A nie sto se igrame so kolicki i kamioncinja hahaa omileni ni se, soferka na majka ke bide taa, pilot ke ja praam
Најсреќен нека и е, преубаво и она и декорација и се Да те прашам, кое Дримленд е ова? (Ако сакаш можеш и во лп).
Mene drugarki mi rekoa do 2 god ne primale dete u igroteka i jas ne ja ni gledav taa opcija...bese slavenickata kaj igrackite?
Да се вмешам во мухб, нема да ти забрани никој да славиш во игротека, секако ако е многу мало детенцето нема да го оставиш само кај играчките, ќе биде некој возрасен цело време со дете/бебе... ( сме славеле два родендени во игротека пред короната, прв и втор и така некој цело време ја чуваше неа, поголемите дечиња - гости, играа во делот за играчките...)
Како бее? У која тоа игротека жити се? Глупости. Кога праиш роденден у игротека си го откупуваш просторот за тие 2 саати и внатре ќе бидат само тие дечиња што се твои. Нас многу од дечињата што требаше да дојдат не дојдоа и на крај останаа деца само бебињава од година, едно девојче 4 години и братучед и на мојата 7 години. Бебињата ги имавме пуштено во делот од игротеката со големиве и се изнаиграа. Имаше горе доле некој цело време да ги пази ама имаше и моенти кога си беа сами и немаа гајле. Баш ептен интересно им беше, дека нови играчки, се ново и се изнаиграа. Славеничката посебно пресреќна беше. Ги чекам сликите, ќе ставам баш да видите.
Ne igrotekata ko prostorija nego delot za igranje demek ne gi primale deka ne mozat da gi pazat valjda stoznam. E sea da prais na takvo mesto i da ne smee kaj igrackite mi bese greota
Нeма врска тоа те прелажале начисто ако е малечко се знае ќе има некој близок со него/неа , сигурно бебенце или 1г нема да се оставе само , а девојките што ги занимаваат и пазат се 2-3 ( бар тука е така ) и ретко кога една е околу едно дете строго , до помалите секогаш има од фамилијата некој или пријателка
Мајки што си украсувавте сами дали може да ми кажете отприлика колку балони ви требаа за украсување? За нешто вака ама помало дали би ми биле доста 100 балони?
На сликава имаш можеби и повеќе од 300 балони. Се зависи колкав ти е обрачот и со колкав дијаметар ти се балоните.
Не знам која е соодветна тема за да пишам, ама ако некоја мајка се спрема наскоро за прв роденден и ако и бидат потребни овие 'Wild one' топери слободно нека ми пише да ѝ ги подарам. Стигнаа покасно од Алиекспрес, откако помина роденденот
Мами дајте идеја за слатка маса. Би сакала мафини готови и одозгора ќе декорирам со шлаг. Друго што би можела сама да подготвам? Гледам има како бомбици на стапче, што е тоа? Имате рецета?
Cake pops се тие има на јутуб еден куп видеа со нив. Исто и Oreo pops пребарај. Ќе ти излезат и други идеи.
мелени бискоти ( плазма или пионир ) , путер/маргарин , шеќер у прав се соединува се прават топчиња и се оставаат во фрижидер 20-30мин . Се растопува чоколадо , какво сакаш , бело или темно и стапчето се брцнува прво во чоколадо па во бомбица па бомбицата во чоколадото . И ако сакаш декор , нешто светки или мрвици одма наросуваш и тоа е тоа . Друго можиш лижавки во тул да замоткаш , епрувети да наполниш со бомбони или машмелол , и топери ( сликички на нив да лепниш ) теглиња од кашички да наполниш со Скитлс или М&М
Ај да прашам гледам постара препорака од тебе си нарачала нешто од тука или пак знаеш некој што нарачал?