@Ema.Sk Секоја чест мајка, зачувано. Ќе пробам нешто слично да и направам и јас. Од каде ја имаш набавено кутијата и буквите ? @нина122 Се надевам не си сериозна со коментаров. Ако си, подобро да си го зачувала за себе, никаква корист од него овде….
Преубава е идејата и јас во иднина како мајка би чувала за децата вакви нешта. И мене ми чуваат моите од родендени, крштевка ко мала некои вакви ситници, честитки што ми биле пишани, фустанчиња што сум ги носела, убав спомен се кога ги гледам сега и после 20 години. На сликите од детството се радуваме, не па на ова. Не се баш во кутија и ги знаев уште од помала ама ме радуваат такви работи, сентиментална сум. Повредни се вакви ситници отколку пари.
Прекрасно е тоа со кутијата. Многу ми е убаво кога гледам слики од детството. Би сакала да имам многу повеќе, а зошто да не и пораки, видеа, посвети. Би сакала еден ден да направам и јас нешто слично за децата што ќе им биде спомен.
Искрено Нина ме подзамисли, биејќи и јас како родител ги романтизирам работите на начин како што пишувавте наназад, но кога се навратив на периодот јас кога имав 18 години, или алките од болница и прамен од мојата косичка колку ништо не ми значеле кога сум ги гледала залепени во радосницата, го поддржувам нејзиниот став иако можеби беше кажано погрубо и подиректно- начин кој ние мајките не знаеме да го примиме кога се работи за деца Според мене Радосницата е споменар за родителите, не за детето. За детето нема такво значење бидејќи е сеуште дете, не ги доживува така работите. Можеби тоа дете кога ќе порасне и самиот ќе стане родител ќе му значи таа кутија со спомени од детството. Мајка ми чува се' и сешто, никогаш не сум добила желба да ги побарам да ги чувам. Е сликите и видеата се тие што остануваат и имаат доживотна вредност. За тоа се сложувам и верувам дека секоја фамилија си ги чува. А што ќе сакаат моите деца за 18ти роденден, живи били па видели
никој, тоа дете ќе си прослави со друштво плус и сигурно нема подарокот да биде само таа кутија. Ја даваш кутијата па тие натаму кога би имале свои деца, сигурно ќе се навраќаат да гледаат, читаат. Спомени се тоа. Еве баба кога почина најдовме многу зачувани работи, мене ми беше интересно да ги читам писмата од дедо ми кои и ги праќал додека бил во војска. Други времиња, читаш како било порано, така и со кутијата, затоа ми е интересно кога во радосницата имаше прашање за популарни производи во 2020 кога се роди бебе и напишав антибактериски гел за раце(дека ковид), за популарни вести- пандемија, полициски часови од 4пм до 5ам сабајле и си велам колку ќе и биде чудно кога ќе чита, бог знае што ќе биде и какво време ќе дојде кога тие ќе пораснат.
Леле оти вака... Па јас 25 напраив па прво славам дома со моите (со родители, баби и дедо, чичко нина тетка тетин вујковци братучеди, сега и со маж и ќерка) па после идам на вечерна журка. Журката нема да ни побегне, а они ќе заминат пред нас, не гледам проблем во тоа, напротив, славењето со нив ми е задоволство. Уште ми пеат, уште дувам свеќи, па нормално следи и доза срамотење за тоа што сум правела кога сум била мала. Не знам како не ви е ќејф да поминувате време со нив, посебно па на роденден. Он топик прв роденден на малава беше во кафана, торта нарачав, музика немавме, сами се испосликавме, декорацијата ја платив 100е и ми беше многу криво бидејќи ич не ми се допадна, но малава се изнаигра со дечиња и заспа труп дома. И беше гајле за декорацијата Вториот роденден беше во двор, се беше мое, и декорација и мафини и торти. Задоволна беше госпожата, а ја бев ќефови кога ми изнафалеа изработеното Сликата подолу е од вториот роденден. За третиот дефинитивно ја крадам идејата со капсулава.
Дај бе не плукајте по се цело време. Ок е ако не ти се допаѓа ама ти се молам коментариве. @Ema.Sk Браво за креативноста
Додека сум на оваа тема Он топик ама каснам 4 месеци Темата беше коала, така ја завикавме уште од бебе дека секогаш се гушкаше и пикаше во нас како коалче.
@Ema.Sk уште 3 цели месеци до прв роденден, ама мене уште од сега ме фаќа еуфорија. Пресреќна сум што ја прочитав идејата со временската капсула, и јас ќе ти ја украдам.
@Katerina94 ако не сакаш, не мораш да ми одговориш, може е некултурно. Ама како што веќе пишав, планирам и јас нешто вака да организирам, па ме интересира колку пари од прилика чини ова задоволство?
10 000 точно плативме за декорацијата тоа памтам, повеќе места прашав сите тука некаде со цените. тие што ги имаше на масата за секој гост малите чоколатца со слика и текст беа 12 денари едно мислам така нешто, од инстаграм кај некој мал бизнис ги порачав Тортите и колачите беа од Моцарт околу 16000 вкупно за 2те торти, путер колачи, мафини, лижавчиња и тартс. Сакав бел фил малина и влашка торта ама по грешка двете ги направиле влашка, па си добив трета торта бел фил малина и тартс за извинување од Моцарт Еве ги ме прашаа и дали да ја украсат, реков нема потреба ама ставиле овошје. Добро ни дојде оваа торта инаку дека роденденот го славевме 6 дена порано, па на самиот ден ги собрав моите само на вечера и прославивме со оваа торта
https://instagram.com/smarthouse.mk?utm_medium=copy_link Дечкиве прават кутии за играчки а јас им побарав да направат виолетова кутија со поклопец и катанец и да бидат испакнати буквите бели. 2000 денари беше цената
Здраво каде да најдам обрач за редење балони? Како погоре што има членката пратено, вака? Како првата слика
Мене ми кажаа дека цевките за парно лесно се виткале и е 50ден/м,така да планирам таква цевка да купам за балоните. Има некој идеја за облека за мама и девојче за прв роденден,темата ќе ни биде Мини Маус,барав по фб ама не најдов некој што изработува такво нешто или само маички изработуваат
Nie bevme na rodenden na tema miki maus. Deteto nosese crni panyolcinja so tregeri a majkata crno crven fusyan so tocki. Tatkoto crni pantoli i bela kosula a crvena masna. Mozes i ti taka da napravis so crno i rozevo i belo
@Katerina94 @Ema.Sk rodendenov vaka kolku iskaca ? I jas vaka sakam torti baloni cuda pa se mislam sea vo 1000ce se sklapa za okolu 50 dusi?
Nie pokanivme okolu 50 i nesto dusi, 4-5 ne dojdoa mislam znaci 45 gosti imavme(ali imavme glavno jadenje za bendot 2ca i slikarot) so bend, so ukrasuvanjeto, tortite i celata slatka masa, slikar i oblekata, sminka, frizura za mene, obleka za bebe ne fati okolu 85000 vkupno. E sega mozebi i nemase tolku ama maz mi pretera so jadenjeto, duri premnogu ostana i najbliskite gosti rekoa deka e premnogu jadenje. Nema razbiracka, ne mu se objasnuva deka e dosta koga e vo prasanje jadenje. I gosti koga imame posle 2 dena rucame od podgotvenoto. Taka da mnogu zavisi i od restoranot i kolku ke naracate meze i glavno jadenje i kakvo. I sekako kolku pijat gostite. Moite drugarki okolu 10 primer sto dojdoa niedna ne pie alkohol. Samo edna ispi casa vino.