1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го поминувате месецот финансиски?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од AngIv, 22 февруари 2020.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Токму тоа и го зборам...
    Место да се каже, супер сте биле на море, се вели, еј сте се задоволиле со малце... треба повеќе.
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    166.016
    Темата е како го поминувате месецот финансиски, не што според вас претставува квалитетен живот.

    Секој има различна перцепција што е луксуз, за мене може да е луксуз зимување, за некого е луксуз ручек во ресторан. Се што е некому недостижно е луксуз, некој ќе се фрустрира, некој ќе биде задоволен со тоа што го има. Ако се фрустрира- нека проба да ја промени состојбата, ако е задоволен- нека живее задоволен.
    Не на сите ни прават задоволство исти работи, различни сме и тоа е во ред.

    А впрочем и темава е така формулирана- како заштедувате пари за одмор и за греење? Ако некој има совет да сподели- ок, на пример се грееме на инвертор, имавме инвестиција толку, се врати инвестицијата за толку време, сега заштедуваме толку.
    За борба за работнички права, плати и мајндсет, веројатно има други теми.
     
    Последна измена: 26 февруари 2020
    На eli25, Kitten, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Да бидеме реални, со нашиве просечни плати луксуз е да отидеш на еден убав опуштен одмор 10 дена без да мкнеш компири и патлиџани со тебе. Цела година ќе штедиш и тргаш на страна за тие 10 дена да купиш гиро и да лежиш на лежалка а да не ти влага песок у дупе и праиме муабет за право на секој човек? Да право е ако има добри примања, еве јас не сум слушнал некој да не сака да отиде на летовање, зимовање и на шопинзи у Солун.
    Секој си постапува у согласност со џебот и ние неаме право да праиме ребаланси на туѓи буџети.
     
    На tamche995, emiliana, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.991
    Пол:
    Женски
    Никаде не реков дека не е убаво што некој се задоволува со малце, туку реков дека основни потреби ги сметате за луксуз. Секој човек има право на одмор, каде ќе го помине, негов избор е тоа. Ако сака повеќе, ќе се бори за повеќе, ако не сака, ќе остане на тоа што има. Има луѓе што работат цела година без одмор што законски им следува, и за минимална плата, еден ден одмор во неделата го смета за луксуз и тоа е сосема нормално кај нас. А всушност не е во ред. Таквиот мајндсет треба да се смени. Факт е дека има и полошо од кај нас, ама тоа не е причина да ќутам ако сакам повеќе, напротив.
    Човек што сака повеќе, ќе се бори за тоа.
     
    На eli25, tamche995, HaleemO и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    И ќе беше така муабетот, да не почнеа да убедуваат другите дека сите што заработуваат и трошат повеќе се недомаќини и расипикуќи.

    Па како не ви стасуваат 1000е на двајца, па пресметки, брцање во џебови, па ако не пушите ќе заштедите, итн, итн.

    Тоа не е безобразно?
     
    На eli25, Dust, tamche995 и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Во првиот пост пишав зошто не се збори или да се збори со осет. Важеше и за едните и за другите.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Во нашава држава добро позната финта е како и да стоиш финансиски, нон-стоп да кукаш за другите да не ти бараат пари, да те жалат наместо да те мразат, и да не ти праќаат негатив вајбс преку љубомора (y)
     
    На tamche995, Fallen.Angel, Ginger^ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    Гледај ги работите од поинаква страна. Не му остануваат нему со една плата Сега ќе имате две. Значи примањата ќе ви бидат повисоки. Ако гледаш дека него не му оди нешто со планирање на средствата тогаш ти превземи буџетирање по дома.
    И да надвор се повеќе платени луѓето, ама и трошоците им се повисоки. Не се цените како тука (освен ајде во Лидл и такви ефтини маркети ако се храниш). Не е се до примањата некогаш е и до начинот на трошење и распоредување на средствата.

    Така што со ладна глава разговор околу финансии и буџетирање и се ќе биде во ред.

    Инаку ние иамме високи плати за овдешни услови, па во споредба со друштвото кои исто имаат високи примања сме најнелуксузните. Не купуваме облека прескапа и пречесто, не киснеме по ресторани и кафиќи. Трошиме на одмори (ама исто како и тие). И за разлика од нив што мама и тато ги обезбедуваат со станови или се згалавени со кредити до гуша, ние успеавме да си го отплатиме пред време кредитот за станот и пак да си имаме за живот кој нас ни одговара и плус нешто да заштедиме.
     
    На Gosh, Snowflake97 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.239
    Пол:
    Женски
    Познавам луѓе кои се отепаа од работа во странство 20 години, никогаш не отишле на одмор.
    Зошто? Големи се давачките таму, пари за кирија, пари за гориво, пари за телефон, испраќање пари на децата во Мкд кои инаку се малолетни.

    Друго, постојано народот кука како едвај крпат крај со крај а одат на одмори, купуваат автомобили, најскапа гардероба.. Одморот за некого е луксуз за некого не е. Еве, за мене е луксуз затоа што иако имам солидна плата целта не ми е да ги испичкам парите за одмор туку затоа што имам други планови.
    За другарка ми луксуз е да пазарува и да остави 3000 денари во маркет или да седи во пицерија со маж и кај што ќе потрошат од 500че нагоре. Маж и инаку зема одлична плата а исто и таа, плус имаат две деца. Дури и додека ги немаше родено децата се што набројав за нејзе е луксуз. 200 денари за пица и е скапо па секогаш гледа да ја подели со некого. Ама тука не и се мешам, не можам и не сакам, нејзина работа.

    Имав дискусија со една жена која постојано се жалеше за нејзините примања и за примањата на сопругот. Еден ден ми пукна филм од нејзиното жалење и се осмелив да ја прашам како крпеле крај со крај кога се вратија од одмор во Хрватска каде беа 10 дена па плус и нов џип.
    Секако не ме интересираше не чекав ни да почне да ми објаснува но од тогаш нема спомнато ништо околу нејзините примања а колку што дознав и престанала да се жали.

    Јас со моите примања добро се снаоѓам, секогаш ми е приоритет да го снабдам фрижидерот или да платам сметки, да не чекам родителите да ми праќаат од Шведска иако знам дека имаат таму големи примања.
    Не секогаш фрлам големи суми за шминки и парфеми и гардероба, ресторанти и други ствари.
    Трошам за она што сметам дека ќе ми биде од корист и доста сум економична.
    И сега можам да си дозволам да отпатувам некаде, не сакам.
     
    На JoyJoy, christinnn, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Секако дека треба да си задоволен и нема ништо лошо во тоа да штедиш. Ама не да одиш наоколу и да збориш како си ти препаметен и најдомаќин, а тие што одат на одмор распуштени. Пошо во тој случај илу му љубомориш или си се утешуваш (лажеш) себе си дека немаш потреба.
    Едно е да си задоволен, а друго е да трпиш се' од секакви газди со размислување дека треба да се ќути пошо има и полошо пошо сите да размислуваа така немаше да прифатат работа за мизерни 200 евра па ќе видевме дали не ќе се зголемеше платата. Ете се одселуваат луѓе, куќа да сакаш да направиш нема мајстор. Епа да размислувавме сите така овде и да не прифаќавме секаква пиздарија од газди, да бевме побунтовни можеби ќе имавме сите за на одмор. Ама не ние ќути си цел живот, ее што се жалиш си видела во Авганистан како е, има полошо
     
    На slobodka и AngIv им се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.617
    Допаѓања:
    170.481
    Пол:
    Женски
    Кога татко ми остана без работа, дојдоа најголемите нервози дома. Ма и проблеми, и карање, и сѐ. Многу, многу лош период од детството. И тоа траеше неколку години. За среќа, помина, се извадивме од долговите, се смири и дома цела напната ситуација.
    Ве молам немојте со муабети дека тие што имаат финансии, немаат мир и среќа дома. Кога ти тежи над глава дали утре ќе имаш да прехраниш цела фамилија, и тоа како може да направи проблеми и тензија.
     
    На Принцезичка1, HaleemO, girl-miri и 20 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Цветче што се занимаваш ти со другите животи?
    Кој има, кој нема и такви ствари.
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    за годишен одмор да. Семеен па колку сака нека кошта. Па и да не е семеен,и луѓе без деца немажени неженети... Сите годишно заслужуваат еден таков одмор. Ама покрај можноста дома да имаш кафе а да одиш во кафич 3 пати во денот секој ден... И тоа не го бива. Ајде и одење по ресторани. Ќе се појде еднаш два пати ама мислам дека често се претерува со трошоци и на крај не се заштедува и едвај се поминува месецот.

    Предност имаат младите вработени кои не се во заедница. Тогаш е најголемата шанса да се заштеди.
     
    На nevermet18, eli25, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.239
    Пол:
    Женски

    Секој заслужува, ама не секој паѓа во несвест ако една година или две не отиде.
    Во животот има и други попаметни работи за трошење отколку целта да отидеш на одмор, за кој ќе земеш или кредит за курчење или ќе испичкаш сите пари заработени за да се фалиш дека си поминал квалитетно а другиот ден се жалиш наоколу дека едвај сврзуваш крај со крај.
    Ама да, тоа не е наша работа, како што и не е наша да слушаме секојдневно цвилење дека им снемало пари за да им се сожалиш и да им позајмиш.
     
    На marchi-cool, SummerGirl, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Многу повеќе превртувања со очи, многу повеќе осуди и спуштања муабети имам прочитано и слушнато од "домаќините" према прогласените расипокуќи, отколку обратно.
    Ниту еден подобро стоечки финансиски човек нема да го прекорува оној што има помалце, зошто не отишол на одмор, пошто знае каква е ситуацијата, а критики во друг правец има нон стоп.
    Не смееш да се пожалиш дека си слаб со пари моментално, ќе ти извадат извод на се што имаш потрошено, е да не беше на одмор - ќе имаше, да не пушиш цигари - ќе имаше, да не излезеше за викендот - ќе имаше.
    Со кое право ? Мораше ли да купиш нова трпезариска маса, со тие пари, на море топ ќе си поминеше? Кај се има чуено ?
     
    На TashSefton, Lolipop23, Herrera и 9 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    А јас имам такви во околина кои се чудат како некои успеваат за да заштедат. Е па ако за нив е приоритет за се отиде во кафана, наместо да се платат сметки, за мене не е. Ако имам ќе отидам, ако не, здравје. А не да се растрчувам и после да барам пари на заем.
     
    Последна измена: 26 февруари 2020
    На Цвет88, marchi-cool и bicycle им се допаѓа ова.
  17. SoNata

    SoNata Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Кога ја видов темава ми текна на една слика
    1-31.jpg
     
    На SummerGirl, emiliana, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Ние живееме под кирија. Киријата изнесува 150€
    Мојата плата е 15 500, маж ми зема околу 22 000, некогаш и помалку, кога нема да отиде на работа нормално му кратат. Кредит имам земено јас, 6000 за тоа ни одат. Плаќаме сметки ко и секој народ, некаде околу 6000 изнесуваат.
    Тешко е но го поминуваме месецот. На кафе и по кафани немаме отидено којзнае од кога. Имаме едно мало бебе, се приметивме дека откако си го донесовме дома не се расфрламе толку многу. Порано ќе видевме нешто во маркет, глупости, грицки,благо.. купувавме, сега само ќе свртиме глава, ајде може и без тоа. Мислиш на малото да му купиш. Воопшто не се жалам. Колку толку способни сме ќе заработиме. Сега три месеци јас немам земено плата, чекам од породилно да ми пуштат, ама се издржува. Помош имаме од неговите, ретко финансиски, ама имаат големи бавчи, не се мрзи луѓето и основни работи нон стоп ни носат, зимници, грав, компир, боранија,пипер, патлиџан.. Многу значи да не трошиш пари за тие работи..
     
    На SummerGirl, pianogirl, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.561
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам мнозинството од македонците одат на одмор во Грција, Бугарија, Црна Гора, Турција и евентуално Хрватска.. а да мкнеш компири во овие држави е еднакво на лудило, затоа што за иста или малку повисока цена ќе ги најдеш и таму. Проблемот е што така се научени постарите, да мкнат.. јас немам видено млади на одмор што цел Кам го однеле..
    Да не се правам паметна, на времето кога бев мала и одев со моите на одмор со кола и ние сме носеле по 2-3кг домати и пиперки, ама не и компири. Зошто? Затоа што имаат моите бавча и во неа домати, пиперки, краставици итн. Ако не ги собереме пред да одиме, ќе скапат. Вака ќе се изедат. Зошто да ги фрлат кога се мачеле за нив?! Не е дека сме оделе во маркет да купиме специјално за на одмор домати.. Истото мислам дека важи и за мнозинството од тие што носат такви работи.
    На лежалки искрено не сакам да лежам, што ако ми влезе песок во гз? Па јас за тој песок и тоа море сум отишла таму, не за лежалката. Лежалка имам и во двор.


    Е сега на темава..
    Моите и неговите примања не се баш фиксни ама трошоците ни се големи со оглед на тоа што ни кирија ни рата за кредит плаќаме
    Во таква ситуација сме моментално да мораме да регистрираме 4 возила плус трактор:D (facepalm) само на едно вадиме зелен картон и 50 евра годишна винетка.. Само за тие работи на годишно ниво ни одат сигурно околу 1100-1200 евра.
    За бензин и нафта подобро да не спомнувам колку..затоа што ни јас не сум броела баш, тури тури и пак празни се(facepalm)
    Одржување и амортизација се вонредни трошоци..не сакам ни да се потсетам..на таа преден диференцијал, на онаа филтри, на онаа пумпа некаква..аман

    Сметките за телефони, струја, вода, интернет, сателитска околу 7000ден
    За цигари му одат околу 4-5000 ден месечно..
    За јадење и пиење трошиме околу 15000-17000 ..
    Тука не сметам по една свиња што се коли на есен, плус 30тина кокошки, 10тина зајаци и едно јагне околу Велигден..плус што имаме домашни јајца, тестенини, сирење, кашкавал, млеко, домати, пиперки и такви градинарски работи.
    Некој ќе рече многу е, некој малку е.. ама си сакаме и лешниче и индиско оревче и пршута и винце и коњаче и се што ќе ни фати око..
    Готвено јадење за дома не купуваме никогаш, ако веќе нема ручек седнуваме некаде на ручек. Зимно време поретко, летно време некогаш и 2 пати неделно а некогаш и ич..ама ете 4 пати месечно во просек..
    На кафе/пиво излегуваме ако ни се излегува, а често не ни се излегува бидејќи сме преморени:D

    За дрва да не праам муабет затоа што не ги плаќаме, имаме наша шума ама за една грејна сезона 30м3 како ништо одат.. некоја зима и 35м3. Куќа е, не е мала и добро е и толку што трошиме(facepalm)
    Ама и за да се исечат и донесат до градов, пак си треба пари и плус шумската такса да се плати по м3

    Еднаш во месецот да отидам за Скопје без 3-4000 не сум..

    Сигурна сум дека без 800 евра месечно во просек не сме, а најверојатно и повеќе е.. плус месото што го спомнав погоре, а треба храна да се купи за да се изранат тие животни.. Така да не по врат - по шија.. ете ти ги и 900-1000 евра кога ќе го пресметам и горивото|( некои месеци и многу повеќе од тоа, ама што е тука е..нема бегање
    За облека и такви ситници - ретко купуваме, не сме мн по модата:lol:
    Секој месец има и некој вонреден трошок, роденден, свадба не знам што..

    Не сум баш љубител на зимски одмор, ама не сметам дека зимскиот а уште помалку летниот треба да се смета за луксуз..
    Може да е луксуз ако на летен одмор одиш на Малдиви и за двајца потрошиш 5000 евра ама не е луксуз да одип во Грција и да платиш 50 евра апартман од ноќ..

    И така..
    Да имавме само 400 евра месечни примања пак ќе преживеевме затоа што ќе си ги пуштевме нозете колку што ни е долга чергата. Нема пршути, нема коњаци, нема индиски ореви, нема вино и различни мезиња..
    Скромно ќе се јаде, најниската тарифа за телефони ќе се земе, на ефтина струја ќе се грее бојлер и ќе се пере ..
    Животот е таков каков што ќе си го направиш..
     
    Последна измена: 28 февруари 2020
    На victoria, marchi-cool и AngIv им се допаѓа ова.
  20. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.811
    Пол:
    Женски
    E ova ne e skromno bas...ama sekoj si ima nacin na zivot
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.