Оди си пред да дојдат гостите. Јас така направив за да избегнам гужви, иако немаше деца. Кажи дека треба да е украсено еден до два часа порано, оди си со бебе и маж и изнасликај се. Кога ке почнат гости да доаѓаат сите ке те викаат да се поздрават, да се сликате итн.
Предлог слаткара за торта? И како се двкжат цените вие шо сте нарачувале (пример 40-50 парчиња) Делиција, кувертира имате искуство? Сум пробала нивни ама незнам за декорација како се.
Романса, често земам од таму и убави им се сите вкусови. Цената најмногу зависи од декорацијата, ќе мораш да отидеш да се договориш.
Се разочарав од Маргер, не е тоа што беше, а ми беше во план за роденден. Ореов лад малце претераа со цената сега сум на мисла за Бока Ди Лупо во хотел Мирор. Правел некој таму? Или предлог некој за ресторан убав со убав двор/ тераса ама да не се оние во редот на Воденица, ептен ми се во сред Центар.
Маја баш ефтино зима во споредба со другите од Велес.. може поефтино да ти земе некој почетник само. Верувам дека од 5000 ден. имаат трошок можеби 2000, ама еве направи го сам - неможеш. Или ќе го направиш ама колку време ќе изгубиш? И мене ми се скапи овие работи, ама го ценам и трудот и времето на некој. И ние мајките сами си ги поставивме стандардите и цените за красење, торти, подароци и сл..
Се согласувам, не го потценувам трудот воопшто. Да не беше така ич немаше да ја ангажирам ни неа, ни другите.
Одлични слики уште утредента ги добивме, коректен однос, сите дечиња беа сликани на роденденот и фатени убави моменти. Топла препорака.
Ние правевме во ресторан "Бис" (карши воена) Бевме на терасата бочно, имаат доправено заградено игралиште за дечињата веднаш до терасата. Беше ептен пријатно, храната превкусна и сите и млади и стари уживаа, дечињата си играа, ептен задоволни бевме од услугата и амбиентот.
Zdravo. Mnooooogu glupavo prashanje no sepak moze li da mi kazete kolkav budzet mi treba za da proslavam rodenden vo bis na primer, igroteka, nekoe skromno restorance. Kettering da imaat razmisluvam. Za 3o dushi max
Во комшии ни е Бис, фино е. Од колку до колку идеше порција? И не сметаат коливе од Илинденска, не се слушаат?
Ние се договориме на средина на маса да е поставено на даски сѐ. Прво салати со фурнаринки, ордевери со крем салати, па после главно јадење месо на даски, компир, даска со печурки и други зарзавати. Зависи што ќе договориш, иначе менијата им се поефтиното 600ден од човек за јадење без пијачка (може и тоа да договориш што и како ќе се служи, ама ние одевме на варијанта да си порачува секој), а 900 денари поскапото. Опцијата со поскапото е нешто како говедско пршута, пармезан, плаво сирење такви моменти. Иначе сега кога пиша за колите сфатив дека не воопшто не беа проблем не ги ни забележав искрено од возбуда
Фала ептен . Едит: аууу многу евтино ова, уште утре ќе им отидам. Браво за идејава за Бис. Секој ден проаѓам покрај него, ич не ми текнало.