Лажичка нес, лажичка шеќер и 2 лажички жешка вода. Го матам со миксрче дали рачно или она горе што го има поставено на најголема брзина. На страна земам ладно млеко ставам во чаша и од млекото одземам малку во филџан, го матам млекото како шлаг доаѓа. Изматеното нес го ставам над нематеното млеко и над несот го додавам матеното млеко. Додавам и чоколаден прелив некад некад не.
1. Турско кафе- 1 лаж. кафе, 1 шеќер ( колку кафе ,толку шеќер) , вода мерам во филџанот и ставам вода, па кефе и шеќер. 2 Матено нес. Млеко ( околу два три прста во голема чаша), 1 лаж. нес кафе оноа зрнесто обично без ништо, засладувач каков сакаш. Матам во апарат за нес кафе. Не рачен, оној на постоље со чаша. Чашата во која пијам нес, остраните турам прелив чоколаден , па турам матеното нес, па мраз ставам.
Јас дома пијам или јакобс или турско кафе во зависност од тоа дали сакам ладно или топло кафе. Јакобсот ми е појако од турското. Ставам рамно лажиче јакобс и помалку од рамно лажиче шеќер, додавам третина филџан вода директива од чешма и го мешам со лажичка да се раствори па му додавам млеко уште две третини од филџанот. Користам филџан од околу 160-180мл. Турско кафе во иста големина филџан од 160 мл пијам. Ставам вода 160 мл , шеќер исто рамно лажиче а може и помалку, 1 лажиче со рид турско и уште пола лажиче ако сакам појако кафе.
Имам еспресо машина, и си подготувам секогаш долго еспресо без шеќер и без млеко. Сега зедов и мелница, па планирам да очнам кафе во зрна да земам и да си правам свежо мелено.
на турско му нема замена 1 ипол лажица кафе,(што би рекол еден мој стар колега напрај го Вол да згазне да не пропадне,а не тенко коштан вода )
Јас пак не го матам. Ставам една лажица шеќер, една лажица кафе и додавам млака вода во шолјата. Потоа мешам, па додавам коцка мраз и накрајот многу многу малку млеко. Имам и машинка за матење ама дури беше нова имав мерак матено да пијам, после тоа си се вратив на стариот начин.
Со оглед дека работам 4години во шанк, кафето дома не ми е слатко како на работа. Моето омилено преку лето е, една мала топка сладолед од ванила, пушташ еспресо, ставаш млеко и спремно. А fall варијанта, макијато со топло млеко,густа пена и неколку капки ликер од карамел. Фантазија.
Го нема на мени како кафе со сладолед , ама често е барано и се наплаќа посебно кафето,посебно топката сладолед.
3 во 1 нескафе од црвените пијам и никакво друго... Можам чат пат да направам преку лето ладен нес ,со чоколаден прелив,,миксирам со машинка за пена,додавам млеко и мраз...некогаш и малку сладолед од ванила....
Лажичка нес, лажичка шеќер, 2-3 лажички млеко во прав (за кафе) и врела вода. Откритие на векот ми е. Како 3 во 1 ама повкусно.