1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ani zarem porcija i za site decinja?
    Oti ne zemes meni so ordeveri servirani na masa.Ne pred sekoj covek?
    I ako imas 20/30 deca tie nema da gi brois kako porcii.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    и ние сме пред таа дилема , или бевме ..незнам...
    се на се крати прекратувај испаднавме 40 души ....
    ќе правиме и роденден и крштевка 2 во 1...крштевката е закажана во 13,00 , после тоа во ресторан на ручек и воедно частење за роденденот...моите неговите најблиски , кумот, старосватот, деверот и нашите другари...
    за украсување - јас-купив балони , хамери , испринтав банери за роденден...се направив во една тема -jungle / safari...испринтав и покани кои ќе ги поделам...
    во прилог слики за инспирација
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Редактирав за да пишам за ресторанот

    ние се договоривме вака..значи кога ќе дојдеме сите ќе има зелени салати и сувомеснато во овали...кифли и такви работи може ние од дома да донесеме...после тоа ќе се служи мешана скара исто така во овали ..тоа е со фиксна цена додека пијалокот го плаќаме - колку ќе се испие на крај сметка со 10% попуст...
     
    На gjoker4e, <3 pleza4e <3, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Па така и баравме да биде сервирано. Имаме 10 парови пријатели со кои сме секој ден заедно. Имаат деца кои се на воздраст од 5 до 8 годинки. Значи децата мора да се послужат со нешто. Само тие се 20 возрасни и 20 деца(facepalm) Кого да прескокнам кога утре ќе одам кај нив на кафе. Вие не знаете на колкава мака сум. За една визита гостам 100 тина луѓе ама ај сите доаѓаат во различно време... За роденденот од син ми ги пуштаат само децата... Ама ова е сосема друго.:nod:
    Сепак се мислам да ги приберам сите дома?
     
  4. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    оф женче ти стварно си била на мака, ама па кај ќе ги собереш сите дома...имаш толку место?!
    ќе треба цел ден гости да чекаш, па после и да чистиш..се треба да спремаш..оф
    а да ги носиш сите во игротека може најарно е...
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    И така ќе биде на крај изгледа.
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    А таму кај што планираше да правиш, да има пример 5-6 овали скара и нарачај или направи 10 тина пици за децата, нема дете што не јаде пица, мислам тие се поефтини од овали скара.
    И мене ми се гледа многу 70 тина луѓе, кај мене на свадба имаше 120 луѓе.:lol:
     
    На lavaleta, galapce, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Mi dadovte idei pa eve sega palam autoto i ke odam da iskombiniram nekoi varijanti. Vecer ke vi pisam sto ke storam.
    P.S. na nasata svadba imase 220 samo od moja strana:lol:
     
  8. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Исто и ние планираме здравје само прв роденден и крштевка заедно да правиме во ресторан,и не повеќе од 30 души и за мене 70 души се многу во смисла,сакам само најблиските да присуствуваат...
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    инаку на мојата свадба имавме 150 души,од секогаш сум сакала помалку гужви и само најблиските
     
  10. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    46.054
    Пол:
    Женски
    И ние како повеќето роденден и крштевка ќе правиме заедно и сигурно нема да има повеќе од 25 гости.
    70 гости за мене лично се премногу.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Abe i jas pred da ja odlozam imav pisano 250 ama toa e svadba.
    Na rodenden na deca doagaat bliski koi imaat mali deca.
    Za da nema podelbi na druga osnova.I nema lutis.Koj se luti neka mu stoi.70 gosti e preterizam,nisto poveke.I posebno rucek za krstevka a vecera za rodenden(na koi polovina gosti ke se dva pati)mi e isto apsurd.
    Nema zosto dva pati koga e vo isti den.
    Ajde veselo neka bide i bez nervozi..:party:
     
  12. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Колку мислење и се ќе помине додека трепнеш.
    Јас месец дена порано правам планови што, како. Ама мора се да биде совршено за првиот роденден :)
    Списокот на гости го составив, 40 души, со се деца.
    Местото е резервирано, home sweet home, среќа имам место.
    Ама кој ќе чисти се наеднаш, офф леле, плус кифли, салати 300 чуда, ама ќе се издржи
    Само за убаво нека е.

    Торта одбрав, уште да ја нарачам, 2000 ќе ме чини за 50 парчиња.

    Планирам се да биде во лилаво бела варијанта, само прво фустанче да најдам лилаво и после се е полесно.

    Планирам и капкејкс да правам интересни ми се за изглед и за вкус.
    Па сега за сега толку.
    Има време, ќе ги разработам деталите :)
     
    На <3 pleza4e <3, MacenceEna, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    @anina што решивте?
    За сите родендени на син ми имам ококу 40-50 возрасни и 30 деца и сите родендени ги правиме во игротека од причина што 30 деца кафаната ќе ја дигнат во воздух а и како ќе се занимаваат?
    За првиот роденден имав 'јако' мезе и храна ( скара, поховано, солена торта, три вида пити итн.да не набројувам) ама дека прв роденден. За наредните по 'лајт' беше во однос на храна ама истиот број на луге остана и најефтино до сега сум поминала во игротека со околу 350 еур.
    За ќерка ми планирам исто, зошто истите луѓе се, добра храна, се во стилот на фрозен ќе биде ( купивме и фустанче и балетанки).
    Ама крштевките ние ги направивме претходно.
     
    На TIGARCE86 и anina им се допаѓа ова.
  14. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Ете после долг разговор со газдарицата на ресторанот одлучивме:D Изгледа овај пат убаво се договоривме:whew:
    Роденденот ќе биде од 18.00 часот и ќе има некоја мезе варијанта. Ептен испадна фер и ми предложи да си направам сама дома какво сакам месо а тие само да го спремаат и тоа за ефтини пари. Многу ефтино испаѓа така. Од нив ќе бидат само ќебапите, пилешките прсти и салатите и се тоа во вредност од 100е. Јас дома ќе си спремам мини увијачи, пирошки, мини ќофтиња и ражничи па ќе ги однесам да ги испечат тие. Ќе однесам и сувомеснато, салата и кифлички. Се ќе биде поставено на масите без класична вечера. Нека мезат додека има:lol:. Жената беше толку фер што ми кажа и колку точно сувомеснато и кифли ќе ми требаат за 50 гости. Ме изненади искрено со лимитот кој ми го даде:o Испаѓа како да го плаќаме просторот со тие 100е.
    За децата ќе има пица и клуб сендвичи. Ќе бидат на посебни маси кои ќе бидат роденденски декорирани.Се мислам само за пиците... Таа ми рече дека 10 бамбини пици ќе ми бидат доволни за 20 деца бидејќи ќе има и сендвичи ама јас тука се запнав. Ќе видиме:)
    Пресметав денес и се на се ми се фаќа 250е што е поефтино од било каде(y)

    Во однос на крштевката дефинитивно ќе биде дома:lol: Во 12 часот само со најблиските, вкупно 14 души а јадењето ќе ми го спремаат во Тинекс. Месото кое го купуваш таму го спремаат бесплатно. 14 плескавици и 14 парчиња стек и ајт здраво. Само гарнирот ќе остане на мене(fingers) За внуците и за дома ќе нарачам пици.
    Толку, крај:D
     
    Последна измена: 19 февруари 2015
    На gjoker4e, TIGARCE86, LaDyDoLl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    I nie se spremame za prviot rodenden, epten sum vozbudena. Fustanceto ni e kupeno, ostanuva uste kondurki hulahopkicki nekoja trakicka. Doma ke pravime, ke imam okolu 9-10 deca golemi i mali. So se vozrasni okolu 30 dusi. Minnie mause dekoracija i torta. Tortata sama ke ja pravam i kje ja ukrasuvam oti tuka katastrofa se niz slatkarnicite. Ne se ni najmalku priblizni kako vo mk po ukrasuvanje. Meze ke imam pileski prsti, piroski, specijalni kjoftinja, suvomesnato, pohovani zdenki, pileska salata, najverojatno kompir salata i dr zelena i mesana salata. Solenki ke si zamesam utre. Na glavnata masa kaj so ke bide tortata neli ke bide ukraseno ke ima popcakes, nekoj mafini, razni cokolatca i bomboni, nekoj kolaci so forma itn. Denovive sum epten razletana okolu ukrasuvanjeto pa kupuvam za ukrasuvanje mislam idei, baram na youtube i cicko google. Da bevme mk sigurno kje pravevme vo restoran i kje imavme mnogu gosti.Tuka kje ni dojdat samo prijateli so decata (ojovci mojovci), od roda samo tetka ni so semejstvoto. Daleku od bliskite i malku mi e zal. Ama dalekoto, toa e, aj da sme zivi i zdravi. Zatoa kje go dadam maksimalnoto od mene da go napravam rodendenot na kjerka mi prekrasen.

    Aj uspat davajte idei za minnie mause dekoriranje.
     
    На anina и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
  17. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам.
    Кога ќе ги дува свеќичките вие го држите бебушот или кумот?
    За родененот од син ми свеки инсистираше кумата да го држи син ми, и тоа пред сите, и мене ми падна незгодно и и го дадов.
    Кога почна дете да писка, непознат човек, 1-2 пати ако ја видел, ни свеќа дувна ни ништо.
    Се тегнеше сиротото по мене и кумата виде не виде ми го даде.
    Ќе треба да ја предупредам свеки сега да не дава такви предлози.
    Е Сега ако побара кумата да го земе ќе има реприза.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам, па кум/кума на крштевка се главни, што има и на родендените да бидат...
     
    На Hipica и girl-miri им се допаѓа ова.
  19. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Чест да се направело на ккумовите демек. Тоа беше објаснувањето нејзино тогаш.
     
  20. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Ок, разбирам ама па и на др.родендени јас не би дозволила. Ќе испадне работата родендените за чест не кумовите...ама сум лоша а:)