa22 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Јас овде не зборам за други, зборам за мене.
    Го кажувам моето мислење.
    Секако дека ако сакаат луксуз треба да го имаат, ама тоа не значи дека ако друг некој го нема, нема квалитетен живот.
    За мене квалитетниот живот е далеку од тоа да имам да си дозволам некој луксуз.
    Не значи дека тие што имаат се караат дома, а има и такви. И обратно..
    Секакви има.
    Ама дека имаме неквалитетен живот, само зошто немаме скапа гардероба и многу мизерно за да се каже...
    Ако некоја купи денес штикли од 12000 и утре ми дојде и ми бара пари на заем, како да ги сфатам??
    Она браво има квалитетен живот а јас, мизерна сум??
    Јас зборев за тој дел. Па кој како сака нека сфати.
     
    На Dust, cresa-jagoda, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Секако дека ич нема врска брендирана облека со квалитетен живот. Ама не прочитав такво нешто некој да каже или дека е во ред некоја да купи штикли од 200 евра па да бара пари на заем, секако дека не е во ред, не знам кој би сметал дека такво нешто е во ред
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски
    Жалосно е што ручек во ресторани, одење на концерти и слични настани, имање пристоен одмор барем еднаш годишно го сметаш за луксуз. Не е тоа луксуз, тоа е право на секој човек. Ти не мора да го правиш тоа, ако не сакаш, ама не значи дека е луксуз. А кај нас на многу семејства им е луксуз да отидат пет дена на море во апартман во петти ред од плажа и да се тешат дека има и полошо. Не треба така. Треба да се смени тој мајндсет. Секој човек има право на пристоен живот без да се стиска дали утре ќе има за леб, еве, до крајот на месецот.
    Да не мисли дали ќе има за одмор, за лекови, за други потреби (што секако не вклучува скапа гардероба и слични глупости). А за тоа треба пристојна плата, што секако не е 300-350 евра, ама кај нас испаѓа дека е премија :( и треба да ќутиш ако земаш толку, демек доста ти е. Не може да биде премија плата од 300 евра за воспитувачка во градинка, за наставник, за лекар... Има многу професии со голема одговорност, а платата не го покрива тоа. Ама се трае, оти нели, има и полошо :x

    Човечкото око е ненаситно, не за џабе е кажано, и јас се сложувам дека џабе ми се луксузи ако нема мир во куќа, ама не значи по дифолт дека сите што имаат солидни примања по дома се караат и не комуницираат. Парите не се мерило за квалитетен живот, ама го менуваат.
     
    На Kitten, LejlaD, Thallia и 15 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Кој вели дека тие што имаат дома луксуз се караат и немаат мир ?

    Од каде таа ,,теза,, ?!
     
    На TashSefton, LejlaD, SuperGirl24 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Жалосно е што не умееш да го составиш постот поинаку и да не звучи ко да некој паднал од Марс и затоа не знае дека е ок да се руча надвор од дома или да отиде на одмор. Знаејќи ги платите пробуваш да глумиш спиритуален гуру кој ќе ги просветлува луѓето дека морето е потреба а не ко што ги лаже државата давајќи им минимална плата, дека всушност е луксуз? Каков мајндсет треба да има човек со помали примања? Да мисли дека заслужува и одмори и патувања и ресторани па да се фрли во депресија затоа што не може да си го овозможи тоа за себе и за семејството? Наместо тоа вели -среќни и задоволни сме со толку, имаме покрив над глава, јадење и пиење, 10 дена печење на сонце па и не мора, ок сме. Дај убеди го дека греши и расипи му го раатот.
     
    На emiliana, Dust, T.e.d.d.y и 8 други им се допаѓа ова.