Ако има некој од истокот препорака за лир од струмица. Тортата беше преубава и на лик и на вкус, еве ви слика. 65 парчиња 11000 ден
Мајки, ми треба помош за сликар за прв роденден. Дали можете да ми препорачате некој од кој што сте задоволни? Се јавив на Споменар, но зафатени се.
Прашував за достава во Радовиш, немаат. Ние бевме да ја земеме. Претпоставувам и до ск немаат, ама пак прашај си
Бидејќи се прави муабет за торти, дали некој знае каде прават од оние малине тортички? Ќе прикачам слика за од прилика каква мислам Прашано во канела само не правеле
Здраво каде можам да најдам салфетки со фламинго? Барав во веро јамбо нема.... Дали вие ги декориравте масите за 1 родемдем(масите на гостите ) Мпже ли предлог идеи?
Јас ја нарачав од Ла крем. Се договоривме посна ( без јајца, и јатки ) и убава беше, чоколадма со џем од портокали. Спојлер
Некој нарачувал од Ве микс да каже дали им се убави тортите, дали добро ги прават со фондан и кој вкус е убав?
Јас ја нарачав чоколадо малина . Не беше лоша ама за мој вкус може малку сува. не беше со фондан ама беше слична со таа што ја одбрав. цена солидна без занесување со плафон..
Да баш тоа видов. Они солидна цена ми пишаа за торта што сакам да ја нарачам. Јас секогаш нарачував од Делиција али за торта со едно лавче на неа за 45 парчиња ми пишаа 5000 мкд. Стварно претераа.
Еве кога е веќе муабетот за торта видете ги во слаткарница Грими во Куманово, ги има на фб,сите торти се преубави на вкус а за декорација им нема рамен,исто и Зафир, и не се скапи како што споделувате цени од Скопје.Пофтино ви е да запалите кола и да си ја земете од Куманово.