Исаија 45:7 Јас ја создавам светлината и ја правам темнината, правам мир и причинувам неволји. Јас, Господ го вршам сето тоа. Ни Библијата не си ја познавате
За ова не се согласувам, ама ич. 'Злото' е човечка природа. Доста барате сите некого да окривите за несреќите кои си ги нанесуваме едни на други.. Ни Ѓаолот, ни политиката се криви.. Такви сме. Дел од нас е.. Секој од нас е способен и човек да убие... Да не се правиме имуни на негативните карактеристики и чувства. То е она шо ми се бендисва во Христијанството, што сака да не научи на љубов, разбирање, емпатија.. Било која доктрина кои ги промовира тие вредности може да е од корист... Е сега, во Стариот завет, бааѓи забегва со примитивни и инстиктивни побуди.. како: Око за око.. Да го каменуваме овај, да го каменуваме онај.. Ама Христовото учење не е како во Стариот завет
Баш е во право. Спореди двајца луѓе кои живеат во политички коректна држава и луѓе во вукојебина. Квалитетот на живот е различен, луѓето во помоќни држави живеат во почисти средини, се лечат во подобри услови, имаат помалце стрес. Овде човек на човека е волк, прашај го народот дали живее тука среќен живот, сите ќе ти речат не. Со самото незадоволство се јавуваат животинските инстинкти кај нас, ситуацијата се гледа како Survivor шоу, па за да се преживее се активира тоа "зло" во нас. Човек кој живее со добра плата, живее во чиста околина, нема притисоци на работно место нема потреба да има јад во душата. Кај тие што имаат се активира животинското и се интерпретира како "зло". Исто и со земји кои се во војна, како може да очекуваш луѓето да се "добри" кога гледаат како ги бомбардираат, кога им гинат најблиски, кога се користат како пиони во шах за да можат побитните фигури да седат заштитно во позадина. За Христијанството најубаво е така да се интерпретира, ама ретко кој така го интерпретира. Најчесто служи за аргумент за напад за нешто за кое не се согласува индивидуата. Колку дискусии и дебати се запечатиле пошто одбраната е "Госпо така вика". Многу неодговорени прашања оставила религијата, а кога се бара одговор освен негирање и правење нисам од тука не се понудиле. Затоа и губи на бројност Христијанството. Не оти е модерно да си атеист, туку затоа што луѓето не нашле логични одговори на прашањата кои ги имаат. Настрана тоа кои зла излегле во името на таа религија.
абе, добро да... има влијание притисокот и случувањата од околината, ама пак негативните карактеристики се појавуваат оти си се човекови карактеристики. Да не постоеше алчност како карактеристика (пример), немаше да може да биде предизвикана од ништо. То сакав да кажам..
Така е. Сите ние имаме различни чувства и емоции, различен карактер и одреден генетски материјал. Ама на раѓање сме табула раса и околината испишува голем дел од нас. Имаше истражување со близнаци од Австралија од кои едниот живее во урбана населба, а другиот на сосема друго место кое нема допирна точка со првото. Ист генетски материјал, сосема различни луѓе израснале. Да се подобри ситуацијата кај нас ќе видиш како и тоа "зло" кое е толку масивно тука ќе се намали.
Уф... се надевам дека е така.. Дека може да се 'искоренат' негативните карактеристики, само преку начин на 'одгледување'... Замисли... која утопија би било... А грл лен џрим
Овде станува збор за невољи кои се за вразумување, на оние кои скршнале од Божјите патишта. Бог е домаќинот и како таков сам си управува со домаќинството, односно со светот и векот. Како што лозарот ги крои лозите (а тие дури и “плачат“ од болката која им е создадена, ама подоцна даваат плод многуброен), така и Бог си ги крои лозите во Своето лозје - Човештвото. Секое привидно зло кое што доаѓа од Бога, всушност е добро. Сепак покрај Божјата промисла и Божјото допуштение не се исти. Ама за тие работи во „Се` што сакате да знаете за религијата“. @Shalitra
Тоа ти зависи од преводот и од како си толкуваш. Во англиски верзии буквално стои "evil" А и ако Бог создал сѐ, секако дека го создал и доброто и злото.
Имаме. Ти можеш да имаш воља, на пример да ме убиеш (карикирам, не мислам дека имаш ), но ќе ме убиеш само ако Бог допушти. Да не ја злоупотребуваме темава.
@WildMk Потеклото и пролиферацијата на злото е едно мошне тешко, праисториско и филозофско прашање чиј одговор веројатно никогаш нема да биде во потполност јасен. Тоа е така заради различните поимања на злото како морална и религиска концепција. Во провинцијалски средини, и делови како Западна Азија и Aфрика сеуште на жените им сечат клиторис на пример. И тоа според нив не е зло, а ниту пак претставува одземање на човековите сексуални права и слободи, логично, затоа што тие не знаат што е тоа. Во Либија, Пакистан, Ирак секојдневно жените се транспортирани низ делови во светот како бело робје, и пак - тоа за нив не претставува зло, затоа што жената бива гледана како стока/средство за размена. Низ историјата имаш најразлични зли начини на казнувања со цел да се задоволи унифицираната религиска или колективна правда како демек. Проткајано меѓу дејствија како камшикување, бесење, отсекување на екстремитетите.. А зошто сето тоа? Се со цел да биде задоволена човековата потреба за садизам и надмоќ. Карактеристики кои од денешна перспектива се дефакто нехумани и зли. И кога сме веќе на оваа тема, колку и да не сум фан на историја, сепак мора да признаам дека таа има најблизок одговор на прашањето за злото.. Војните и крвопролевањата, за да одблизу се достигне човековата кулминација - смртта, заедно со останати творби на злото кои се случувале во минатото како последица, факт е дека не се случувале исклучиво заради територија или заради постигнување мир. Територијата и мирот биле само формално стекната награда, или со други зборови изговор за да се оправда целта. Додека всушност главната сатисфакција се состоела во чувството на самото војување. Зошто човекот сакал да војува, лови и убива. Тука сепак, ќе се оградам од генерализации зошто не секој човек живее(л) со истите идеали и желби во минатото. Но, реалноста е дека кај повеќето, да, тоа претставувало адреналински предизвик за жал. Како и да е, сето досега кажано никако не значи дека убиството е сведено на инстикт и дека кај секој од нас длабоко во потсвеста лежи една потенцијална убиствена машинерија. Меѓутоа, дека човекот емоционално се задоволува со чинење зло - апсолутно! Биолошки не сме совршен дизајн на природата, јеби га. Новиот светски поредок претставува нус производ, една арбитража која човековиот технолошки прогрес (оружјето, артирелијата, и "дипломатскиот" начин на војување меѓудругото), го регулирала и преточила во еден добро организиран процес. Токму тоа е и причината зошто го споменав во првиот пост. Како најблиска паралела која системски функционира на макро ниво и се спроведува во современиот свет.
Овој исказ не е вистина. Знам дека беше долг постот ама ако го прочиташе до крај ќе сфатеше зошто не е. Имам чувство дека се обидуваш сите човекови нагони да ги сведеш на инстикт, а јас ти образложив зошто не е така. Тоа се две различни појави. Ме чуди оваа изјава кога доаѓа од тебе. Забораваш колкаво зло е нанесено во име на христијанското "чисто" учење периодот од единаесетти до шеснаесетти век? Забораваш какви сѐ идеали прохибира? Yup, oние истите за кои јас и ти секојдневно тупиме во теми "хомосексуалност" и "отворен брак"? Контрадикторна си брате.. Изворното христијанско учење апсолутно потекнува од Стариот Завет. Не може да се одвојат и изостават старите оригинални учења, и да речеш пу пу не важи, христијанството е идеална религија после заветот. Тоа едноставно не функционира така. Башка, христијанството не нужно нѐ учи на горенаведените вредности (љубов, емпатија). Со нив се стекнуваме и преку отсуство на религиски пракси. Особено денес, кога сме доволно умствено еволуирани и не живееме во племенски заедници, присуството на религиозните заедници е апсолутно непотребен механизам за контрола. Не знам зошто ти го пишувам сето ова уствари, кога знам дека го знаеш. Само чудна ми е потребата на заземање via negativa став, that's all.
Го прочитав до крај Не ми се образложуваше оти ми беше мрза.. ама еве: Не мислам дека во нас лежи 'скриен' убиец, туку дека секој може да биде доведен во ситуација да убие некого. Способни сме за 'зло'. На страна погоре шо ги опиша потребите на одредени луѓе, да нанесуваат зло . Садисти (задоволство им е) .. психопати (исти курац им е)... Точно е дека не ти треба Христијанство за да те научи на љубов, емпатија и разбирање.. можеш од други места да го научиш истото.. И точно е дека Христијанството (како и сите религии) е причина за еден куп неправди и за еден куп убиства низ историјата, ама секој си ги толкува религиозните книги како што сака.. Плус, некои религиозните институции, во соработка со главатари на држави, ги користат религиите за моќ и контрола на народните маси... Исто како што Југославија и Русија се викаа 'комунистички' земји, а немаа ни К од комунизам... Да е до мене, нема да постојат организирани религии, институции кои се религиозни, религијски водачи, ниту било што што е поврзано организирана религија'. И Светите книги би биле поинаку напишани... Да е до мене Ама не е
Како човек кој неколку пати ја прочитал Библијата, ве уверувам дека 99.5% е сосема јасна и недвосмислена, а тие 0.5% околу кои теолозите имаат различни гледишта најчесто се околу пророштвата за иднината. Неколку пати сум држел христијански курс „Сличности и разлики меѓу христијански цркви и деноминации“ и меѓу првите реченици што им ја кажувам на присутните е дека речиси ниедно различно учење помеѓу католиците, православните, протестантите, адвентистите, Јех. сведоците итн. не произлегува од различно толкување на Библијата, туку од: Политички причини (пр. разделба меѓу источната и западната црква) Менување на Библијата (пр. Јех. сведоци си имаат свој превод на Библијата) Користење некои други духовни авторитети кои поучуваат различно од Библијата (еден куп примери) Да, но тука се јавуваат два проблеми: 1. Првиот е кога тие толкување се прогласуваат за „свети“ и се ставаат на рамниште на Божјиот збор (ако не во теорија, во пракса сигурно). Ако Библијата може различно да се толкува, тогаш истото важи и за „толкувачите“ на Библијата. Ако Библијата има потреба од толкување и појаснување, тогаш истото важи и за писанијата на толкувачите. Во спротивно, излегува дека духовниците што би ја толкувале Библијата умееле појасно да се изразат од самиот Бог, кој ете за несреќа се изразил збркани, двосмислено, нејасно итн. Се разбира дека не е така. Ако некој е мајстор за комуникација, тоа е токму тој - Словото. 2. Ако атеист поверува во Бог и заинтересира за Исус и христијанството, тој ќе се соочи со проблемот дека има различни толкувачи на тоа што е христијанство. И каков духовникт тој/аа треба да одбере? У твојот случај твоите родители биле православни па затоа си се одлучила за православен духовник, но што ако неговите родители се атеисти, или што ако се католици, протестанти, адвентисти итн? Ако е искрен трагач по вистината и Божјата воља, тој нема да се води под каузата „Што биле моите родители, тоа морам и јас“, туку ќе сака директно и непосредно да види што лично Исус поучувал и да го следи тоа учење, а не некој што кажал таму 700 години после Исус. Затоа не верувам во Бог кој не би можел да се изрази појасно од човек и не верувам дека Бог оставил простор во Неговата објава за таква конфузија и поделби меѓу луѓето, па да они биде нивното спасение зависно од тоа во која фамилија се родиле и какви традиции и „толкувачи“ (духовници) наследиле од фамилијата и традицијата.
Зашто мора од секоја тема за религија да се забега Темава е како го практикуваме христијанството. Не се збори нити за Армагедон, нити за шминки нити за атеизам. Сфаќам дека многу од вас имаат познавања од религијата, некои па се ептен против ама па не мора во секоја тема да се докажувате кој е повеќе во право, нели?