Грчката. Јас земав ѕвездена и таа е топ. Само што ја земавме нашата, ептен ја погодиле и вработените се радуваа што направиле така креативна торта. Ќе ја постирам денес, утре
Девојки предложете слаткара што би ми израбптиле добро торта сп фондан. Се размислувам помеѓу Канела, Романса или Делиција. Само што од Канела на пријателка и беше ужас тортата за роденден на синот, немаше врска со тоа што таа го бараше, голем пропуст. А воедно ми е битно и да е вкусна
Јас имав порачано торта од една жена која ги прави дома. Тортата ја направи исто како сликата што и ја испратив а и вкусот беше врв. Нема кој не ме праша од каде е нарачана. Ако сакаш контакт пиши ми
Лани имав од Канела но ме разочараа, почна да ми се разлеваат боите. Годинава порачав од Делиција, двете беа баш како што сакав. За внуците беа од Романса, исто убаво направени и вкусни. Така да бирај од Делиција и Романса.
Јас порачав ѕвездена и чоколадна. Наместо чоколадна сакав cherry, но ми кажаа била многу кремава и не можела да ја издржи декорацијата што ја сакав. Исто убави се грчка и сахара.
Ја видов тортава на инста и си реков ова дете нема стаж пред екран. Читам во мајчински, сум погодила. Среќен нека и е роденденот, да ве радува цел живот
@TanyaClover перфето со две раце потпишувам. Мајки имам декорации за прв роденден ако на некоја и треба ги подарувам. Не се многу ама можеби може да искомбинираат со други. Пишете ми лп да ви пратам слики.
Мајки, за еден месец ќе славиме прв роденден, ама со оглед на тоа дека ке имаме и дечиња сакам да го прославиме во некок ресторан или ланч бар со игротека. Бумеранг ресторан-игротека не ми се допаѓа воопшто, во дежаву е мраз во јануари па неможам да најдам некој што ја има таа целина ресторан-игротека. Некој да ми даде предлог ? Ви благодарам однапред