Морам да споделам лошо искуство со вас. Прославивме прв роденден и крштевка на малата и се мислев каде што како да порачам торта. Се решив за Канела прима. Отидов на лице место им покажав 3 торти, ги прашав која може да ја изработат најлесно, им потенцирав која мене ми се допаѓа. Ја одбравме (заедно со нив) таа што мене ми се допадна.(следи фото). Со напомена, наместо зајче да има куче-лабрадор и наместо цвет во рака да има балон. Ги прашав дали може да ја направат иста со тие детали, ми рекоа дека може. И се договоривме за цена, датум и носење. Си ја платив тортата 4.150 денари (срчка ме стегна, ама ај ... Прв роденден плус крштевка). Лево е таа што ја порачав, десно тоа што добив. Значи... Ми се згади и зажалив што воопшто ја знам слаткарата. За вкус беше вкусна, ама декорацијата... Шо ме кошташе избришани фотографии и срам од гостите Ми се рика ми се плаче Така да... Ако порачувате торта со декорација, немојте од Канела прима, за да не ви се случи хорор
Да си пишале луѓето и они до 7 август се на колективен, а мене ми треба за 2 Е тек сега ќе биде забавно. Ај кажете добар состав на торта од Романса. Од таму немам земено оддамна
А што цена се тортите во Перфето? Не можам да најдам онлајн ценовник. За 20ина парчиња ме интересира.
Zavisi od dekoracijata, fondan/ slag, toa najveke menuva. Primer za torta od 36 parcinja so fondan ukrasena plativme okolu 2500. Najdobro pisi im na viber so slika ke ti odgovorat
Мене за 36 парчиња ми бараа 3300 ден со неколку фигури животинки од фондан, ама се на колективен одмор од 22.07 до 15.08. Ако не ти треба во овој термин јас би ти ги препорачала
Dokolku neooj slavi rodenden i mu trebaat mornarski dekoraci nes kotva tapeta mornarska neka me kontaktira jas poracav od net ama veke ne mi trebaat a se super ne osteteni i so normalna cena
Фала ви Ќе поминам после да видам како ќе ме закрпат со цена. Ич несакав од таму зошто кога бев пред неколку недели ептен ме напнаа ама сега тоа е
Не знам каква декорација сакате за 1 роденден, али бевме викендов во игротека и за обична едноставна декорациј и вкус мене ме бендиса много од ла крем слаткара.
Јас немам појма од торти ама дали навистина торта од 3 спрата со декорација вреди околу 15000? За први роденден на синко ми кажаа таа цена за торта со животни.
@VirgoStar сега се враќам од таму, за мене кога ми треба неможело мајсторицата на одмор била @perlaa1 не да не вреди, ич не ни помислувај 250 евра за торта да даваш. Башка да дека фигурите ко ќе ги направат џиџани се така по ред преубаво е, ама нити се јадат ни ништо и на крај ги фрлаш (читај 250 евра) во ѓубре
Мама а да си направиш торта со слика дигитал принт на шеќерна основа. Ептен се добри, знаеш како порано пред да излезат фигури со фондан. И можеш некоја фигура, ама да не се тоа 10 оти фигирите мнпгу дигаат на цена
Спојлер: Торта баш ваква ќе биде. Од познаници знам дека како што ќе кажеш така ја изработуваат на лик, ама 15000
Преубава е тортата. Искрена да бидам можеби премногу се 15.000 за торта, ама со оглед на тоа колку работа има во тортава, не мислам дека некој би го вреднувал својот труд за помалку.
уф, ова цела уметност е. е толку ќе те кошта. Не ја замислував вака. затоа ти предложив со слика и плус некоја фигура.