https://www.storybox.mk/masa-so-aktivnosti-so-prilagodliva-visina-i-namena-jano Пример ја земав оваа. Има различни и со различни цени
Истово го мислам,никогаш од мене ни кујна,ни тенџере ни шминка не ќе видит,освен ако приметам дека покажува афинитети кон истите па да си излижам кај шо сум поплукала како друг пат ама јас да и понудам нема шанси.
Зошто да не и дадеш да си игра со кујна? Затоа што еден ден замисли може да и' текне да направи ручек за семејството? Од кога стана лошо да готвиш за своето семејство? Ептен одите во крајности. Ако дома само жената ги извршува домашните обврски тогаш никаква кујна играчка која ќе му ја дадеш на машко дете или ќе му ја забраниш на женско дете нема да ги научи дека обврските во домот се заеднички за двајцата партнери. Личниот пример подобро ќе ги научи од било која играчка. И дајте ве молам намалете малку со феминизмот, па ова е тема за родендени на бебиња аман.
Искрено, ова ми е тапа подарок за било кој пол. Прескапо е во однос на тоа колку малку се искористува. Можеби и грешам, ама моето искуство е вакво.
Ни јас никогаш не би им купила на моите, ни пак би купила на некое друго детенце. Многу подобра опција ми се велосипед, баланс бајк, тротинет.
На дете мало од играчка да и текне да готви за семејството? Немам проблем да готви ако сака,еве јас многу сакам да готвам,ама дека при толку играчки ќе и купам кујна не би и ова нема врска со феминизам.
Затоа што денеска модерно е така. Ин е она што обично асоцира на женско да се избегнува. Глупости. Ќерка ми е скоро 3. Има и кујна и садопер кој патем цела генерација го изнакупивме и за девојчиња и за момчиња и беше скроз хит ништо не беше погодено толку. Има и количка, ама во количката надвор си ги вози диносаурусите. Има над 500 количиња од хот вилс, а најљубов и се авиони и монстер трак. Кукли и барбики не ја интересираат. Работата е да не се форсира одредена играчка, само затоа што асоцира на полот што го носи, битно е ако е можно да и е достапно за да може самото дете да ги шири интересите. Од секоја играчка што и е во моментален интерес има бенефит во развојот. До скоро 2 години ниту играчки не ја интересираа, само книги сакаше да врти и раскажува. И шминки може да се и за момче. Тоа секако нема да го дефинира понатака низ животот. Деновиве ќе имам и машко па можеби тоа ќе сака да му лакирам нокти, пошто ќерка ми ете тоа не ја интересира.
Џабе се "карате" за кујни и коли, и кој пол со која играчка треба или не треба да игра, кога они посекако си играат со тоа што не е играчка - даљинско, капаче од тегла, влечки, шишиња
Не е проблемот на дете да му купиш садопер и кујна. Проблем е што те асоцира на женско. Како и да е, глуп поклон е освен ако детето не изразило желба. Има куп трицикли, тротинети, мачиња, мечиња, шатори, базени зависно од возраст
Очигледно проблем е чим те асоцира на женско. Трицикли, балансбајкови, тритинети, базени се за надвор. И намената им е поинаква. Кујни, садопери, шопинг карт, тезги за продавање, меѓу другото развиваат креативност кај децата, додека играат самите си смислуваат прикаски. Како што со лего, боенки, цртанки, развиваат фина моторика, трчање, искачување, скокање, груба моторика итн. Се може да има позитивна улога во развојот, освен ако таа улога не се упропасти со давање пол на самата играчка. Тогаш е глупа.
Епа многу е интересно тоа што девојче да игра со количиња ќе речиш е ок,ќе и купиш,ама на машко тешко дека шминки ќе му купиш Битна е возраста на детето,карактерот и афинитетите,наше е да ги набљудуваме,насочуваме и помагаме. Јас знам дека во несвест ќе паднам утре кога ќе побара патики со виножито,еднорог,шљокици и 1000 светки и е надвор од моите замисли,ама ќе и купам,нека е среќна....така да и кујна да побара ќе добие,јас не нудам. P.S. со лесно да ти е
Значи читате и не дочитувате. Од самиот старт муабетот тргна дека кујна е за девојче. И уствари од прашањето зошто е за девојче, а не за машко, се разви ваква дискусија. Значи даден беше пол. И пак, првиот дел од реченицата, тоа беа твои зборови дека кујна асоцира на женско. Ама се правите мутави кога ви одговара.
Мојот има кујна, тезга, пегли сто, машини за перење и правосмукалки исто. Едно време само тоа купуваше и си играше. Има исто толку и колички и алати за поправање.
Ехее сите фази ги има поминато со малиот, со буквално се си има играно. И со бебе кукла да се грижи за неа, да ја вози во количка.. Не дека немало погледи, као демек што си игра сега со ова али битно дете си истражуба и си е среќно. Али за жал таков ни е менталитетот, колку и добра намера да имаш, пак може ќе се потрефиш на родители што ако на момче купиш ‘женска’ играчка а на девојче ‘машка’ ќе превртуваат очи или ќе се незадоволни. Оти нели синко е најјак и треба да си игра со пиштоли а ќере принцезата треба да се дотерува и шминка
Немој да им купувате играчки кујни, вистинските садови од кујна се многу поинтересни На моето момче од година до скоро 2 ,главна занимација му беа тенџериња и пластики од кујна. Отвори ,затвори по вртичките