1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го практикувате христијанството?

Дискусија во 'Религија' започната од ynboo, 15 април 2019.

?

Колку често ја читате Библијата?

  1. Често

    14 глас(а)
    23,0%
  2. Понекогаш

    19 глас(а)
    31,1%
  3. Никогаш

    28 глас(а)
    45,9%
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Со постојано преиспитување.
    На тоа што мислам.
    На она што го читам.
    На она што го чинам.

    Делот да се биде мудар како змија и кроток како гулаб јас така го разбирам.

    Ако се препуштиш на догмата, ќе ја изгубиш вистинската поврзаност со Силата која те создала.

    Не постои единствено правилно практикување за сите. Практики кои одговараат на личните потреби, можности и сили се практики кои се правилни.

    Живеењето според религиски начела е и треба да биде пред сѐ спознавање на самиот себеси, на она кои сме што можеме, колку можеме, фокус на личното растење, колку и да е несебично, пожртвувано, сепак е работење на самиот себеси, духовно растење на самите нас.

    Ако некоја практика те заморува и оддалечува од Бога, треба да се смени, секому според силата.

    Некој чини добро со кратко молење и помагање на други преку донирање, хранење, облекување. Некој е посветен на молитвата целосно и така чини добрини, молејќи се за сите преку испраќање на таа позитивна енергија преку усрдна молитва.
     
    На Orthophill, sonuvana, hermosa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Христос воскресе! Ви посакувам среќни велигденски празници.
     
    На Rama и tessie им се допаѓа ова.
  3. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Дали знаете за некаква книга или правилник каде јасно се набројани чекорите како најдобро да ја практикувате верата? На пример јадење посно(или пост со вода) пон/среда/петок..идење на литургија недела сабајле...облека...молење..
    Сакам да имам јасен патоказ како свесно и со труд да ја практикувам верата, имам примери и книги но премнг се индивидуални...ми треба нешто како општ правилник
     
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    12.332
    Пол:
    Женски
    Тешко тоа да најдеш. Според мене практикување на вера е да се молиш и кога се' ти е добро, да си благодарна и да си водиш сметка како се однесуваш со луѓето во обични денови наспрема празници. Премногу акцент се става на традиционални работи, а многу малку на вистинско поврзување и чувствување на Светиот Дух. Не значи дека ако одиш секој ден на литургија оти ќе го почувствуваш. Од искуство ова.
     
    На Quincy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е што зборувате и да, не значи дека ако го практикувам сето ова а не сум искрена во своите намери дека.....се разбираме.

    Ве молам тоа општо кажаното премнг акцент се става на....не важи воопшто за мене (значи не знам скоро ниту една традиција а во срцево ми се роди желба да научам)и баш затоа сакам повеќе да научам и на дело да практикувам затоа прашав... тоа ми легнало на душа... едноставно е...

    поздрав
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Христос воскресе!
    Ај вака на кратко.
    1. Се пости во среда и петок на масло, па дури и со риба (освен за време на постите кога се пости без масло).
    2. В црква се оди на секој празник и недела. Сепак најбитно е во недела да се оди в црква. Ако поради домашни обврски не може да се оди секоја недела, сепак да се стремиме да одиме барем преку една.
    3. За облеката в црква - се оди дотеран. Не мора како за на бал или за на свадба, ама т.н. стил смарт кежуал е пристоен. Тренерки се непристојна облека, исто и откриени рамења, деколтеа и хеланки.
    4. Молење - наутро и навечер. Барем молитвите што ги има во календарчето, најдобро молитвите од молитвеникот.
    5. Да се трудиме да бидеме во мир со сите луѓе, да научиме да проштеваме. Да не бидеме подуени, да разговараме и да ги почитуваме сите, зашто и кога разговараме со питачите, со Бога разговараме.
    6. Да бидеме домаќини и да си ги гледаме куќата и семејството.
     
    На kuc, Осе, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Ќе се обидам да ти наведам некои работи тука од моето скромно знаење.

    За Постењето : Во годината има 4 подолги пости, Божиќни пости, Петровденски пости, Велигденски пости, Богородични пости. Пред Велигденскиот пост има четири подготвителни недели а тие се наречени : недела на митарот и фарисејот, на блудниот син, месопустна (исто се вика Недела на Страшниот суд) и сиропустна. Велигденскиот пост е најдолг и потежок спрема другите.

    Постот во среда и петок треба да се практикува во текот на целата година освен во неделите кога е дозволено да се јаде месо цела недела, како на пример во Светлата Недела после Велигденскиот пост, во неделата на митарот и фарисејот.

    Ќе ти оставам и линк од една страница каде можеш секој месец во годината да следиш секој ден како се пости.
    https://www.crkvenikalendar.com/datummk-2021-5-2

    За облеката : Ќе постирам еден цитат од Библијата.
    Матеј 6:33
    ”Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката?
    “Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнијат, ниту собираат во житници, и пак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив? Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот? Зошто се грижите и за облеклото? Погледнете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат; а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив. И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни? И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’ Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова. Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.”
    ‭‭
    Во денешно време е тешко да се избегне ние како луѓе да не сакаме облека, бидејќи на секој чекор има бутици па и онлајн бутици и самото општество не наведува дека треба да си модерен и уникатен во облеката.
    Ако некој може и сака да живее христијански добро би било да не размислува многу за облеката, да се облекува скромно и без нагласување на некои делови од телото.
    Во црква и во женски пантолони да одиме не ни е забрането или гологлави никој нема да не врати назад, но подобро би било ако носиме долга суќна и марама на главата.

    За молитвата : Како христијани пожелно е секоја недела колку што можеме повеќе да сме присутни на Литургија. Во црквата освен Литургија има и молитви во други денови кога се чита на пример Акатистот на Пресвета Богородица и др.

    Пожелно е исто така да се чита молитвено правило наутро и на вечер. Има по црквите Православен Молитвеник, ако немаш можеш да си купиш.

    И нај најбитна молитва од сите е молитвата која е дирекна врска со Господ Христос е : Господи Исусе Христе Сине Божји, помилуј ме грешната. Исто и Пресвета Богородице спаси нас. Светите отци не поучуваат дека овие две молитви треба да ги кажуваме постојано и дека се нашата жртва за спасение.

    Ако најдам некоја книга ќе ти ја пратам.
     
    На tiggyboy и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.589
    Допаѓања:
    79.110
    Пол:
    Женски
    @KittyAgnes јас ќе додадам, во врска со постењето, јас ја користам апликацијата Православен календар. Ги пишува сите празници и кога како се пости.
    Има и апликација Православен молитвеник, ама не ја користам. Можеш од црква да си го купиш. А двете најважни молитви се Исусовата молитва и Символот на верата.
     
    На eliesaab, KittyAgnes и BY<3 им се допаѓа ова.
  9. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Фала ви мнг прекрасни луѓе :f:
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Имам само едно прашање:
    Зошто мора да се оди во црква?
    Нели 'твоето тело е Божји храм'?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Телото наше е храм на Светиот Дух, тоа никој не го порекнува. Но, в Црква (на богослужби) одиме за да ја покажеме и докажеме нашата припадност на Црквата. Храмот, ако точно се изјасниме е местото каде што се собира Црквата на богослужби. Црква, правилно речено, не е храмот, градбата, туку е заедницата, на верниците, свештенството и владиката собрани околу Христа Господа.
    Значи во храмот не мора да одиме, ако нема богослужби (односно да го користиме за приватна интимна молитва), но потребно е да одиме во недела на заедничката богослужба светата литургија за да се соединеме со Христа (ако се причестуваме) или пак само да ја покажаме нашата заедница со Црквата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Уште едно прашање...
    Кога можеш да се причестиш? Само на Велигден?
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Зависи, каков живот живееме. Некои можат секој ден, некои на Велигден, некои во 4. пости, некои секоја недела, некои никогаш. Јас се причестувам 5-6 пати годишно.
     
    На kuc и WildMk им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ти ли ќе се причестуваш :D
     
  15. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Причесна има во секоја црква секоја недела.
    Не знам за други денови, ама по литургија има причесна.
    Е сега дали ни е душата спремна за причест е прашање :)
    @EvAngelos или @Orthophill веројатно повеќе би знаеле
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Не. Само ме интересира.
     
  17. Sceptical

    Sceptical Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Можеби пишувам во погрешна тема, но не можев да најдам друга посоодветна. Ме интересира како им ја претставувате религијата на вашите деца (ако сте верници, нормално) и што ако побараат доказ? Јас бев тоа дете кое што едноставно не можеше да верува во приказни, а денес сум верник, но до верата стигнав по друг пат.
     
    На sonuvana и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Најубава глетка за време на неделната литургија се насмеаните лица на родителите со мали деца, кои само што заедно се причестиле...чиста радост, преубаво започнат неделен семеен ден.
    Но, за жал,многу е ретко во денешно време,а би било идеално од најмала возраст, да се биде дел од заедницата со Бога...и мама и тато и деца...
    Подоцна,можеби детето и ќе се оддели од тоа заедничарење,но споменот на тоа чувство на спокојна среќа,засекогаш ќе биде дел од него.

    Кратки молитви, понекогаш прилагодена приказна од животот на Исус или некој светител,кој е личен за семејството.
    Ништо на сила, никакви закани од божја казна или условувања во име на Бога.

    Да се објасни дека Бог се чувствува во срцето и душата,слично како и чувството на љубов,радост,болка или страв.Со што поедноставни зборови и најважно без притисок или разочарување ако детето не е заинтересирано,како родителот би посакувал.

    Патот до Бога е за секого единствен и можеби и не постојат два идентични.
     
    На IRBBB, Sceptical, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sceptical

    Sceptical Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Прекрасен одговор, сега сфаќам дека е потребно многу знаење и мудрост за религијата да се пренесе правилно на децата, уште повеќе, нивните родители мора да ја практикуваат за да не биде контрадикторно она кое се кажува. Фала ти.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lunar

    Lunar Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Ја читам библијата од време на време. За молитви се молам секој ден по неколку пати , правилник молитвен немам некој посебен . За во црква одам еднаш месечно најмалку.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.