Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Да Бис убаво е, и мене до гас ми е, гледам дечиња кај што играат нон стоп, а ни на крај памет не знаев како се вика :) Инаку толку и јас планирам 400-500€, не знам дали е многу/малку, ама за 20-25 души тоа е. Се е поскапено, не се овие ко нашите родендени со 300 ден се вкупно, и подарок тетратка, молив и смоки. Па стварно поубаво ни беше, премногу се радував на тие тетратки, па уште и моливот залепен со селотејп :)

    туку, вие што веќе правевте прв роденден, еве и втор нека е, што ви се допаднало од подароци страна што сте добиле за детето, практично/функционално? Ме прашуваат блискиве, не знам што да кажам. Баланс точак имам од синко. Ај малку помош :)
     
    На tina2018, kostovaivana, Tea SK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Каква музика имавте? Од радио?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Cd imaa od restoranot. Nejlev da vikam ne mi beae prikladno sepak e bebeski prv rodenden. So muzika ke bese zurka za nas
     
    На tina2018, Tea SK и Emotional123 им се допаѓа ова.
  4. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    И ние си го прославивме приот роденден :party:
    Славевме во игротека Дримленд. Таму сосе закуп на просторот (3500 дека недела) и пијалоци не фати вкупно 10к.
    Храна имавме кетеринг од тетка Биберче за 15 луѓе. Тоа не фати 5250 денари.
    Декорацијата беше од Синоличка и чинеше 4200 денари. И имате најтопла препорака од мене. Дечките ептен профи си ја завршија работата и беше магично.
    Мама презадоволна, беба уште повеќе, се изнаигра.:inlove: 20220605_143916.jpg 20220605_143921.jpg 20220605_143925.jpg 20220605_143927.jpg 20220605_143934.jpg IMG-7b46c4f0aaf071177eb151683d026932-V.jpg IMG-c99aae8ef6bc72bc69abfc2ea4efe9f1-V.jpg
     
    На kozuf, Ava.84, elcezelce и 36 други им се допаѓа ова.
  5. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Прекрасно е!! Среќен роденден на Калина, баш убаво декорирано а и цената е океј.:inlove::party:
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    Цената за богатоста на декорацијата е топ. И плус во цената имаше вклучено мафини и кутивчиња со чоколатца. Секоја им чест на дечките, немам зборови.
    Фала за честитките мама. Сите да ни се живи и здрави и само убавини да ги пратат. :inlove:
     
    На Jordanovska-K, Lea.Messi и CareTee им се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Како договарате што да ви прават? Преку инста?
     
  8. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    Јас на фејсбук ги договарав. Ама имаат и инста.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    А им праќаш слика од тоа што сакаш?
     
  10. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    1.378
    Јас ќе нарачам од роденденвобоја на инста, со се слатка маса и торта ...
    Супер се
     
  11. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    Они веќе предходно ја имале декорацијава. Ја видов и се заљубив, само се договоривме за деталите. А иначе им кажуваш од прилика што сакаш и они ти пракаат слики и ти даваат идеи и предлози и договарате се.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Немаме уште славено прв роденден (10ипол месеци е бебе), ама да пробам да ти дадам идеи за подароци од лично искуство и искуство на блиски околу мене. Кај нас моментално најискористен е трицикл (во количка нема шанси да се вози, а во трициклот сака). За девојче може и играчка кујна, гледам дека во моја блиска околина сите девојчиња ги имаат и си играат со нив. Исто и од оние столчињата со огледала за шминкање. Е сега, ова можеби нема баш на една година да сака да си игра со нив, ама после две години сигурно. Сега за летово може и некое поубаво базенче ако немате. Тоа ми текнува во моментов. Се надевам дека малку ти помогнав со идеи.
     
    На Lili4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Не хејтам, само прашувам.
    Зошто ако е женско кујна? Зошто од мали нозе да се учат дека тоа им е улога во животот? Зошто не и на машко?
    И тоа за шминкање, зошто од кога учи за сама себе, да учи за шминкање и дека е потребна промена?
     
    На Калатеа, Frosty!, Madam S и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    На машко се знае, кола на акумулатор :lol:
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме нервира ова.
    Се некои багери, трактори за машки, а кујни, пегли за женски.
    Ептен амбициозно.
     
    На Ladybug98, Razvigorec, Stressed Out и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Може и за машко кујна, не мора само за девојче. :)Општо потенцирав дека давам идеи за девојче затоа што понатаму давам идеја и за масичка за шминкање (сигурно нема тоа на момче да го купат). Што се фаќате толку за детали :). За женски права на други места треба да се борите / бориме, не на анонимен форум. :)
     
    На Lili4e и lovely91 им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Еј ова што се фаќате ви е секогаш прво.
    Значи ти тоа го даваш како предлог за девојче и ја те прашувам зошто.
    Но, како што гледам немаш одговор. И не е борба, начин на размислување е.
    Вас, специјалните снегулки, да не ве праша човек да си ги објасните сопствените мислења, одма се вреѓате:D
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    На тема кујна, синко на роденден кај Калина се заљуби во кујната од игротеката. Здравје кога ќе му ја правиме детската, ќе има една мини кујна обавезно. Нека сецка портокали и зелки таму, секако само со тенџериња и дрвени лајци си игра. :D
     
    Последна измена: 6 јуни 2022
    На Oneo, Lili4e, Razvigorec и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Наместо да ја затрупуваме оваа прекрасна тема со непотребни мислења, дај и ти твои предлози за играчки и подароци. Така и ќе и помогнеш на членката со идеи, а можеби и јас ќе ги проширам видиците (facepalm) Таман работа дека мислење од рандом членка на анонимен форум би можело да ме навреди. |(
     
    На Oneo, Lili4e, TheBluePhoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Масичка со активности. Од @Stressed Out ми е идејата, тие преубава масичка добија на подарок.
     
    На Lili4e, Stressed Out и sani99 им се допаѓа ова.