Каде ти ги дуваат со хелиум? И колку ти зимаат ако не е тајна? Јас баш пред извесно време бев во балон твистер и ми побараа убава сима за еден балон да ми,надуваат обичен со хелиум мој. Ако беше со нивен се доплаќаше плус 10 ден
Во Магија во Џамбо ги дуваа за 70 денари балон со тоа што нели ако ти пукне не одговараат они ќе си го платиш ти секако али и еден да пукне се исплати.
Да ми предложите вила за прослава на прв роденден во близина на Скопје? Така некако го имам замислено роденденот во вила со базен, сакам да викнам кетеринг, музика, декорации, балони? Другата опција ми е некој некој кафич, ресторан со место за дечиња, зеленило, дворче…? Исто ми треба и предлог за аниматори или цртање на лице? Фала мамс.
Ксантика го гледавме како опција, стаклената градина поточно. Дали има некој искуство и како поминал?
Знам далеку е Јануари, ама уште сега си собирам идеи за славење на синко До сега со мм сме биле само на 1 детски роденден верувале или не, немам поима што како треба да изгледа Кај славите/сте славеле вие кои имате зимски бебиња? Што треба да има од храна за возрасните според вас? Како се со цени? Правевме преголема свадба, големи мекици, за роденден големо нешто не планирам, максимум 50 души. Игротека не доаѓа во предвид, малку деца би имале и нема поента. Дали имате некој предлог?
Ако одиш во ресторан со 1 година дете тешко дека би си отишла за 2 часа зошто тоа е невозможно. Подобра опција ти е игроотека 2 часа таму ќе си однесеш похованици и количински не треба премногу да правиш и сите по дома после 2 саати. Во ресторан и кафана нема лимит. И 5 деца да се подобро е игроотека барем интересно ќе им е.
Вила Веранда, Dayoff, само што вила Веранда немаш базен или Mokka(ова е визбегово) ама ептен е убаво направено.
Ama.pak za prv Rodenden igroteka? Nekako mi e premalo za igroteka,toa neznae kaj se naoga. I nie kako @goldenjanuary vo Januari ke slavime pa I jas razgleduvam idei. Prvo da se prebrojam so deca kolku sme. Inace Sega vo sabotata bev na prv Rodenden vo restoran, I bas bese ubavo za decinjata imase posebna masa so drugo meni I boenki (mini,od tie malcekite) pred sekoe stolce. Prvo tema sakam da odberam pa da se spremam. I jas sum otvorena za zimski idei pa davajte.
За мене секако е подобро од ресторан со премногу народ и мешано нема цел простор да го резервирате, плус димници е каде и да отидеш сепак е детски роденден не е за да им се удоволи на гостите туку на вас. Во ресторан ќе седиш најмалце 4 саати сигурно, во игроотека можеш да го пуштиш да лази, во ресторан каде.... Кај нас многу се размислува еј за другите што ќе кажат па имам само 3 деца што ќе дојдат па игроотека не е соодветна итн. Да игроотеките се за деца и доколку е детски роденден треба таму да се слави им се свиѓало тоа или не. Пример сега некој да слави детски роденден во кафана јас со мое дете не би отишла од проста причина што нема што да прави и знам колку досадно ќе му биде, а и јас ќе бидам на нога константно за разлика од игроотека каде го пуштам си игра 2 саати и секој по дома. Во игроотека ќе славиш неколку години роденден, а за ресторан, кафана цел живот. Највеќе ми сметаат мене цигарите зошто сегде ги дозволија веќе и демек споено со летна тераса внатре катран се дише. За идеи и тема искрено тоа е твој избор но дете од 1 година не разбира ништо еве го мојот 3години е па се натегаме со што ќе биде тортата со што сака, првиот и вториот роденден се ваш избор на тема доколку сакате вие за вас да ви убаво али претежно гледаат да е нешто со мечиња, посветли балони итн.
Мајки и ние се спремаме за прв роденден. Тука многу кошта украсувањето па решив сама да си средам се. Е сега сакам да правам форми од стиропор, да не е преамбициозно ова? Има некој правено, комплицирано е? Да не купувам стиропор за џабе се мислам, не е баш ефтин. Некој совет ако имате искуство на што да внимавам
Можете најблиските во ресторан да се соберете или дома ако немаш многу луѓе. А што да има во ресторани, можам да ти кажам од родендени што сум одела, имало и класична порција (ордевер и главна месо, салата), имало и нешто во овали ставено на маса, сам да се послужиш, реално колку ти е буџетот. Јадењето ми е најнебитна работа. Прв роденден не би во игротека, особено со малку деца.
Зависи од фигурите што планираш. Јас ги правев за големиот за првиот роденден буквите од неговото име и одлично излезе. Имавме купено табли стиропор подебел (мислам 5цм беше), одозгора го облепив со хартија во боја со дуплофан. Ако најдам слика по телефонив ќе ти пуштам. Ние имавме договор секој да си нарача што сака, ова за крштевка, ама секако бевме најблиските 20 луѓе и ние така одлучивме. За слична цена, мислам и поефтино отколку свадбарски порции излезе, а секој си бираше што сакаше да јаде.
Исто и ние со јануарските. Прв план ми беше еден ден баби, дедовци, скара, мезе, торта и толку. Декорации сама да си направам. Следен ден 3 другарки со децата на кафе и торта и толку. Во меѓувреме еден куп покани добиваме за по игротеки од луѓе кои никогаш не не поканиле, така да веројатно ќе мораме и ние игротека да испланираме.
Инаку да се дополнам за тема ќе е некоја зимска, после Божиќ е така да Дедо Мраз и слични отпаѓаат, ама пингвини, снегулки и останати зимски чуда може.
Специфичен е стиропорот за боење. Вака со хартија излезе супер и со квалитетен дуплофан долго држеше. Ги чував демек за спомен две години, не беше мрднато.