Овие декорации мислам дека се лесни за изработка ако имаш доволно балони. Оваа е посложена ама со соодветна големина на балони и малку труд и туторијали на Јутјуб би можела да ја сработиш Еве идеи за торти Балони можеш да си порачаш од Али експрес. Од локални продавници со океј цена јас зедов од тука https://www.facebook.com/partycitynmk?mibextid=ZbWKwL Имаат и вештачки листови и триста тракатанци шо можат да се искористат. Топер за торта ако сакаш, наместо да е така декорирана во слаткарница, сум порачувала од тука, девојката многу убаво работи https://www.facebook.com/dreamy.designs3?mibextid=ZbWKwL Малку е поскапа, ако не ти одговара ценовно, сигурно можеш и други да најдеш.
Еве ти покани шо треба само да му додадеш текст За банер позадина само ова успеав да го најдам со поокеј резолуција. Ама со ништо од погоре не ми се вклопува. За прв роденден ви е?
Каде можат да се најдат вакви балони во различна големина? Дали се стандард само се дуваат помалку/повеќе? Се мислам дали сами да местиме или да платиме.... И нешто сум во муд да не е со тематика... Инаку, иако се балоните на тракава, сепак тој цел свод мора да се прикачи на нешто цврсто...
Овие конкретно се балони со различни димензии, по бојата се гледа. И не се на трака, гледај колку густи "снопчиња" има. Конкретно за ваква декорација, јас би ангажирала некој, иако мислам дека би била прескапа бидејќи има премногу балони кои мора да се квалитетни за да имаат таква интензивна боја, шо автоматски значи поскапи.
Здраво Мајки, ми треба мислење/совет. Сакаме прв роденден на малата да прославиме со сите нишани и плус крштевка. Но, денот за роденден е понеделник, а бидејќи повеќето гости се надвор од Скопје, некако се одлучивме за сабота-ручек време, за да може сите да се опуштат, а и ние и недела да се одмориме поши понеделник сме на работа. Деновиве разбрав дека не се славело порано, а можело покасно. Кога прашав зошто ... Никој не знаеше да ми каже. Дали некоја славела роденден порано на бебуш ? P.S. свадба не направивме - корона време.
Бабини деветини се тоа со неславењето роденден порано. Моите ми славеле роденден скоро секогаш порано бидејќи сум родена на специфичен датум, па ретко кој е слободен на тој ден. Исто и на децата им славев роденден порано годинава.
@Rubiii може каснам ама сега ја отворив темава да ѕирнам што има За балони ако ти требаат вакви за украсување, со ленти за лепење, бројки и сл. јас ги меркам на ПИ КИ на ФБ. Гледам имаат доста, а цените им се ептен багатела. Види може ќе ти се уклопи нешто во идеата
Јас од Холандија и нарачав, на акција беше таму ставен Сега чевли ќе барам, торта смислена, декорација исто. Момава нормално во розево mauve ќе биде, а ние сите во бело. Маж се согласи Инаку јас си го најдов фустанот, кумата кажа јас да си одберам. Роденден и крштевка ќе правеме. Фотосесија на брод смислив, ама сестра ми ќе слика. Имам дибар телефон, нејзе си ја бива и нема шанси фотограф да барам. Туку од кај зеде фустанче? И чевлите?
Мами ве исчитав неколку страни назад и баш сега ме замисливте за Канела! Црвената или плавата ви се погаѓаат со постаро тесто? Јас кога зимам од Канела секогаш од црвената во Козле и ми било ок. Некој за Перфето прашуваше јас за големата за 10 роденден порачав од таму жербо торта....мммм фантазија беше, а и декорацијата беше одлична. Од Романса како што ми правеле декорации мислам дека никаде на друго место. Мислиш ќе ти прозборат фигурите. Е ај што се поскапи ама па тоа ароганцијата па....но комент. Инаку јас секој ден проаѓам покрај нив зошто ептен блиску живеам и влегов да ги прашам за цена за торта еден месец однапред зошто планираме да одиме прво на одмор па ко ќе се вратиме после 2 дена ни доаѓа роденден и крштевка. Не ме удостоија со одговор зошто било прерано и ќе менувале цени Е сигурно нема да седам тука и да ги чекам нив, така да и во живо да отидеш исто ти се фаќа со нив. Најверојатно одат само на 50+ парчиња (јас прашував за 20) Е сега за фустан незнам кај да барам за цуцава. Прашав на една страна на инста, многу едноставен ни тулови, ни џиџи миџи ништо ми опали цена 4200. Искрено премногу ми е тоа. Ако имате идеа каде да се најдат не премногу свечени а ибави фустанчиња би било супер.
За бебе? И сандалките и фустанчето и шнолата од Окаиди @V.N. не им ја можам ароганцијата на Романса. Ролат да им купиш па да ти преседне од ароганција не па друго. Канела црвената досега на двајцата , нема утка декорација и вкус За 55-60 парчиња на бебе излезе 4.600 ден Што состав е жербо торта од Перфето? Јас лешник сум земала и била супер. За големиот планирам сега од Перфето да сменам.
Јас добив ваучер од Окаиди за првиот роденден. Ќе и земам за во Црква и за резерва од таму. Добро што ме потсети. И чевли да видам. @V.N. еве во Окаиди види. Јас овде го видов фустанот и немаше број, и среќа начекав попуст од 50 е на 25 ев. Сега буквално се е на попуст. Е платив достава, ама добив и купон за акција и ме фати 35 ев. Гледав и јас на Инста да нарачам од Мк, ама не давам 100 ев само за фустан. Многу е. Баш дека е и лето и сега се стават на акција. Леле ни пораснаа децава
Ќе те излажам за жербо што се има ама знам дека има слој еден белки печени, па ореви, па незнам што ама така е крцкава убава ептен
Колку што се сеќавам он е неколку дена пред мојот. Препрашај да не се на колективен. Јас тој проблем го имам со нив за големиот секогаш одеа тој период на колективен