Ne znam dali pisal nekoj nanazad...so muzika sto se prai za prv rodenden....ni da ima ni da nema rabotava. Zakazavme rucek vreme i sea od restoranov vikaat ako sakate viknete si nekoj ama ja skroz zaboraiv na ovoj moment. A pa da nema muzika i toa ne odi rodenden e, ne pomen...
Ние сите веселби за големото од мекици, крштевка, родендени ги правевме во Есклузив и си има секогаш во склоп музика. Сега за бебево ќе видиме може пак таму или ќе мењаме друго место.
Nie skroz go zaboraivme ova,denes se dogovarame meni,kade ke se sedi masi au...i toj vika muzika kakva ke donesete ... i nie se gleame ko izgubeni dvajcata paaaaa....ke ti kazeme pregovarame uste
Да ви упаднам Другарка и за младенци и за прв роденден на детето си викна двајца дечки , еден пее другиот на синтизајзер ваљда е , и некои 3000 мислам дека плати.
Дајте ми предлог за кафана во Скопје да прв роденден. Стварно немам идеја каде. Замислата ми е да им и нешто како тераса па ко е топло да биде надвор ако не внатре.
Женски има време до роденден ама сега баш се замислив, а не сум слободна со луѓево што имаат сега родендени да ги прашам, која варијанта е поисплатлива за слатка маса? Мислам на оние балони во круг во позадина, со интересни додатоци, украси и сл. Сами да изработиме или да нарачаме? Гледам по алиекспрес, круговите се доста скапи или јас не знам да барам. Па плус балони, ленти, па и време да се одвои многу...дали вреди, дали е голема заштеда или не?
И јас истото размислував. Балоните сигурно се поевтини на Али, ама мене ми се ризик прво дали ќе стигнат, второ шо ќе стигни. Ама кругот назад или обрачи пошто мора на нешто да се држат балоните, плус стубчињата или класична маса, чаршав ако сакаш, постоље за торта, колачи, мафини шо и да планираш, сето тоа да го изнајмиш иди ѓаол и пол. Плус стави тука време и факторот дека наместо да се спремаш за роденден, треба да се брзаш да стигниш навреме. А и јас, сестра му на Марфи, сигурно нешто ќе ми тргне наопаку и нема да ми стојат балоните на пример...
Сега не знам до која сума бараш, но јас кога славев женава најефтина беше а одлична. Декорацијава беше 3000 или 3500 да цирнам ќе се надополнам. Иначе ако славиш надвор некаде, подобро нека ти декорираат барем јас ич време немав и за тоа да мислам..
Jas ovaa ja angazirav https://instagram.com/secrets_wedding_planer?utm_medium=copy_link Top e zenata,mi ja pravese i veridbata i svadbata pred mnogu godini pred instagramot Uste neam finaln presmetka ama najskapa stavka ke se balonite. Jas ne bi terala sama ke naracas edna nijansa ke stigne skroz druga i na kraj 50shades of nesto ke bide...za slatka masa 1 golema torta i mafini/cupcakes ke naracam plus ona ke prai ko bomboncinja za site ke ukrasi ke se sobere...ako ti nosat i bliskite torti ke se napuni masata bez gajle
Еуфорија за роденден ми направивте со објавиве. Ќе ги сејвнам обавезно, до јули има време ама спремна да си бидам
Пред да станам мајка, да ми рекол некој дека вака ќе се возбудувам и тоа месеци уназад будала ќе го направев. Пф, за роденден толку галама. Ама сега само гледам, прелистувам, читам, прашувам, со душа го чекам
Нема шанси сами да си декорирате како на сликиве да не се лажеме,ако сакате симболично балончиња можеби да,ама вака скоцкани декорации тешко,башка колку време и нерви ќе изгубите Не да сум возбудена за роденденов....едвај го чекам,за свадбата вака не се замарав,ова ми е некако побитно