Здраво, Ве молам давајте ми предлози за страни за украсување со балони. Освен луна декор на инста, кажете некој друг, се спремаме за втор роденден. Лани ни правеше една од Куманово ама не ми се даваат 1500 ден за транспорт само плус декорација Ваква ми е замислата ❤️
Дали знаете некои од страни студијава за украсување што се пријавени регуларно и си даваат фискални или има опција да им платиш со фактура?
Нема гајле Фала ти секако сум била еднаш на свадба ама искрено не ми е конза прв родендне и малце има возење по тоа кривините
Мајки здраво. За првиот роденден правевме фешта сосе сите салтанати и 100 луѓе. Кај и да е иде следниот. Овојпат нема да биде фешта, но сакав да слушнам ваши искуства за втор роденден - кого викате, дали правите декорации, торти итн.
Нашиот прв роденден беше во корона време,па заедно со крштевка го прославивме со најблиските и кумот. На вториот роденден имавме повеќе гости од првиот секако и за двата родендена си спремив декорации, торта,слатка маса.
Прашањето ми е смешно и глупо знам... Ама да си прашам дали им купивте вие родителите подарок за прв роденден на вашите бебиња?! Една пријателка вели се купува - јас прв пат слушнав дека требало...
Ние за 2 недели ќе славиме втор роденден. Првиот го прославивме со најблиските роднини и другарите од друштвото во ресторан, сега ги планираме истите луѓе само во игротека со дел за седење за возрасни. Декорација немам резервирано, се опрчив 2500 ден за балони и тракатанци за сама да декорирам, ќе видиме шо ќе испадне. Поточно дали нешто воопшто ќе испадне Слатка маса пак ќе правиме, ништо посебно, мафини, путер колачиња и некоја кутиичка со чоколадни бомбони. Се мислам за фотосесија, ама мислам дека ќе му правиме, ептен убав спомен ми се сликите за првиот роденден. Само сега сигурно нема да му порачам торта за смаш кејк, во зависност од концептот можда ќе направам јас нешто, не знам. Му го плативме роденденот. Се шалам, ништо не му купивме. Сега за втор роденден маж ми ме прашува шо ќе сме му купеле. Туку, кажете ми луѓе каде да најдам украсна хартија со диносауруси во пастелни бои? По можност во Битола.
Ние за вториот памтам му купивме на поголемиот автомобил на акумулатор. Исто ко да си купивме играчка за нас џабе фрлени пари. И не, не беше изненаден како што очекувавме, па се разочаравме Хартија види во просветно дело. На нет гледав имаат баш такви
Доби кола на акумулатор за прв роденден. Ја повози татко му играчката и ја оставивме кај еден другар во подрум оти нема ни кај да ја чуваме. Вчера бев во просветно, ич не ми текна да прашам. Фала ти.
А викате деца од градинка за втор роденден? Сите што ги прашав ми викаат не викај мали се. И реално по населба кога ќе се видат, ко да не се познаваат децава, а по 9 саати се заедно.