@IRBBB голем да растеш слатко момченце. Значи прекраснотии. Останав без зборови. Кој беше задолжен за декорациите мама и масата воопшто?
Лол Јован дивио друшке Фала мама. ❤️ Балоните и реквизитите на масата се дело на Нолина, тортата Рисела, а путер колачињата од Сандра слатко колаче. Штета шо претесно беше местото, поубава ми беше замислата, ама здравје некоја следна година.
Не знам како била замислата ама пре пре убаво е. За ск дајте предлози за декорации кој прави и како се со цени? Треба повеќе време однапред да се резервира?
Еве јас сликнав уште тогаш Да сме здрави и живи имаме време до роденденот ама и јас го имам на ум Да се редактирам. Јас нема да и ја дадам за нејзиниот 18ти роденден туку кога ќе треба или ќе стане мајка. Само тогаш мислам вистински ќе ме разбере, само да сме здрави и живи до тогаш
Стварно не знам како се цените затоа прашувам. Значи балони, букви, сталаци. Без слатка маса т.е. тракатанци на маса. Кој ви ја правеше декорацијата? Чисто да знам.
Balonite se najskapi u dekoracijata mene taka mi kaza dekoraterkata. Jas mislev so 6000 ke projdam,ispadnaa 10. Ali pokraj slikata i masite bea ukraseni i imase ko bomboncinja za sekoj gostin
Маја_М Decorations од Велес, со тоа што имав балони само на половина круг, во три бои и три сталаци напред. За толку 5к
Јас за оваа декорација без благите поставени платив 5000 ден, сосе штафелај (без слики е фатен), масички, обрач, балони, цветови, срничките и името. Презадоволна сум и од комуникација и од изработка. Девојката е од Куманово, Ивана се вика, нема инста. Кога ќе имам и професионални фотки од фотографите ќе постирам. Толку добро сработи девојчето, идејата во целост реализирана, кај стигнам ја препорачувам
Ми се допаѓа. Во ск доаѓа така? А како ја најде, реклама? Пиши ми контакт во порака. Благите ти си ги правеше или ?
Женски а слатка маса цело време стои изложена? Фотографот кога слика? Уште од сега се мислам како ќе биде, ќе имаме и дечиња гости ама едното особено е многи бесно, само уништува се што му е пред него. И се мислам, ќе лупнам 4000 декорација промер и кој знае колку за слатка маса и глупости, а да не стигнам ни да се сликам. После сликање и дување торта што сакаат нека прават ама до тогаш како се справувате со вакви деца? На родителите не рачунам, бетер од детето се
Ќе си дојде сликарот пред гостите и вие со него и ќе сликате се,јас работам и како фотограф и ова секогаш ми било пракса баш од тие причини,секаде има такви деца. После сликање тргнете ги работите,замоли ги од ресторанот,па пред дување нека постават пак,друг начин нема,лом ќе ти направат за жал.
Без срам ќе кажеш на мајката. Другарка за малата имаа преубаво украсено и слатка маса. Беа на нејзина другарка децата кои направија хаос, цел под беше со слатките работи од масата, ги дупнаа сите балони, почнаа со точачето од поклонот да роварат низ цела кафана, а мајката си гледа и мува не ја лази, па згора на се кога и зовре на другарка ми и кога и рече госпоѓата беше увредена. Дојде време за дубање торта , несакаш да ги видиш сликите. Останати два балона и хаос на масата.