zamorno e na tri pati,nie se odlucivme za doma oti kukata nie e poveke od 100m2,open space ama ako ni bese pomala jas bi vo restoran, se naednas i gotovo,em po ubava atmosfera site zaedno,em nema maltretiranje osobeno za mama i za deteto. sepak vie si znaete,toa e moe mislenje,so dogovor so mazot se biduva.
Мм е изричито против ресторан, јас се мислев за игротека, ама бебуш ми се вознемирува на глесна музика, плус е премал за да осети нешто од игротеката... Ај до февруари има време.
eh ee imate vreme,i jas zatoa odluciv doma,em pokomotno za nas em za deteto a ne vo restoran pa mu se spie,pa saka da jade,pa eden dosol,drug uste ne,koj ima kola koj ne pa plaka taksi,pa ima rodnini sto moze ne stojat finansiski mn dobro pa kaj poklon pa i taksi li da plaka
Ние го прославивме првот роденден. Имавме могу гости околу 80 заедно со децата. Роденденот го прославивме во ресторан зошто не беше логички дома да зберам толку луге. Имавме тематски роденден темата беше five little monky. Син ми на почетокот беше весен, но потоа веќе му се приспа и после тортата го испратив со мајка ми на спиење. Се на се добро беше.
За 1дете пред 4год правевме 2во 1(роденден+крстевка) во ресторан 14,менито беше 600ден + пиење,имавме 20на гости,немавме мали деца,а тортата беше ГАМИ БЕР од слаткарница ЗАФИР од Куманово порачана во Веро,за другово ке правиме во март па имам време да размислам и да прочитам тука мислења и одлуки
Пред неколку дена и ние го прославивме првиот роденден.Во ресторан 40-ина возрасни и 10-ина дечиња.За возрасните имавме што би се рекло свадбарско мени ордевер пред секого,салати мешана и шопска по маси и вечера Свинска вешалица и пилешки полнет увијач со гарнир за секого,и неограничено пиење.За децата го платив само тоа што испија бидејки за нивната маса се имав од дома,грицки,смоки,чипсови,сендвичиња,мини пици,проја во калапи,мафини.Масата нивна беше декорирана од капчиња,свирчиња,украсни чаши,сламки,наочари,балони,салфетки.Тортата ни беше зимска со елки,пингвинчиња,мики маус...Сите задоволни синко пресреќен од возбуда не можесе да заспие,па крај 23:00 го однесов дома го заспав и остана со свекрвами.Се вратив гостите поседоа усте малку се раззаминаа останавме само друштвото па се забавувавме уште некое време.
@Kitten знам дека тебе те бива за вакви работи,може ли да ставиш слика од вашиот роденден од тие што си ги правела сама банери,декорации и сл.,ако не ти е проблем секако ,или пушти ми во порака,сакам да правам нешто па да ми дадеш идеја
Za prvata kerka vo ist den rodenden i krstevka, posle krstevanje pravac vo igroteka zaradi sto pomegu rodnini i prijateli imame dosta decinja pa bolje mi se vide igroteka. Za vtorovo sakam krstevka porano da napravam a za prv rodenden ke slavat i dvete vo igroteka bidejki se razlika 5 dena i 5 godini..glupo e dva da gi praam posebno
Еве повели, горе се нашите слики а линковиве долу се идеите од Пинтерест што ги крадев. Углавном на Пинтерест можеш да најдеш се https://www.pinterest.com/pin/392305817516190112/ https://www.pinterest.com/pin/392305817516546680/ https://www.pinterest.com/pin/392305817517182192/ https://www.pinterest.com/pin/392305817517102503/ https://www.pinterest.com/pin/392305817516379140/ https://www.pinterest.com/pin/392305817516295672/ https://www.pinterest.com/pin/392305817516295680/ https://www.pinterest.com/pin/392305817517233921/ https://www.pinterest.com/pin/392305817517233776/ https://www.pinterest.com/pin/392305817516192098/ (Гасеницата не ми излезе баш најидеална, сакав и половинки маслинки на очите да ставам ама не стигнав во цела таа гужва!) Ако ти треба било што друго (имам уште идеи по папките на Пинтерест и рецепти) слободно прашувај.
Мами, консултација. Покрај баби и дедовци, кој друг од фамилија од постарите викавте за роденден? Се мислам како да се организираме, се ближи роденденот, а немаме никаква идеја. Дали ресторан или игротека... Дали да каниме само најблиски, или и чичковци и тетки...
Moj predlig ti e dokolku vo familija imate luge so povekje decinja dali rodnini ili prijateli niv vikni gi.sepak za dete si slavis, kerkami ke polni 6 god pa veruvas do den denes strini tetki ne sum kanela tuku sto povekje decinja, vsusnost rodendenot e za niv pogotovo vo igroteka koga slavis.duri i na moite im e nezgodno da doagaat E sea poso ti e prv rodenden neznam kako go imss zamisleno, jas i prviot go slavev vo igroteka so sto povekje deca
Ние во дворот славевме, топло беше, ама се покајав што викнав повозрасни луѓе. Си седнаа, си се нагостија и си отидоа. Помош од никој, сама следев што фали по масите, трчав и по моето и по туѓите деца, плус на крајот од денот цел неред на мене остана. Само мм ми помогна на крај. Следниот роденден друга приказна (па дека и со мало бебе ќе бидам)... Е сега, тоа не значи дека и кај тебе би била истата ситуација. Ова е моето искуство.
На син ми му е сега во јануари роденден, а воедно и крштевка ќе правиме. Бидејќи се на се имаме само 5 деца, ќе правиме во ресторан. Ги викаме и првите тетки, чичковци, вујковци, односно до наши први братучеди. Сепак тие се тие со децата, а и тие редовно не викаат на родендени и крштевки. + уште некои поблиски наши пријатели. Бидејќи и моите, и родителите на сопругот се големи фамилии ни се собраа 60 луѓе и 5 деца. Крати, крати, тоа се тие луѓе. Има шанси да бидат и помалку бидејќи дел од гостите работат на работни места каде што има и дежурства. (роденденот е во недела). Немаше логика за само 5 деца (од кои едното е помало од син ми) да изнајмуваме игротека. Здравје догодина ако појде до тогаш во градинка, тогаш ќе биде во игротека. И он ќе разбира, ќе може и другарчиња од градинка да викнеме. Сега нема да има смисла.
Ние прославивме пред скоро месец. Решивме кафана затоа што немаше многу деца. А кафаната имаше игротека, па дечињата можеа да се занимаваат. Одлично поминавме. Гостите задоволни, ние задоволни. Беба заспа, па се мислев дали да ја будам за тортата... Ама па со радост ја нарачавме тортата, и решив да ја разбудам. Сакам и слики да има за спомен, па макар и плачела на нив. Торта со фигурчиња од бејби тв, а долу чоколадна. Превкусна беше. Сѐ на сѐ, убаво искуство.
Majki,edno prasanje vo vrska so prviot rodenden,mi rekoa prviot ne se mestel,se pravel tocno na datumot,dali e tocno,nasiot se paga vo raboten den i sakam da go pomestam za vikend,ama sega neznam??