Да, скапи се, секој со можностите нели Еден балон со хелиум им е 80денари. Или евентуално ако прифатат со воздух да ги наполнат, така нема повеќе од 30ден да ти наплатат.
Ако не ти се брза види на aliexpres или на ebay јас за крштевката си нарачав од овие за со хелиум и си ги надував со воздух па ми излезе поефтино
Dali znaete kolku cinat onie dekoracii za rodenden kako candy bar,pa so baloni,taka fan y smendi sto se
Нас ни помина роденденот (25 август), но го славевме на 22 бидејки сакав баш голем роденден во двор, во викендица па сакав сите да дојдат бидејки ретко кој работи за викенд. И јас ја разгледував можноста за да ангажирам некој за уредување и тема, но на крај одлучив се сама да си направам. Од декорација и украсување па се до храна и пијалок. Голем дел од работите кои ги искористив ги најдов во Џамбо, нешто купив од женски пазар, а дел порачав од Алиекспрес. Роденденот беше на тема принцес Софиа, па така и го изработив и фустанчето за мојата принцеза, само круната ја порачав од една девојка. Навистина е напорно се сам да правиш, но е далеку поевтино и причинува огромно задоволство. Покрај сите декорации и чуда кои и ги направив, јас посебно се радувам на штафелајот од слики (кој патем д сега не сум го сретнала на детски роденден). На парче стиропор (поголемо) ставив слики (околу 40-45) од мене во 9-ти месец од бременоста, првата слика од болница, првата прошетка и така од се прво (крштевка, одмор, со бабите и дедовците, со тетката, со чичо....) Стиропорот го поставив на штафелај и го ставив покрај тематската маса. Жал ми е што немам слика во компјутер за да ја поставам, но ветувам ќе најдам време и ќе поставам
Феминки, ни се ближи првиот роденден и во дилема сме во која игротека во Скопје да славиме (ресторан отпаѓа бидејќи имаме 15 дечиња и поинтересно ќе биде во игротека). Знаете ли некоја што собира 70тина возрасни? ама да е со затворен дел зашто времево ми е непредвидливо. Се мислиме за Дримленд Аеродром, КидсПарк Капитол. Има ли некоја од Вас искуство, многумина ми кажуваат дека биле скапички... Фала ви однапред
Ни се ближи првиот роденден ќе правиме заедно со крштевка,во црква прво одиме па после во ресторан 25 души сме бидејќи немам деца во игротека неможам,ми требаат ваши идеи совети за декорација и украсувања тенк ју
На помалиот син првиот роденден му го прославивме во неделата, заедно со крштевката. Требаше да биде во четвртокот, затоа што тогаш му е роденденот, ама тогаш немаше никој да дојде. Така се одлучивме да го славиме роденденот во недела. После крштевката отидовме кај нас дома. Присутни беа моите, неговите, кумата и старосватовите. Вечерта имавме други гости. Супер си поминавме. Во кафана пари не ни се даваа, а игротеките не ги сакам. А и немаше деца за во игротека.
Штом немате дечиња, онаков кенди бар би бил излишен, можеби поубаво ќе биде некоја декорација со балони, дали хелиумски, некоја фигура, свод...Јас дефинитивно догодина ќе одам на таа варијанта, бидејќи за тематската масичка се изнамачив а дечињата (беа само 5) ја одминаа и на крај им реков на возрасните да си се послужат и од таму.
Фала душо на советот и јас се мислев за кенди бар,ама немам деца ќе те послушам со хелиумски балони ќе декорирам и некои други украси од тие хартиените топки сакам,од џамбо земав некои работи сега ќе доземам уште нешто деновиве да комплетирам инаку и јас сама спремам ептен ми е мерак
Ние се спремаме за 1 роденден и изкрено да ви кажам ми пукна главата, ова треба она треба а никој не те прашува дали ти треба помош.Решивме да правиме дома со околу 40 луѓе, кенди бар сакав ама пошто се само 5 деца тоа отпаѓа, дајте некоја идеа што можам друго да направам? Како изгубена сум не знам на кој одам. И дали знаете кај моѓам да најдам свеќа ама поголема од тие стандардните?
Помина скоро цел месец од нашиот прв роденден и крштевка не сум пишала зошто го фати алергија и сме по лекари цел месец,Роденденот и крштевката во еден ден ни беа заедно убаво помина се во црква многу плачеше додека,во ресторанот беше добар имавме околу 20 души интимна прослава најблиските луѓе ни беа јас украсив се со помош на кумата купивме се од Џамбо тортата и темата ни беа Мики Маус,Кенди бар немавме зошто немавме деца добивме убави подароци кола на акумулатор,трицикл точаче пари,играчки сложувалки и гардероба тој ден ни беше уште поубав бидејќи малиов дечко ги пушти првите чекорчиња прооде во глобала топ поминавме
Ние го прославивме 1 роденден пред 2 дена. Супер беше имавме торта со hello kitty и темата беше таа, шеќерна маса немавме затоа што немав деца.Го славевме дома со 50 луѓе интимна веселба , во глобала беше супер.
Дали првиот роденден го славевте точно на датата или не?нас роденденот ни се паѓа во недела а јас сум во план да го славиме во сабота
eve i jas da pisam kako pomina nasiot prv rodenden. tato prvo bese protiv slavenje rodenden pa posle 3 dena go slavevme,bidejki 12ti bese cetvrtok,nie domasnite si nazdravivem,vo petokot pak taka cel den so muzika i sabotata cekavme gosti, iznajmivme stolovi i masi od onie kako na proslavi ste se so masni na stolovite.kupivme ukrasi i ja ukrasivme cela kuka so mm. imavme 30 gosti,familijarno bese. temata ni bese tom & gerry, takva ni bese i tortata. proslavata pomina super,bidejki kukata ni e golema imase dovolno prostor i za igranje i da bidat raskomoteni gostite da ne se turkat na masa. sinko vesel i drustven so site i prvite cekorcinja gi pusti,bez da paga na sekoj metar sobravme ubavi pokloni:kola na akumulator,malo tocace kako za sega,pogolem tocak,igracki,obleka,pari,nakit. zadovolna sum kako go proslavivme prviot rodenden, (prva opcija ni bese restoran ama pri tolkava kuka i tolku maka da ja izgradime sakav doma da si bideme,toa ke ni ostane spomen.) mama sekako bese premorena,iako imav mnogu pomos od svekrvami sepak tri dena ne se malku a sin mi privrzan za mene,aj zgotvi,aj nahrani,uspij,cisti,ukrasuvaj ama pomina i toa,zadovolna sum,oti napraviv se po moja zelba.
Јас од сега се мислам, мм сака исто дома, ама простор немаме до толку, па веројатно ќе треба на 3 пати - родителите и браќата, па моето друштво, па кумот и на мм друштвото... Ќе видиме.