Јас сум презадоволна, и од храната, и од ускугата и од амбиентот. Има различни менија, зависи што ќе одберете. Ние за крштевката имавме мени од 650 ден мислам, со неограничено пиење и скара и салати. За роденденот сакавме нешто повеќе на мезе, па земавме мени за мекици (ордевери, салати, неограничено пиење) плус пици. Внатре собира до 80 луѓе, а надвор мислам дека собира триесетина или четириесет. Со цело срце ти го препорачувам ресторанот, нема да згрешиш.
Nie do rodendenot imame vreme ama definitivno se dogovorivme deka ke si go slavime vo dvor,na vikendica.Iskreno,igroteka za 1.rod mi e bezveze,mal e,nisto ne razbira.Od druga strana,nema moznost za merakliska sedenka za vozrasnite,pa taka,dvorce mi se gleda idealna varijanta.Ke napravime eden vid piknik,ke si ukrasime,ke se vrti skara,pogolemkite decinja neka trckaat po treva,karaoke...zdravje bi trebalo i vremeto da bide fino,pocetok na septemvri.Dotogas taman ke mozam i nesto za dekoriranje od Aliexpres da si naracam.
Ех, мене колку ми е мерак во двор да го правам роденденот ама за жал немам. Живеам во 50 квадрати стан, немам услови за дома, па затоа ресторан е опцијата. За игротека е уште мала.
Ние исто така сме во мал стан. Кога почнавме да пребројуваме гости, дојдовме на бројка од околу 40. Ќе треба да ги собирам во два дена, два дена да мијам садови, да биде нервозно детето и да ми чури главата. Затоа се решивме за игротека. Иако е мала и не разбира, два саата роденден е она што ни треба, и сите по дома. Во кафана знае и да се развлече славењето, да се поднапијат старите па да неможеш да ги разбркаш Плус имаме 5-6 деца гостинчиња кои воопшто не ми е мерак да ми хараат низ дома. Си закажавме во Робин Худ, со фино дворче за летен роденден, храната ќе биде домашна, за декорација јас све сама сум осмислила, така да кога ќе прославиме ќе споделам искуство
Мајки јас сум во голема дилема. Во петок ни е роденден и планирам да го славиме во дворот. Изнакупив триста глупости за декорации, ама прогнозава е лоша баш тој ден. Имам опција и на покриен дел во дворот, ама тој е 4 пати помал од самиот двор. Трета опција е внатре (немам којзнае колку простор) и четврта, да го одложам за сабота. Стварно не знам што да правам, на сто ума сум .
Ние вчера го прославивме првиот роденден во домашна атмосфера околку 50 луѓе, времето издржа па си поминавме супер во двор. Имавме 14 дечиња се изиграа во тревникот, се на се сум презадоволна, прекрасно поминат ден, а најубаво ми беше тоа што син ми уживаше а мене срцето ми се полнеше. Само ми е криво што многу бргу ми мине времето, 1година не ја осетив како помина, времето лета
Многу напорно за мене.Оваа година како за првпат поминав некако, за следната...друга песна. Најважно од сѐ е дека син ми беше весел, умен, друштвен..и покрај запчето кое упорно брзаше да излезе баш на тој ден. П.С: Баш на роденденот излегов со една ташна што ја немам носено од лани...Кога бркнав низ неа да проверам што има внатре го најдов ливчето на кое сум ги запишувала контракциите на колку време ми биле. Која случајност, по точно една година!
Мислам дека ова е најсоодветната тема за моево прашање: Каде да најдам стапчиња т.е држачи (не знам како поинаку се викаат) за балони? Се надевам ме разбирате што прашувам? Во Џамбо не успеав да најдам
Немаше? Баш пред едн недела ги гледав, во комплет со балони ги продаваат, закачени на ѕидот каде што се балоните. Можеш да прашаш во Гтц на трети спрат во Балон магија дали би ти продале такви.
Ги видов тие, ама мене ми требаат само стапчиња ако има. Балони имам па ми требаа само стапчиња ако се продаваат. Во краен случај ако не најдам на друго место, ќе ги земам тие со балоните во комплет.
Мамички на 27 ни е првиот роденден и целите сме збркани хаха.Се организираме сите,јас,маж ми,бабите сите помагаат.Планот ни е да го славиме во дворче покрај базен,имаме базенче и мислам дека ќе биде супер.Ќе наредиме маси околу базенот,столчиња и чадори.Ќе има 3 шведски маси,наредени со се и сешто па кој сака и што сака да зема.Ќе има ордевери спремени,бабите кифли ќе месат,салати јас ќе си направам.Торта ќе нарачаме во стилот на Мини ама незнаеме уште од каде.Скара ќе се врти тогаш,маж ми со кумот таа работа сами сакаа така.Ќе имаме и една шведска маса за дечињата.Ќе имам 10 деца на возраст од 1-10 години хаха.На таа маса највеќе ќе и се посветам.Се ќе биде во стилот на Мини,чашки,салфетки,балони,тањирчиња,ќе порачам и такви колачиња со Мини.Ќе има и Мини за мавање со бонбони (незнам колку ме разбравте,не ми текнува името). Колички за возење ќе има оние што се со мотор (ќе изнајмам од едни луѓе). Ќе има и две тромболини и две лизгалки и љуљашки.За на дечињата да не им биде досадно ќе ставам ќебенца и на нив секакви играчки.Исто така планирам да изнајмам и едно петле така ние го викаме гумено што е како лизгалка само гумена.Ќе повикаме и аниматор,некој кловн и Мини можеби.Ќерка ми ќе биде облечена во фустанче во стилот на Мини.За дечињата ќе има и капчиња Happy birthday.Исто така ќе има и снимател и сликар за целиот роденден да остане добро запаметен.Се надеваме дека добро ќе поминеме и ќерка ми ќе се радува.Ако имате некој совет плус и уште некоја идеа да биде поинтересно и позабвно каже те.
Со месеци планирав, собирав идеи на Пинтерест, поткупував ситници, за све да помине дур си кажал "кекс" Првиот роденден на денот (11ти) го прославивме дома, само најблиските но сепак се собравме 12 души. Торта немаше, направив капкејкс, а за славеничката специјална тортичка од гриз, ред чоколадце и парченца банана, ставена да се стегне во мини калапче за печење торти. Ја украсив малце со шлагче (кој го тргнав за да јаде) и во средината свеќичка за да дува, но не успеавме да ја научиме да дувне, пробуваше да ја фати Утредента се мрднав од спремање, декорации, сечење, лепење, печење....Да немав помош од маж ми, сестра му и свекрва ми, незнам како ќе постигнев. Направив банери, едниот со триаголници и бројчето 1, другиот со хартии како чипка (оние подметачите) со испишани буквите од името. Потоа куќички за птици од хамер и шарени украсни хартии (темата ни беше со птици), имав дрвце за накит кое го украсив со птички и пеперутки, потоа два вида капкејкс од кои едните беа како гнезденца со јајца...Пудингчиња од ванила со боровници во тегличките (но украсени) од Хип кашички, сокчиња исто во шишенца од Хип сокчиња (исто украсени, попкејкс (лижавчиња-бомбици со глазура и мрвици на стапче), бомбици, и сендвичиња наредени во форма на гасеница (главата патлиџан со очи кашкавалчиња и уста краставичка )...ептен навлегов во детали Важно дечињава беа занесени во игротеката, масичкава не ја ни исперцепираа, така што на крај ние возрасните изедовме се што имаше на неа Имавме купено и балони кои во гужвата не ни стигнавме да ги надуваме, а планирав цветови од нив да правам. Тортата беше домашна, на два спрата, си одбрав една од Пинтерест, свекрва ми ја направи, а јас и маж ми го средивме фонданот и ја украсивме Денот беше претопол, детево го фати малку нервоза на почетокот, плус фустанчето не беше памучно, но откако дојдоа сите гости не ја видов Цело време беше кај некого, многу ни е друштвена јас барем можев на раат да се видам со луѓето. Дојдоа сите за мене важни и опуштено си поминавме. Арно ама, премногу се исфорсирав, три дена немав јадено (освен по некој гриз од тракатанците што ги правев, значи воглавно шеќер) така што желудникот ме болеше уште два дена па морав да се ставам на диета со двопеци Се на се, јас си поминав одлично, не се истрошивме премногу со непотребни детали (можеби и детската масичка ми беше одвишок, но ми беше ќеиф), времето летна но и доволни беа два часа како за толку мало дете