Да и јас го гледав ама сигурно и они се со временско ограничување и повеќе е игротека. Досега ми ги спомнаа игротека и ресторан Бумеранг и Мандра и игротеката и вака и така ама делот за возрасни некако е грдичок
Колку вкупно деца и возрасни имавте на првиот роденден на вашето дете? и дали поканувате само мајки и дечиња или и татковци?
40 возрасни (мажи и жени) и 15 деца во ресторан. Прв пат и никад више!!! Дете измрцварено, му се спие, гужва, мајка преправена цела со фризура и шминка, едвај ме позна . Абе хаос. Толку веќе такви собиранки.
Браво за муабетот. Нашиот се ближи и вака подучена од поискрени мајки ќе си го прославиме дома само со нашите. Девојченце ќе си дотерам, балончиња ова она без паради.
Да, на денот на роденденот си бевме само ние и плус баба и дедо. Дете беше пресреќно пееше, дуваше свеќи, зрачеше. Со шпихозни и стегач на глава . Преубаво во двор. А во ресторанот крш.
Чисто за споредба да прашам во Скопје како се движат цените во игротеките? Јас овде платив по 200 ден од дете/возрасен, а имаше парче пица и сокче во цената. Многу беше оскудно некако.
И мене ме интересира за ноември некое место кај што ќе биде убаво за возрасни ама ќе има и занимација за дечиња (ќе имаме 8 плус минус) Лани прв роденден дома славевме и никад веќе. Се измрцваривме цел ден со гости од 12-12 демек кетеринг за полесно ама пак трчаш пијачки па да раскренеш пред да дојде следната тура мајка ми се исплака а парите се исти ко у кафана да си бил. Вака седни негде 2-3 саати да те служат и ајт по дома. Маж ја мерка Киндер пошто цело лето го преседовме таму. Да не знае некој како се со цени и колку време унапред треба да се резервира?
И мене ми се свиѓаат вакви родендени славењето по ресторанти ми е повеќе за возрасните, а детето само измалтретирано. Иако целокупната слика од декорации, торти, дотерани сите ми е преслатка ама не би славела така роденден додека не порасне малце. Ние за првиот роденден го однесовме во игротека за бебиња, претходно “дуваше” свеќа дома јадеше торта и дете беше пресреќно Утредента повикавме неколку роднини и пријатели дома да ги почастиме. Сите среќни и задоволни. Е штета немаме професионални слики и мајка му не беше на фризер и шминка
Секој со свој вкус и избор Ние сега на 8ми октомври ќе славиме прв роденден и планот ни е да биде дома, поканети 15тина луѓе најблиски меѓу кои и две дечиња. Торта нарачав со дарко биберко и мачето од делиција, ќе украсиме со балони и некои diy украси, ќе нарачаме даски од едно место и музика каква што си сакаме на звучник дома, мислам дека.ќе биде преубаво и одвај чекам! Никогаш не сум се радувала и исчекувала толку многу!
Буквално ист роденден сме имале. Исто кетринг ама баш мачно цел ден со гости, никаков ред немаше кој кога доаѓа кога си оди. За следен роденден рековме нема шанси, игротека 2 часа и сите по дома да одмориме. Премногу напорно ни дојде на мене и мм тој 1 роденден, многу далеку од очекувањата.
Ние не славевме,барем не официјално со забава.Требаше заедно со крштевка да правиме ама сплет на околности заминавме на одмор една недела пред роденден,и немав време за организации.Во меѓувреме кумовите корона фатиа,девер ми и е јетрва ми Италија заминаа,сестра ми Хрватска.За познаници и тетки стари не планирав да се изложувам на стрес и трошок безпотреба.Нарачав 2 торти.Една роденденска една за гмечење.Али беба не сакаше ни да ја пипне Неговите наминаа пола час на торта и кафе.А после си зедовме децата и отидовме на ручек ние 5 мина.Си поминавме супер .Без гужви и галама. Здравје за крштевката на пролет ке собирам луѓе.
Мама морам да ви ја пофалам тортава, ептен елегантна Чист пример за како едноставното може да биде најубаво. А малото маче ти е најголем слаткиш пу-пу
Majki dali nekoj naracal vakvi baloni od aliexpress na ovoj nacin shto se nizat na vakvo so dupcinja i dali vaka ispadnalo ili nema vrska slikata so toa shto se dobiva? Ni se blizi rodendenot sakav da stavam vaka nesto na terasa za da se slikame i tortata tamu da ja stavime, duvame svekicka, seceme ama ovde kaj shto ziveam mi pobaraa 450 evra za ova okrugloto, a sama ako si gi kupam balonote mi se 20-30evra. Dali da naracam ili podobro nisto otkolku ova da se zafrknam?
I bidejki ke slavime i vo Skopje ako moze predlog za nekoj shto dekorira vaka a da ne e preskapo, predlog za dobar fotograf i kamera za da ni ostane uspomen od prvoto rodendence i ako imate predlog idea za pokani ako pravi nekoj elektronski da iznaprakjame ovde i vo Skopje. Predlog za torta da e vkusna i dobro izdekorirana? Znam deka celo vreme se vrtat ovie prasanja i odgovori ama so bebe nema bas vreme za da citam strani nanazad pa bas ke mi pomognete ako mi dadete idea, predlog, preporaka. Blagodaram
За декорација, виножито https://www.facebook.com/vinozito.dekoracii.podaroci или https://www.facebook.com/dekoracija.na.rodendeni/ Како што знам овие не се прескапи а имаат ептен убави слики. За фотограф, јас закажав фотосесија кај https://www.instagram.com/photofactory.mk/ и овие ги меркав https://www.instagram.com/fairytale_photography_mkd/ Торта јас од Делициа не ја менувам, вкус Грчка, окулу декорација на торта секогаш ми погодувале.
Јас имав нешто слично ко последната слика, нарачано од Али Експрес, се редеа балоните на лента. Не мрдна топ испадна. Набави си само електрична пумпа за балоните.
Јас имам исто порачувано супер е лентата баш си се стабилни, само треба и нешто поцврсто да си набавиш, како тој белиот круг што е, на нешто да ја ставиш траката. И совет од мене порачај од тие малите кругчиња како лепак за балони што се, со ова е поретко. Кога ке си залепиш балони со лепенките плус баш бокато изгледа