Не ми збори за бутик Секој ден по 3 пати се пресоблекуваме и пак облека еден тон. Можеш и вакво да кажеш да ти земат. Мојата го обожава. Баш е за дете на таа возраст околу година. А внук ми ваквото до 3+ го утепа до возење.
@nevermet18 јас секогаш сум за пари од/за блиски. Подалечните и онака не прашуваат и би носеле играчки или облека. Навивам за играчки. И никогаш доста од сортери на таа возраст, барем син ми многу ги сака. Можеш коцки, слагалици со 2 парчиња, музички инструменти.
Во пики, лотус, сите маалски продавници за бебе опрема. Ако ти се фрла некоја пара повеќе, имаш и енци менци.
@Autumn Love касно ми е да се едитирам. Само што ми излегоа објави за еден куп туркала од Дон Андон. Ѕирни ги.
@IRBBB фала мама . Може да седне на ова и да го возам, ваљда не е само за туркање? Сега за сега во вангла се возиме по дома .
Ние имаме едно со рачка, ама можи низ дома да се турка оти нема можност за вртење лево-десно, а и општо пластично е, нема сила по улициве наши Ме изнасмеа за ванглата, можам да ве замислам. Супер ти е идејата.
Ванглата е закон!!! и мојата е презаљубена во неа. Јас веќе во играчки не инвестирам, секако се друго е поинтересно.
Да, да за по дома, да одморат ванглава и кичмава малце . Шефица . Какви играчки, дај нешто за фрлање од што повисоко, сѐ што вади појак звук е добредојдено .
Вкусот е преубав. За жал имам негативно искуство, на свадбата ми донесоа туѓа торта, мојата ја заменија со друга. Затоа не ни помислувам да нарачам повторно од кај нив и покрај убавиот вкус.
Не се согласувам за трамболината, знам неколку дечиња од 2 год шо максимално ја користат. Мене ми нема вредност златото освен ако не го продадам па да ги искористам парите. До тогаш прашина ќе фаќа.
Ја користат ама не е правилно. Ортопед не се согласува. Редовно користење на трамболина и општо скокање по меки површини пред целосно да се развие стапалото може да доведе до големи искривувања на зглобовите (скочни зглобови). Ако ти требаат конкретно пари, тогаш во ред, ама златото не губи вредност никогаш. Нешто како трајна инвестиција е. Јас менував злато добиено како бебе за да си земам модерен накит. А секогаш можеш да го продадеш. Моментално вреди повеќе од што вредеше пред 3 години.
Не знаев за трамболината, а за златото не можам да се согласам. Да, и за 15 год ќе има вредност ама за мене ја нема таа вредност како нешто друго што може да се искористи.
Тоа велам, ако ти требаат пари или нешто конкретно кажи си. Синко доби злато од баби дедовци кум побро, дури и едни другари на маж донесоа злато. Затоа што останува. Ние и парите му ги ставаме на сметка, сма алишта како алишта се износуваат брзо.