1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Ние имаме време за роденден(септември)ама од сега се мислам,што,како...Дефинитивно ќе го славиме во двор,на викендица.Е сега,се мислам околу украсувањето.
    Дали да ангажирам некоја од т.н.агенции,има ли некој искуство,како се движат цените?Идејата ми е да се украси просторот(дворот) и масата за дечињата,( нели ќе има и возрасни).Колку што разгледав по ФБ слики,буквално се од декор што користат им е од алиекспрес,што е живо џабе да го нарачаш плус малку труд и ете човек може сам да си направи.
    Но,кога ќе соберам се на купче,се мислам доколку нема некоја голема разлика во цена,да ангажирам некој од нив?!
    Од друга страна,пак,денес после сто години бев низ Џамбо и буквално се збунив колку чуда има за детски роденден,од балони,чаши,секакви џиџимиџи,голем избор на бои,мотиви...па и со тој ум сум,од таму да се изнакупам и да завршам работа.
    Совет,искуство?
     
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Јас ја одбрав варијантата џамбо во двор. :)
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мене ми е далеку, ама уште од сега се мислам кај ќе ги соберам сите. Само најблиските пријатели ќе ги викаме, а пак се сведува на 40 возрасни и 15тина деца.
     
  4. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Majka +- tolku se sobiraat i kaj nas.Iskreno mene i toa mi izgleda too much(trosoci,organizacija,guzva) ama krati krati,pomalku nikako da izleze|( P.S.A uste tolku nema da bidat pokaneti
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Слушнав цени од 7000, 10 000, 12 000... За украсување и тематска масичка. Искрено што е многу многу е. Грубо пресметано, декоративните работи што ги купив ме коштаа околу 1500ден, а мастрафот за храната за тематската масичка најмногу 1000ден. Не бев во можност премногу да се расфрлам со пари, но и кога би можела мислам дека пак сама би направила се. Секогаш имам добра замисла и креативност (а се надевам ќе имам и време во иднина) за да не давам огромни суми на тие фирми кои имаат добра заработувачка од луѓето без време. Единствено што би дала пари тоа е за хелиумски балони (овој пат немавме) кои според мене ја прават поубава роденденската атмосфера.
     
    На TIGARCE86 и artemidis им се допаѓа ова.
  6. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    46.059
    Пол:
    Женски
    Помина и нашиот прв роденден и крштевка и ПРЕКРАСНО си поминавме :) Во црква малку плачеше малата и го препоти кумот :whew: :lol: ама сите деца плачат и не беше нешто вознемирувачко тоа. Најмногу од се се израдував на времето што не ни заврна, а и не беше многу топло, бидејќи правевме на отворено во ресторан Градина. За ресторанот имам само најпофални зборови од услуга, јадење, само треба времето да се погоди, да не врне иначе се е џабе. Имамвме околу 35 гости и сите среќни и задоволни си заминавме дома (y) :)
     
    На TIGARCE86, joy1 и zuto им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    И ние ги прославивме првиот роденден и крштевката. Преубаво си поминавме. Многу ми е мило што времето ептен ни се погоди.
    Крштевката помина во најдобар ред. Бебе плачеше, ама нормално било да плаче :) Толку се измори од плачењето што после тоа 3 саати спиеше како топ ^_^
    Роденденот го правевме во ресторан “Маргер” и можам да кажам само пофални зборови за услугата и храната. Објектот е прекрасен со голема тераса и уште поголем тревник каде што децава (а и некој возрасен) се изнатрчаа и изнаиграа.
    Тортата ни беше од “Канела” и мило ми е што повторно се решив за нив, бидејќи никогаш до сега не ме разочарале. Преубава на вкус, а уште поубава на изглед. Токму таква, каква што им побарав.
     
    На Kaffe, TIGARCE86 и joy1 им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    За ,,Маргер,, ..ако не ти е тешко да ми пишеш, ме интересира за таму оти могу ми се допаѓа локацијата за роденден па собирам ,,понуди,, сега
    Ме занима се договоривте за сите иста порција да има или секој што ке порача
    Скапо ли е ?
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    ^
    Ние се договоривме за порции. Не беа класични свадбарски порции, туку се беше ставено на даски. Една порција не чинеше 750 денари, ама бидејќи си имавме торта, порцијата беше без десерт, па ни намалија на 700 денари. За тие пари се добива навистина, многу, многу храна. На нас скоро пола и повеќе ни остана (а само двајца не дојдоа од планираните гости) и делевме новогодишни пакетчиња на гостиве :) Инаку ќе требаше да се фрли.
    Многу им е вкусна храната, а и услугата е супер.
    Ова мени мислам дека им беше некаде во средина. Имаат и поскапи и поевтини. Најубаво на лице место да си видиш и да се договориш.
    Ценава е без пиење. За пиењето доплативме 5000 и нешто, а бевме 20 возрасни и 6 деца.
    Еден совет од мене. Ако се договарате за порции, нарачајте помалку. Немојте колку гости, толку порции, бидејќи ќе ви остане многу храна. Освен ако не сте големи јадачи. Како што кажав погоре, порциите им се навистина многу обилни.
     
    На TIGARCE86, darcy и referentka им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Фала ти за исцрпното излагање:*
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Nie imavme mala krstevka vo domasen ambiend koga sin mi imase 4 meseci.Rodenden cekavme so najbliskite rodnini i drugari se sobravme nekade okolu 100 gosti, vo restorant od covek ni naplatija po 100den plus jadenje i pienje,potrosivme dosta pari za restorantot,dekoracii,snimanje i torta.Vazno si pominavme preubavo.Vtorniot rodenden ni bese poednostaven no isto mnogu ubav :)
     
  12. NineAre

    NineAre Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Izvinete Za fond :) nie imame tri deca Prvoto ima 6 god vtoro to 4 I tretoto ins godinka. Imame tri razlicni iskustva Za Prvoto I vtoro to dete pravevevme vo restoran imavme vkupno 100 gosti I bese prava svadba so muzika so igranje Da gostite se zabavaa AMA decata ne Ana sega Za tretoto koga pravevme prv rodenden go pravevme vo igroteka imavme 35 deca 35 vozrasni decata bea presrekni se iznaigraa se iznauzivaa roditelite I bese prekrasno I da bidam iskrena Malku mi e maka Za drugive dvajca sto pravevme vo restoran.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Првиот роденден на помалиот син ќе го славиме дома. Прво ќе правиме крштевка, па после тоа ќе одиме дома да си се развеселиме. Освен кумата, старосватовите, моите и неговите, други гости не каниме. Така правевме и за првиот роденден на поголемиот син. Со роднини и пријатели не се каниме по родендени. Во кафана или во игротека на планирам да славам роденден.
     
  14. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Ај овде да си прашам...ни се ближи роденденот па се мислам од каде да нарачам торта. Мајки искуство?П.С.Одлучив не сакам никакви мики мауси,мечиња,колички.Тоа здравје боже синко кога ќе почне да разбира...сега мислам нешто во овој стил tortta.jpg torttt.jpg
     
    На Annah87 и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    За ќеркичката првиот роденден го прославивме во ресторан,имав порачана торта со спонџбоб, омилен лик и беше уште од бебуш,со околу 30тина гости,имаше и жива свирка која си ја има редовно во ресторанот, ама таа беше плачка, се плашеше од се, од гужвите, лугето, атмосверата, и одма ја дувнавме свеќата па после вечера и друго, а таа си го преспа цел роденден. За синко пак крштевката ја правевме на првиот роденден, па прво бевме во црква и после славевме во игротека, веќе имавме бројни гости со дечиња и шо да ги малтретирам по рссторани, вака ем децата се изнаиграа ем поубаво за сите, синко веќе беше ипрооден, се изнаигра, си дуваше свеќа, се радуваше. Торта правев јас Stefan.jpg
     
    На Sunshine_1979, makgirl, vitamina и 8 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Majka zaboraviv kako se vikas da te najdam da facebook da ti pisam :D inace Lapetit pravat mnogu ubavi torti, vo Lisice :)
    https://m.facebook.com/page/mediase...341984029563.-2207520000.1439475544.&refid=17
    Nas da ni dojde rodendenot nema da mozam da se odlucam hahaha Vidi na facebook stranava, ludilo od torti :)
     
    На PUPICA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Се ближи и нашиот роденсен па се мислам што/како. Би правела во игротека но имам 4-5 деца за канење. Дома баш и не сакам, ќе треба да служам цело време и ништо нема да видам од роденденот. За сега се мислам во ресторан но да има некое катче и за деца. Дали имате да препорачате некое такво ресторанче или снек бар? Доколку не најдам ќе остане опција дома :|
     
  18. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Majki,vakvi baloni ima li po Skopjevo? bbbbb.jpg
     
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    И јас имав само 5 дечиња гости, па сепак најисплатливо ми беше игротека, барем родителите да се раат од децата и да си имаат занимација, а јас да бидам раат од спремање и чистење ;)
    Правевме во игротека што имаше убав дел за возрасните во дворот од куќата, па си се осеќаа исто како во кафич, а децата беа внатре во игротеката.

    @PUPICA вакви балони имаш во Балон Магија во Гтц, но не ги продаваат ненадувани, а мислам и во Џамбо имаше со точки, провери си.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    @Kitten бев во Џамбо,немаше,додуше кога бев ги преместуваа па ќе одам денес утре пак. А во Балон магија и да има, малку ми е скапичко, пошто минимум 20-тина балони ќе ми требаат а еден најобичен им е мин 50-100 ден.