Јас пред празнициве нарачав сефте од ла крем во карпош и ме бендиса на вкус ама обична нз какви им се со декорации види на фб
Незнам колкави се дечињата али и ова ми е многу добра тема. Бојата на диносаурсчињата може да е друга
Сум била на мекици зимно време супер беше само ми сметаа многу цигарите и штонемаше добра вентилација, храната вкусна
Правевме крштевка и прв роденден, славевме дома. Прво беа постарите на ручек па после друштвото на вечера. Не би сменила апсолутно ништо. Се ни беше однапред спремно, организирано, сервирано. Мислев дека ќе бидам уморна, дека цел ден со гости, ама не, имав сила да и се фрлам на тортата откако си отидоа гостите
Девојки дали знаете во продавничките на Бит Пазар дали има нешто за декорирање за 1 роденден, пр.нешто како сликиве.
Менито во Киндер Парк им е со пијачки или плус се доплаќаат? Машала цениве а штуро мени ако е без пијачки. Дајте некој интересен предлог а да не е игротека @Калатеа славевте вие?
Не сме, се премисливме зошто немаме баш нешто деца, па закажавме во Баба Цана надвор кај тревникот. Менито им е без пијачки, ќе ти го пуштам во лп.
Мислам без пијачки им е. Инаку јас закажав во Ритуал, многу ок ми се виде понудата, просторот е прекрасен со многу реквизити за деца. Многу добро е склопен делот каде седат возрасните и пред нив е градината со реквизитите. Јас имам многу деца за роденденов и најпогодно ми се виде. Инаку цените горе доле се исти, овде е 17 евра мени а за деца е или пола цена, или имаш опција со грицки, пилешки прсти, помфрит, сокчиња по 300 ден. од дете. така нешто беше...
Предлог ресторан за прв роденден? Да не се пуши внатре, најбитно, а опционално да има двор за деца да трчкаат.
Во киндерпарк има менија од 400 до 1000 денари. Мислам дека 6 опции имаше. Детските се по 150-200 денари. Пијачките се доплаќаат, цените се стандард ко сегде. Терминот е 2 часа.
Мене ми пратија менија до 750 ден., поевтините немаат ништо баш И влез во игротека 100 ден некако не мине логично? А не ја изнајмуваат само игротеката?