Јас имав нарачано со фондан торта од Делиција, како што им ја пратив таква ја направија презадоволна сум. За вкус мој фаворит е Сахара, љубител сум на кремасти торти
Ме убедивте за Делиција, си ја нарачав ѕвездена, ко најтешка ми се виде, а такви торти сакам да ти се прислоши кога ќе изедеш едно парче
Јас сум израчунала 42, гости + комшии. Торта ќе порачам со 40, 2 парчиња ќе бидеме у минус. Таман за нас ќе нема ни за проба.
Дали може предлог за место за роденден но да е со зеленило, во скопје, нешто налик аликас летната градина(таму има свадба тој ден затоа неможеме таму), а сепак да изгледа средено а не запуштено, може да е кафана сеедно не ни смета битно да е ок храната фино да изгледа , немора игрални и слични ствари сепак е прв роденден. Денес ATK ке идеме да го видиме
Последен детски роденден што присуствував лично ептен ми се допападна местово. А и цените им се доста пониски од извиканиве места. https://www.facebook.com/RestoranRitual/
Немаат со 40 парчиња, имаат со 45. Таква земав јас и остана 1/4 од тортата. Убаво размисли, може со 35 ќе ти стаса зависи од вкусот, ако е потешка со потенки парчиња 35 ќе биде таман.
Па мене ми рекоа дека се со 40. Ваљда зависи од кај порачуваш, шознам. За вкус уште не сум прашала, чекам да ми се врати тетката со тортите од одмор па да се договориме за вкус и изглед.
Зависи од кај нарачуваш, да, ама и од кој и како ти ја сече тортата За крштевката на малиот нарачав околу 80 парчиња и нѝ стигна за 100 луѓе во ресторан, плус дома си донесов околу 20 парчиња Ептен фиљан човекот што ја сечел, свака част
Абе саглам си беа парчињата некако, ама мислам дека и поголемка ми ја направија тортата. И мене ми беше чудно кога ми ја спакуваа за дома тоа што остана
Јас скоро нарачував од моцарт, 7500 ден. за 60 парчиња. Ако сакате тешки торти, чоколадниот вкус им е врв, ама ептен тешка е Е во ресторантот како успеале да ја исечат незнам на толку мали парчиња што пола торта дома си ја вративме само од доставата нивна не сум задоволна, ептен се изнервирав.. имаат професионален однос додека парите да ти ги земат. Никогаш повеќе не би нарачала од таму само заради тоа. Него, ни се ближи првиот роденден и барам идеи за декорација.. за машки ич ништо не ме фаќа око, за девојчиња колку убави комбинации има @marta993 ептен ми се свиѓа твојата идеа, преубава торта!
Јас нарачав од Аромати и бев изненадена колку беше вкусна и убава. Дури ми ги сликаа декорациите кога ги правеа, зошто нели тие однапред се прават. Топла препорака за нив.