Со декорација ама нема нешто многу фигури. Некако скапо ми се виде. Цел живот нарачуваме од Канела, по 48 ден е парче тортата без декорација. Дупло со декорација, ту мач некако
Во ноември за 40 парчиња Канела ми побараа 2900, а Делициа 3400. Моцарт не ни прашав, ама сигурно ќе беше уште поскапо.
Некој да славел во Тарапана во Кисела Вода? Гледам имаат градина, океј изгледа на отворено, а и менијата за прослави им се солидни.
Нарачувал некој торта за прв роденден од Делиција со фигури од фондан? Како фигурите, ги погодија? Сакав Канела ама Делиција за 1000ка поевтини се. Плус совет да ми дадете кој вкус е најубав, нејќам ништо овошно да има.
За вкус грчка или ѕвездена би ти препорачала. Лично со фондан немам искуство ама пријатели за детски родендени секогаш се презадоволни од декорација
Се согласувам со @LazaLaza за вкусовите. Ние ја имавме Грчка нарачано, чоколадна и со вкус на лешник, лесна ем вкусна, на роденденот нема кој не ја пофали. Исто така немам искуство со нарачки на торта со фондан фигури, ама од пријатели што имаат порачувано само пофални зборови имаат за нив да кажат, и од она што сум видела, мислам дека се многу добри.
Ако не сакаш од овошните тогаш грчка или ѕвездена. Ѕвездена ми е поблага и потешка за јадење. Имам порачувано торта со фигура од фондан, ја погодија. Задоволна бев од изработката, плус боите не ми се растекоа како кај фонданот од Канела.
Сите торти за секој роденден или свеченост ми се од Делиција нарачувани, без утка било секогаш. Каква слика ќе пратам, идентично сум добивала. За вкус најмногу сакам киндер, особено за детски роденден.
Nie imavme torta so figuri od fondan preubavi bea,pogodeni duri i poubavo izgledaa od slikata shto im ja pokazav i prativ
А која цена се движат тортите отприлика и со колку парчиња идат? Според списокот 40 нема да стигнат. Има ли со 50?
Jas, vidi ponazad iam slika staeno. Super bese prativ slika takva izleze jas sum zadovolna. Probaj ja zvezdena mene mi e favorit od nivnjte
Парчиња колку сакаш може. За цена варираат. Јас прашував на неколку места за торта со 30 парчиња, Моцарт ми побараа 4300, Канела 3200, а другиве популарни скопски слаткари, Делиција, Кејк Хаус, Кејк Бутик околу 2000-2500.